Среда, 06 Јануари 2021   
БЕБЕТО ИСУС, ВЕЧНОСТА, МОЛИТВИТЕ... КОВИД

1isus

 

Ако не се родел Исус Христос немало да се слави Божиќ. Ако немало раѓање на Бог во човечко тело на Земјата, преку одбраната доблесна девица Марија, и ако немало воскреснување на Бог Исус Христос назад во својата во вечност, немало да се утврди христијанската религија на планетата. И ако Бог Исус Христос не го оставел светиот дух меѓу својата бесконечна природа и човековата конечност - за духовна комуникација и усовршување на верата, човековата душа ќе останела без свеста за можноста да преминува во трајно постоење ,во вселенските тајни.

Христијанската вера од раѓањето на Христос до денес хронолошки брои 2021 година во духовната литература на Новиот Завет. Но, нејзините прапочетоци доаѓаат преку монотеистичкото јудејско верување запишано во Стариот Завет и визионерските претскажувања на светите пророци за иднината на човековиот род и неговиот Спасител Исус Христос.  

Христијанството е најнапаѓан светоглед во поновата духовна историја на човекот, особено во последните 100 години на марксистички тоталитарни идеологии. Сепал, Хриситјанството брои 2,3 милијарди верници, 31,2% од 7,4 милијарди светска популација во 2015 година. Јудаизмот брои 0,2% верници, муслиманството 24,1%, хиндуизмот 15,1, будизмот 6.9%, а на атеисти, антитеисти, новодобски фолклорно-анимистички и други помали религии заедно, отпаѓаат околу 32,2%, спрема демографската статистика на Pew Research Center.

Молитвата и науката

Ако е искрена и фокусирана со посветеност и самодисциплина на духот, молитвата кон Бог е духовна потреба без преседан. Ниедна психијатриска теорија не успева да се докаже пред свесното човештво дека има соодветни решенија за потребите на психата. Решенијата веќе постојат од создавање на светот и човекот на земјата, и тие се постојано достапни, како отворена и бесплатна  линија меѓу човековата душа и нејзиниот творец, Бог Исус Христос. Во молитвата, таа душа бара да знае дека не е сама во бескрајот, зашто има вродена потреба да комуницира со својот небесен родител, да се осознава себе си и светот преку докази, психички и физички, дека Бог е бескрајна тајна, но и лична, активна, делотворна премудрост од која се облагородува човековата душа и ум.  

Молитвата е разговорот со Бог преку светиот дух. Молитвата е величествен и најдлабок, а најскромен дијалог меѓу човековата душа и сезнајниот и семоќен Бог. Молитвата е моќен двосмерен спроводник на човековите обраќањето кон небото и Божјите одговори од универзумот.

Ако секуларните науки се обидуваат да регистрираат звуци и знаци на можни интергалактички комуникации, ако шпекулираат со постоење на паралелни светови, и ако проектираат патувања вон познатиот космос, тоа сепак се најминорни, иако од бог дозволени, способности на човекот.

Духовните, теолошки засновани науки бележат восхитувачки успеси докажувајќи ја со мерливи податоци моќта на верата, вербата и молитвата и нејзините биолошки координати во мозокот. Одговорите на Бог носат лековита суштина: несебична љубов, несфатлив мир, применлива мудрост, непогрешна праведност, дел од плодовите на духот, доблестите, она што е прифатливо како благотворно, како добро за човековиот ментален и физички склоп.

Неискрената молитва е себично барање да се исполнат приземни, физички, неважни или нереални желби („дај ми, дај ми...“, „сите желби да ти се остварат“ и други човекоцентрични самозадоволувања...). Кога се молиме за помош од Творецот на нашиот живот, седржателот на универзумот, и кога таа молба е со вера, љубов, надеж, со благодарност и со признавање на проблемите и потребите. Тој процес ја исполнува духовната сфера на човековото битие со делотворни содржини кои супериорно ги надминуваат сите филозофии кои бараат одговори надвор од божјите законитости.

Молитвата е таинствен процес во кој се удостојуваме себе си да воспоставиме прием на линијата која има духовен генератор во телото кое се поврзува себе си со Бог создавачот и седржател на небесните тела во космосот. Молитвата е таинствен, и за атеистите незамислив процес на беспрекорна и директна духовна навигација кон Бог, меѓу 200 милијарди галаксии (или 125 милијарди галаксии спрема Hubble Deep Field набљудувањата). Молитвата е дестинација кон Бог, со почеток во човековото тело кое собира енергија од најмалку 1 трилион човечки клетки. Молитвата е духовен тренинг за усовршување на земниот живот и подготовка да се премине во другиот свет на Бог. Тој свет му е ветен на човекот со Христовото воскреснување, 33 години откако Бебето Исус ја изврши својата мисија меѓу луѓето.

 

Кога молитвата е искрена и сесрдна, нејзината чиста сила ја закрепнува и исцелува состојбата на душата преку величествена тајна на психо-физичка рамнотежа во умот и телото -  блаженството и мир. Душевниот, ментален и физички свет на човекот е во непрекината опсада од надворешно наметнат, или лично предизвикан, хаос, болести, страв, војни, катастрофи, умирање.

Науката интензивно го проучува соодносот на внатрешниот и надворешен свет на човекот, и ефектите на верата и молитвата во рамнотежата меѓу тие светови. Научно мерливите показатели за моќта на молитвата се позитивни, благотворни, благодетни влијанија врз душевното здравје. Молитвената состојба го внесува мозокот на возрасниот човек во фаза на функционирање на само 3 фрекценции, и тaa состојба научно е потврдена од повеќе врвни руски научни испитувања. На таа фреквенција функционира и безгрешното, невино двомесечно бебе кое е сеуште нерасипано од грешките на возрасниот, а здрав човек кој резонира со фреквенција од 65-75М Hz. Чистината и величественоста на блажената состојба во процесот на молитвата, е дел од семоќната природа на Бог. Зборовите во стиговите на песната за новороденчето Исус и Богородица ги допираат срцата на верници од сите религии.  https://www.youtube.com/watch?v=-Uki0dkthzI

Кога смирено и искрено се моли, човековото битие отвара хармонизирана димензија која го заштитува од душевно распаѓање, од деструктивни фреквенции при состојби на болест и пореметувања од различна природа, патолошки зависности кои ја разоруваат психата, или стрес при нереални барања во молитвата: Дај ми слава, дај ми волја за моќ, дај ми  

Надмоќ над жртвите на инстаграм, на фејсбук, во партиската поделеност во политиката на светот, по светските форуми на богатства, по  идеолошките обуки за заведување на човекот. Но, после само неколку децении деструктивен натпревар на земјата, што ќе им значи целото богатство на оттуѓените и одродените на светот, ако поради своите заболени суети тие го изгубат вечното пренесување, премин, постоење во универзумот?! И нивните научни, и комерцијални патувањата кон други планети ќе бидат губења во бесцелни пространства. 

 

Пандемијата како пандемонија

Во свет и време на ковид пандемија, желбите и молбите за Благословен Божиќ имаат значење кое е многукратно умножено. Светите сведоштва за тајната на вселената вселена во човекот, имаат суштинско значење бидејќи носат божествена благост во душата, небесен спокој, духовна хармонијата, рамнотежа, мир, можност за величествен продор на молитвата низ бескрајот, до љубовта на Бог. Молитвите во оваа смртоносна здравствена војна значат осветлување на физичките клетки на човекот со животна енергија, нивно оздравување во процесот на постојана регенерација. Молитвите за време на Божиќ, како и секогаш, значат зајакнување на свеста за значењето на животот. Во вирус војната, свеста за Бог е најсигурниот извор на ментална и духовна снага во борба со хаосот и стравот, болеста и смртта. Таа духовна свест го крева невино нападнатиот човек – од новиот вид концентрационен логор во ново функионирање, приспособено за присилно наметнатата реалност.

Останува на духовната и ментална димензија на човекот да се поврзува суштински и интензивно со универзалните законитости на живеење спрема Бог во нас и Бог во светот, Бог кој е во контрола над сите само-назначени нови богови во кои човештвото гледа нови колонизатори на животот, владетели со финасиска и пропаганда моќ, со вештачки интелигенции и вештачка филантропија.

Сите човекови борби се безначајни во споредба со највисоката категорија на борбата во животот: да се биде човел, исправен и непогрешен човек, налик на најреално идеалниот Бог, во христијанската религија Бог Исус Христос. Вселенските универзални закони на Бог го одржале во стабилност постоењето на човештвото што го создал. Таа вистина човекот ја бара во себе и во молитвите кон Бог, ако е верник кој се моли за Божјата љубов, за помош во физичка немоќ, против морално распаѓање, и за бесконечна живот во вечноста. Помогнете си за и Бог да ви помогне, е еден од постулатите на односот кон себе и светот, кон својот ближен, а спрема политички коректниот лексикон - кон ближниот, оној другиот. Молитвите на другите, упатени и споени со нашите, и нашите молитви за нивно добро - ја умножуваат моќта на душата, силата на здравата фреквенција, ја зголемуваат близината со Бог, а со тоа и творечката близина со луѓето. Таа моќ создава конструктивни и креативни дела, творечки дарови за размена и развој меѓу луѓето, за оздравување на телото и духот и од ковид пандемијата како апсурдна, неправедна војна, како цинизам и иронија на пост-хуманиот свет. Тој ист „свет“ кој се стреми да го насели Марс, а дозволува животот на земјата да биде окупиран од ваков вид биолошко оружје за нова реалност.

СРЕЌЕН БОЖИЌ!

Иако сме во ковид година 2021. 

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.