Среда, 13 Јануари 2021   
Свекрва: Браќа Македонци не се предавајте!

1ab

Свекрва: Дволичникот го остава својот другар во невоља и е готов на предавство заради лични интереси 

Долго најавуваниот анекс на Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година, Софија ни го испорача. Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов најави дека Македонија ќе мора да прифати Анекс од 12 точки ако сака да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Во целосен молк на владата на Заев, засега се знае за неколку точки од анексот, додека за останатите се молчи. Познато е дека Софија бара од Македонија да се откаже од своето малцинство во Бугарија, да не се употребува целото име „Република Македонија“ и да докаже дека нема територијални претензии кон Бугарија.     

Додека нашата влада упорно молчи за содржината на анексот, медиумите пренесуваат дека професорот на меѓународно право на Правниот факултет во Скопје Тони Дескоски открива дека истиот ќе се именува како „Протокол“ и дека тој не само што треба да биде објавен туку треба да биде и ратификуван во Собранието согласно член 118 од Уставот.

Овие барања на Софија изгледа не му се допаѓаат на Атина.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, смета дека бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО го дестабилизираат Балканот со нивниот однос по прашањето со Македонија. За ваквиот однос, кој е несоодветен на европската политика, тие веќе ја предупредиле ЕУ, посочувајќи дека „како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тој во својата изјава додал дека „Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Македонија се родила нова нација, која има свој сопствен јазик“.

Меѓутоа, како Атина и Софија, така и Брисел, никако да сфатат дека во Македонија, не се родила нова нација, која има сопствен јазик (Бугарите сметаат дека постоиме од 1944 г.), туку дека Македонците и нивниот јазик со векови суштествувал на територијата на Македонија.

Од друга страна власта во земјата предводена од социјалдемократите, според постапките,  по промена на името, никако да престане со распродажбата на националните интереси. Прифаќањето само на дел од барањата од Софија би значело газење на идеалите на нашите претци, бројните радољуби кои ги оставиле своите коски на олтарот на Македонија.     

Социјалдемократите предводени од Зоран Заев, не покажаа никакв пиетет кон оние кои загинаа за слободата на оваа држава, за луѓето кои им создадоа услови за да бидат на денешните финкции. Овие денешни македонски политичари кои се на власт, не се ни налик на нивните претходници. Тие покажаа потчинетост, робско однесување и заради својот комодитет и личните интереси, се распродаваат, наводно во име на народот.

А што значи да се работи за народот, да се биде патриот, или пак дволичник можеме да видиме од „Повикот до Македонците“, објавен во спомените на Герги Фукимов „Една идеја, еден живот“ (1999 година, Гоце Делчев, поранешен Неврокоп) во кој стои:

„Секој човек се раѓа, за да живее слободно во својата татковина. Тој треба да биде подготвен по цена на својот живот да ја брани. Нема послатка смрт, од смртта за татковината, но да се заштити робот (македонскиот народ во овој случај – н.з.) е потребно големо родољубие, смелост и самоодрекување.

Робското однесување го понижува човековото достоинство и гордоста, а создава карактер на дволичник, демагог и лажливец. Тоа се луѓе со променлив карактер. Дволичникот го остава својот другар во невоља и е готов на предавство заради лични интереси.

Вистинскиот патриот е готов на саможртва и е цврст во своите идејни позиции - квалитет, кој го крева морално. Тоа е човек на кој можеш да му веруваш.

Браќа Македонци, не ја заборавајте нашата поделена татковина – МАКЕДОНИЈА! Спомнувајте ја секој ден како молитва. Запомнете го заветот на нашите дедовци кои ги положиле коските пред олтарот на Македонија! Татковината ни е букет од етноси. Да бидеме толерантни и да живееме како браќа! Само со заеднички напори ќе ја постигнеме целта: отстранување на границите на поделена Македонија и така обединети да одиме во Европа.

Да бидеме достотојни на делата и споменот на загинатите борци: Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански и илјадници знајни и незнајни херои.“

Сега, на почетокот на Новата 2021 година, кога македонското раководство на власт повторно се обидува да разговара со Софија, ќе наведеме еден цитат од Дукимов како предупредување. Имено, Македонците многу одамна разбраа со кого имаат работа и затоа Дукимов опоменува:

„Вековните страдања на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград, туку и во Европа. За нас, бугарскиот шовинизам, кој се стреми да ја заграби Македонија духовно и физички е напријател број еден!

Браќа Македонци не се предавајте! Не се плашете од тешкотиите. Вистината е на наша страна. Светот ќе разбере. Ја имаме Република Македонија. Таа е гарант на мирот на Балканот! Да живее и да напредува!“   

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.