|
|
Александар Џеповски: Пописот е како народната на нероден Петко капа му кројат |
Александар Џеповски
Одма се наметнува прашањето Дали е Ахмети новиот Нострадамус.
Од каде тој или било кој од ДУИ знаат точно колку е минималниот број на Албанците во Македонија или врапчето му кажа ?
Сепак најсериозна е забелечката за Американската амбасадорка која дели поздрави честитки на нашите слушатели за пописот. Од каде и таа знае однапред за тој толку посакуван попис кои Албанците го бојкотираа 20 години, па целата е во транс од среќа ?
Пред вистината и фактите дури и боговите молчат. Гласање преку интернет и на државјанство жими мајка е најавен за Албанците додека за Македоците ќе има проблем од секаков вид и целта е да се изјаснат како северџани никако како прави Македонци.
Но меѓународната заедница и целиот свет не се свесни и не реагираат за еден парадокс кој е тотално феудално фашистички а тоа е 5 години затвор за секој што ќе го бојкотира пописот кој е одма на стартот како прв политичко фашистички попис во светот.
Доколку СДС фрли пик на било кој Македонец, попишувачот намерно нема да отиде кај него и ете ти причина за 5 години затвор. Или невина особа може да отиде надвор, да заглави во клозет или да падне во несвест и попишувачите да заминат и готово - апс.
Се наметнува прашање колку Македонци ќе отидат во затвор а дали еден Албанец и по грешка ќе биде бар опоменат ? Овој попис однапред ги кажува резултатите и можеме со право да му дадеме име - За кого бијат камбаните?
Ова понижување нема крај на Македонците како и федерализацијата како совршенство најавена од Сашо Ордановски.
НО РЕКОВМЕ ИМА ГОСПОД И ЌЕ ЈА СКРОИ КАПАТА НА ПЕТКО, ПЕТКОИЦА ИЛИ НА ЦРПКО.
АМИН !!!
|