|
|
Рубично Видое Јованоски: Да му се каже вистината на тутунарите |
Ова е период од годината кога тутуноберачите кои во текот на летото се по нивите за собирање на тутунот сега истиот го подготвуваат за продажба во откупните тутунски компании. Но, за жал уште од пдвиот ден се започна со протести од страна на тутунопроизводителите за откупната ниска цена на жолтото злато која е далеку пониска од минатогодишната реколта. За жал, многу бавно се откупува тутунот поради револтот за цената а откупувачите се закануваат дека нема да отстапат од предвидениот датум за откуп на тутунот. Во оваа прилика бомбашот Зоран Заев треба да излезе јавно пред тутнопроизводителите и да ја кажи вистината за откупната цена на годинашнава реколта на жолтото злато. Имено, во измените на Законот за тутун дозволено е увоз на истиот кој се откупува од соседните земји по багателни цени. Потоа, според статистичките податоци поради пандемијата од Ковид-19 производството на тутун е далеку помалку од минатогодишното производство на жолтото злато. Значи во едни такви околности се јавува голема понуда и мала побарувачка, и следствено на тоа цената на тутунот е многу ниска. Некои, тутунопроизводители за жал, имаат земено под наем, ниви за производство на тутун, механизација за истиот и ангажираат аргати во собирањето на тутунот. Па така, производителите не можат да се надеваат на заработка од собирањето и следствено на тоа предавање на тутунот, него, истите можат да се надеваат од субвенциите кои ги дава државата за еден килограм откупен тутун. Бомбашот Зоран Заев сигурно не го интересира цената на тутунот, него со закон сдака да го легализира производството на марихуана. Тоа за него е на прво место од причини што моментално з алегализација и производство на марихуана на големо работи кланот на семејството Заеви. Дипл.ЕКК Рубично Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |