Среда, 20 Јануари 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 102 : СТРУШКИОТ МЕНГЕЛЕ
1martin1 СТРУШКИОТ МЕНГЕЛЕ 
 
1.Членството на Македонија во Европската унија постанува вистинска фатаморгана. Што повеке напопри се прават и големи жртви се вложуваат во земјата за да се дојде до целта - до полноправното членство, таа желба се појасно станува се подалечна и недофатлива. Впрочем, така е и со фатаморганите!
 
   Актуелниве властодршци во земјава и нивните медиумски мегафони што се намножија како печурки после дожд упорно настојуваат да создадат претстава дека сепак таа цел (членството на Мк во ЕУ) не е недостижна, но откако ќе се отстранеле препреките и блокадите што ни ги наметнаа, во прв план /не/пријателска Бугарија, околу идентитетските прашања, јазикот и историјата, но и Франција со новата методологија за преговори.
 
   Надежите и на најголемите оптимисти за евро-перспективите на Македонија чинам дека како меур од сапуница ги разнесе угледниот германски дневник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), кој најчесто ги одразува ставовите на Сојузната влада во Берлин, а кој проширувањето на ЕУ го гледа како "невозможна мисија", односно како мисија евентуално остварлива (!) во некоја многу далечна перспектива. За утеха на шесте земји од западниот Балкан кои мечтаат за членство во ЕУ, ФАЦ им сугерира членство во Европската економска заедница (ЕЕЗ). Тоа практично значи присуство на големиот европски пазар, но не и право на политички глас во Унијата! Како објаснување за ваквата идеја се нуди сознанието дека дури и со 27 членки, Европската унија има проблеми во донесувањето на одлуки, а во унија од 33 членки (27 членки плус шест земји од западниот Балкан) тоа ќе биде уште потешко!
   
Сепак, се чини дека на Европската унија не и е сеедно за приликите кај соседите на нејзините земји членки од Балканот и како решение се погласно им нуди да бидат членки на Европската Економска Зона, т.е. да имаат економско и пазарно учество без право да учествуваат во донесување на плитички одлуки во Европската унија..
  
Некои балкански држави коментираат дека понудата за влез во ЕЕЗ е "членство од втора класа" и затоа таа понуда ја одбиваат. Но сепак, на државите членки на Европската економска зона им се овозможуваат бројни предности, а за луѓето од Балканот тоа им носи големи погодности!
  
Македонското државно раководство како да не ја свати важноста на понудата што е на маса за членство во ЕЕЗ!? Претседателот Стево Пендаровски, надмено (во негов арогантен стил) ја одби идејата категорички:"Или членство во ЕУ, или ништо!!!" Со други зборови, членството во ЕЕЗ не е исто што и члество во ЕУ! А бре Стево, па тоа сите го знаеме! Па зарем не ти е јасно дека за членство на Македонија во ЕУ ќе треба најмалку една деценија до две? Ја знаеш ли онаа, народната: "Поарно врапче во тава, одколку гулаб на гранка"? Впрочем, ставот на Стевота најдобро го оцени весникот Вечер којшто го оквалификува како "фатална грешка за Македонија"! Некои германски медиуми дури беа многу пооштри и забележаа: "Македонската власт, заедно со Пендарвиски, нема свој став! Особено не темелен на факти и анализи, туку чека сигнали од странство за да донесува одлуки". 
  
Претседателот Пендаровски не даде никакво објаснување за ова фундаментално, историски важно прашање за Македонија! Тој не кажа ниту кој ни понудил членство во Европската економска зона, ниту под кои услови, ниту пак  кој во Македонија решавал таа понуда да се одбие? А  се работи за понуда што може да има исклучитено позитивно влијание врз Македонија и не смее да се прифати или отфрли со одлука на еден човек, без никаква јавна расправа за темата што допира судбини на секој граѓанин во Република Македонија особено во областа на економијата, вработувањето, социјалата.
   
Нема сомнеж дека членството во ЕЕЗ ќе преставува влез во важна европска групација и истовремено со самото тоа се намалува и значењето на бугарската блокада за Македонија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Но по објавувањето на ставот на Пендаровски, бугарската блокада сега веќе добива клучно значање да се биде или не за Македонија во ЕУ, а Македонија ја принудува на преговори со Софија по секоја цена! Останува дилемата: дали ова одбивање на ЕЕЗ е намерно смислено за Бугарија да биде клучен фактор за европска иднина на Македонија времето ќе покаже!?
   
Во меѓувреме, додека се тормозиме со егото на Стево Пендаровски, но и со последиците од неговата одлука, Германија како да ја реафирмира подршката за преговори на ЕУ со Македонија! Амбасадорката на Германија во Македонија Анке Холштајн деновиве изјави дека отворањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ треба да се случи и оти се надева дека ќе се случи оваа година.-Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од ваша страна, изјави Холштајн по предавањето донација од возила и опрема за македонската гранична полиција.
 
2. Бугарија не престанува да изиграва патрон на Македонија и да не омаловажува и понижува во секоја прилика од позиција на членка на ЕУ. Најнов пример е фамозната донација на вакцини против вирусот Корона 19. Имено, по ветувањето дека ќе и отстапат вакцини на Македонија, "доколку им останат" од контингентот што им го вети ЕУ, преку изјавата на Албанскиот премиер Еди Рама дознавме дека всушност бугарите ни ветиле само 100 дози вакцини, но и тие до сега не се испорачани! Званична Софија била "подарежлива" кон Албанија, на која и одстапила илјада дози вакцини (најверојатно во знак на благодарност што ја уцени таа земја да вметне во нивниот закон за малцинствата дека во Албанија наводно има и бугарско малцинство!?).  
    
Понижувачкиот однос од бугарите кон нас воопшто не ме изненадува, но ме иритира одсуството на достоинство од македонскиот министер за здравство Венко Филипче кој само еден ден по објавувањето на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ минатиот декември, отиде во Софија да коленичи и да моли за вакцини! Филипче најпонижувачки беше откачен од неговиот бугарски колега со зборовите дека ќе го разгледале барњето и - ако им останала некоја вакцина повеќе, ќе ни даделе и нам!? Мизерно, зарем не!?
   
Министре Филипче, за џабе ти е ПиАр агенцијата што ја плаќаш со народни опари да те глорифицира и величи!. Треба да се има достоинство и образ човече и да се чува образот особено кога си во странство, па и во услови на пандемија!
   
Грција и Бугарија како НАТО-сојузнички на Република Македонијаа се обврзаа да ни помогнат со дел од донацијата од ЕУ на вакцини против вирусот Ковит 19, но тоа се празни ветувања. Првите Фајзер вакцини во нашата земја сепак веќе се на пат од соседна Србија - дел донација, а дел си ги купивме со наши пари и тоа по пазарни цени по кои  самата Србија ги набавила!
 
3.  Македонија постана опасно место за живеење! Случајот со родилката Ј. Веапоска од Дебар е потврда за тоа и воедно илустрација за состојбите во македонското јавно здравство што го карактеризираат: корупција, нестручност, немање државна контрола врз лекарите и здравствените процеси со тешки последици за пациентите. Од друга страна, органите за контрола на здравствените процеси и кадар во Македонија, за жал, не преземаат речиси ништо за следење на појавите и евентуални санкции за прекршителите!
  
Најречита илустрација за погоре изнесеното е случајот со Ј. Веапоска од Дебар. Конкретно, жената била бремена со второ дете, а бременоста ја следел докторот, гинеколог Мухамед Асани во негова приватна ординација во Струга, сместена во неговата приватна куќа каде прегледува и наплаќа. Патем, д-р Мухамед Асани е и директор и гинеколог во струшката државна болница. Ј Веапоска требало да се породи на 27 август 2020, но наместо породувањето да го изврши др Мухамед Асани, тоа го извршил неговиот син Блертон Асани, исто така лекар-гинеколог. Жената по породувањето имала страшни болки и крварење, но таткото и синот Асани инсистирале три дена по породувањето таа да си оди дома!? Маките на родилката Ј. Веапоска траеле со денови и обилни крварења, за да се констатира дека нејзе и била извадена матката, еден јајник и еден бубрег!? Кога разбрале дека родилката останала без три витални органи, фамилијата Веапоски со адвокат упатиле претставка до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да се испита случајот, но органот се прогласил за ненадлежен (?)! Поднесле ицијатива и до министерот за здравство, но ни од кај него немало одговор ниту е покрената постапка да се испита случајот, како што нема и за десетици други вакви и слични случаи!
   
Некои македонските медиуми со право ги нарекоа таткото и синот гинеколози "Македонски Менгеле" (забелешка: Воениот злосторник Д-р Јозеф Менгеле, познат како "Ангел на смртта", во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц вршел бројни квазинаучни експерименти врз логорашите). Разликата меѓу воениот злосторник Јозеф Менгеле и струшките татко и син "Менгеловци" е што бубрег од здрава особа, на пример, на меѓународниот црн пазар денес достигнува цена од 50.000 евра и повеќе!
   
Случајот со породилката во Струга многу ме асоцира и на злогласната "Жолта куќа" во Албанија каде во деведесетите години од минатиот век терористите од УЧК ваделе органи на, заробеници од Косово, живи Срби, но и Албанци и тоа без опојки, за да ги продаваат на црниот пазар!!!
    
Дали нешто слично се случува и кај нас денес - во 21от век, на што асоцира и струшкиот случај, претпоставувам дека сепак ќе се дознае под притисок на јавноста!? Или ќе се заташка како многу пати заради "мир во куќа" и да не се наруши меѓуетничкиот соживот!?
   
Во меѓувреме, додека го пишувам овој прилог стигна вест во јавноста дека со асистенција на полицијата, инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.