Среда, 27 Јануари 2021   
Марија Емилија Кукубајска ЛАГАТА Е МРТВА, ДА ЖИВЕЕ ЛАГАТА!?

1emili11 1emili22

„За моето назначување, се заложи најмногу господин Михаиљ Македонски, затоа што сум роден Македонец и службата ја терам на Македонски. Од бога било пишано моето отчество Македонија да страда од Грците, па тие и денеска не им даваат мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното Кралство“. (запишано од Поп Димитрија, Kривопаланечкo, 1848)

Кога крадците забрануваат да ги наречеш крадци, не е тоа слобода, ни демократија.

Идеолошкиот нео-канибализам не смее да е неутронско оружје, не смее да е оправдано дури ни од лажно обвинетите, а најмалку од лажно оправдуваните, и помилуваните - злосторници против човекот, против човечни идеи и искуства, против народниот разум, против културата и јазикот негов, дури и во катаклизми под насилни чизми на владеење на Л-Агите.

Кој ќе оди против лагата и против нејзиното крадење на вистината ако сите се невистински луѓе и вистински крадци!? Кој одбива да го спречи, да го лечи радикалното укинување на вистината?

Кој кого заболува со ендемска расипаност и си игра неуспешни телепортации со огнени топки? Архетипското, архаично, пост-хумано зло неискоренето и до 21 век, рециклирано - и во збор и во дело, во теорија и пракса, веќе пандемски се шири, а човештвото сеуште не успеа да се смири од неговите уништувања во последниот век, и до тогаш. Тоа е отпорно на моќта на доброто?!

И по највисоки школи и по воловски коли, репресивната анти-логика уценува и користи секој вид регресивен инстинкт на дрогираните за нова правДа. Тргува таа со испрани умови и исушени души - се шири во мутантен вид на глобален колонијализам, нео-центризам, тоталитарна тиранија на новиот и до сега најагресивен клон на масовната империја на Лагата. Зла - Лагата голта сe` што е здраво создадено од од природата на вредностите, од реалната самосвест, од прапочетоци до сега. Така, производството на ново-заболени од монструозности, од хистерии, од биполарни, триполарни, мултиполарни реалности – прогресираат во неизлечива пост-човечна омраза кон нормалното, завидлива на сеуште здравите и живите. Се шират новозаболените за да рушат и внатрешни и надворешни простори на човековото време. Новодобскиот вештачки геном на пост-етичка Лага, индоктринира и несвесни и свесно податливи жртви, и атеистите ги конвертира во верници во илузорен прогрес кон наводно нов и досега врвно најуспешен поредок во историјата на владеење со волјата на природата. Резултат: нова расчовечена волја за моќ, непријател на совеста, распашан, а тој е безгранично расипан и пакосно подол гладијатор, понемилосрден и од добата и  злобата на Нерон, Калигула, Хит-овци, Мито-вци ... 

Демоцид: горни против дол-ните… а во долината е храната, и родната река и плодната нива!

Насилно наметнатиот ред е оправдание само за насилникот, и правда само за неправедникот.

1.

Знаме за здраво небо озрачено, со сонце означено – ние, не се даваме на црни дупки, зли ваги на 

Анти-МатЕриЈата. Црни елегии се распалија и кобат, злобат дека народот и земјата и вистината Ни` тонеле, и биле вештина на заоѓање на македонското сонце. Радикалите растураат свест со Психо-Троника. Ние мироносните, топло-умно срце, удавено во бол, чекориме, однапред гледаме:

Одново реши да греши обновеното зло. Луцифери негови вештини стекнаа штом Бог го порекнаа.

За изгрев и победи пееме ние, а тие - за заод и падови... стара адска змијо, грда кртице, крадец

На идентитети! Луциферо, Кадаверо, светлина пиеш, гробови нови риеш во прастара градина. Ти

Уметник за прогресивни болести, катаДневна катаБомбо, ни` гаѓаш, распаѓаш мајка, Македонија.

2.

Елееегијата твоја, и на твоите - за самраци пее, за закоп на сонцето црнее од прастара завист:

Со небиднина на земјата се заканува, се потсмева, заод на сон-цето ни` коби... самовилски злоби.

Куди и кодоши и сега: не би` земја.  И ти и твоите растура(в)те, се` - со лево агитиран плен(и)ум!

Ние – мостови градиме, од минато до иднина, од нас до вас. Вие – шарени лаги, с-лом, ммм...

До кога од туѓи раце, во туѓи скутови - илузии ќе сте. Ни сон, ни сонце, ни земја, ни народ гледате Веќе!? Ни за „фала“ ни за пофалба знаете. Сал пиштите, сал во тунелот ваш беспатен, народ Тиштите!? А ти Лаго - вистина клукаш, пукаш црвено, зелено шаренило! Народ да ти чисти бесни Прогрес(г)Листи? Не би човек од тебе; за пуста слава претопи кругови стари ново-комуниШтички.

3.

Мразиш, за жива глава народна, забрануваш други книги освен твои. Ни дом наш гледаш. Домот Ако мил ти бил, не крши го кришум! Рушиш, посмртница пееш: мреел домот наш, шиштиш... А Каде си да го браниш? Наш е! За наша изеѓина чемрееш, од скривници с`скаш, отров прскаш, да Дивеат, за зло да живеат децата затруени од политициди, да маваат по минато, по иднина НАША.

Навреме излези на чисто, не кога предоцна е (и веќе сеисто за тебе), дом што ни снемува. Домот

На народот од Бог даден, не е твоја генеричка територија, не е твоја пост-национална теорија, не е  Г(н)асна лабораторија за тргување со нежива и полу-жива стока со пост-модерни дроги „научно“

Убризгувана! Предолго диктираш бес-куќен поРедок, и народ фрлаш во апсурд минато-иден!

4.

Од твојата грешка каде поголема: се назабуваш кон децата на нашата пролет, смрт квачиш, лачиш.

Елегии твои битни биле, итни заМерки: по твое уредување да прождереш се` што ти смета, се` што

Е битно за народот, а тој не е само за сега и за твоите поГрешени прОценки. За тебе цел е - да Разнебитиш бит народен и пак само по твое или ничие да набиеш власт на левите лАги и аПаши. 

Но за народот битно е да гради и пат и град, и агрикултура и култура на историска интелигенција -  Современа: природна, и вештачка, гради да гради за срца полни чистина. А за тебе најбитното е во Дупки утописки, underground тренинзи за радикали - млади да влечеш, Алисо лисицо, од друга Страна на огледалото: живи луѓе, живи народи, живи јазици јадеш безмилосно, биоетички

5.

Анонимус до анонимус твој, анимус, анални нус појави: маскирани шпиуни на ѓаволи, богоубијци. 

Елегијо, адска змијо во роден рај, заод на цивилизацијата прогласуваш прогресивно анти-човечно,

Од празна кула бладаш - ветришта и магли. За тебе луѓето мајмуни се, а светата вечера – завера?!

О, народе мој, историски, светски, наш - на што ѕверките неандерталски, а наводно академски, ќе

Те сведат и разведат од себе! Глоб-секуларисти: с-ечат, дробат, гмечат и човек и бог. Хулиганите Пагани - халуцинираат, регресираат „прогресивно“, морфираат Животински Фарми. Во гиљотињи Франкофонски и Флојдовски мелници - Фројдовски погачи миксираат и одново виновен да отпаѓа Народот што отфрла раздор-погача однапред здробена, отруена од мулти-ропства мега-агресивни  

6.

Предавникот не дава ни прст, ни грст, ни шака, ни рака за народот.  За душмани народни – тој/ти, Предавници регрутираш, и тела и души им одЗемаш на тие што не дишат спрема сКрипти твои. Така е по твојата вештерска, новодобска мантра пештерска?! Ти ни трошка вистина не си дала, Само си крадела - туѓи дела и идентитети. Од туѓи книги препишуваш домашни лудила за младите. 

Специјалист си, во скриен бунт и манипулации - да превртуваш и утроба и ум на заведените

Со неверни МатЕвангелија и МухСури. Отров кон вселената плукаш, а и отровот закон има: врз Тебе се враќа. Но за тебе и законот природен - душман е, за вистини штом ти уКажува. Душманке!

Глави полниш делириум за Гр-Вулгарис-Илириум, тој вирус против народ, јазик и лик Македонски.

7.

Елегија на Ѕверката за прогрес пееш за сите елитни монструми, а за народот наш - регрес жнееш.

Напред викате, а на назад народ закопувате. И Ѕидот Раскол паднат е, но твоите/ваши слепила не! 

И пак: ти и твоите - кичми свивате, живи мртовци - се вртите на команди на новата глобалИзмама,

На бесот што владее од еден центар од каде нормален излез нема. Зачадена лева улица те зема. 

Изгоревте милијарди, исушивте души во 20/21 век, и пред тоа. КЛинчувавте низ културите, деревте, Колевте и старо и младо, заразувавте со пропагандни дроги: „Идеалот е Кулмунизам леЛек

За масите“, тотален П-Акт за трајно дРжење во крвав кРај. Ах ти, Демона Синистра ДеТиранија!

Ние пееме против раскол, против слепи лилјаци во храмовите, а ти, на кол не` ставаш? И ликуваш!

8.

Елегијата ти`, во име на светската влада блада, чумосува: Народ, име, ИД - ништо не било наше

Народот ти ни` го прогони надвор од погони и полигони на напредокот. И од тука и од таму - не Даваме ни народ ни име за вашите пазарни политики и мејнстрим критики. Вашите работилници:   Изложби „Заветена омраза“. Жртва ваша: народот... да го обезличите без крвна врска со себе да е,

На своја земја да не може своја татковина да чува. На подземја се предадовте, вие теоретичарите/ ПрактиЧарите при оКато слепило. Вистини шкртаат, закопуваат кртовите ваши, во пост-компост Отпад, крвави Салати Далиевски, fake вечери, Гала клубови, психо-политички садисти, силувачи, Хедонисти, оргиски реорганизации на светот. Ние - ни име ни народ даваме на ваш, на туѓ пОтпис.

9.

Вам вистина не ви годи. Правда за кривда прогласувате, убавина за грдост. Ниви испустивте, леб Отрувте, вода излудевте, со грОзна муЗика казнивте молекули на здрав мир. И тие што не знаеле Што им правите, почувствуваа, излегуваат заедно со свесните. А вие и сега не гледате последици

Од вашиот прв грев и гнев и рев и потсмев. Рушите се`, од туѓ труд се ситите, па после: жив 

Ѓаволот да е, да ви крева од пепелта само ѕверки што ве хранат/бранат?!  Да ги ништите учените. Исфрливте дефиниции за право на постоење. На жив народ, очи отворени – срце му вадите. Но,

Народот од векови памети: татковината на татковците - е негова, а не сечија/ничија, а ваша само. Народот – не еден милион и еден триумф извојувал до сега; повеќе од една Порта заслужил!

10.

Вие од народот злато собравте, народ поболевте, а чекате народот да се самоубие за вас убијците,

Хистерични демоНкратори, урбани варвари, лажни ослободители - се нафрливте врз родот, зад Грб, ниви, куќи фабрики му грабнавте. ГрОзна измама - од војна предавничка до псевдо-мир. Зло Меѓу народот исфрлен од работа, од земја, од брак, од зрак надеж... Змиски му се исмевате. Тие

Милостивите што ви простија - зад решетки што не ве ставија, та окупиравте кули од слонови

К-Оски и забранивте во нив влез за аргУменти. Меѓусебно си Позлативте книги за саботирање на Чесните Умови. Партизанска униформа заменивте со партали брендирани, а народот - за љубов Кон сопствен неуништен ген, го клеветите за народност да е казнет од Комити за човекови права.

11.

Од вашите грешки ли да учиме, грешници? Од нив ѕверките ваши само анти-човечност уживаат.

Елегии, змиски нозе си криете, а глава виете наместо знаме, идеологии шарате - војна барате!

Народен имот: интелектуален/материјален – за светски мапи прекројувате, префарбувате, без 

Кичма, без образ, гробари сте на својството на своината, минатото и иднината. А кога народот

Не дава душа во вашите безбожни духовни битки, Бруталијо, тогаш народот бил фанатик? Неее! Иако фанатизам деспотизам ви е кодот - од неуронауки до анти-веронауки и до зомби-бомби, а Ваш смртоносен мед-и-ум е ново добско проклетство за правдата, власт гламјосана во вЛагата. Да!

Народот знае за платените еЛегии за промени. Гените на генијалните град градат, ти разградуваш 

12.

Понижуваш, поништуваш свое. Невернички халуцинираш, во пост фе(с)тус бладаш, поп и Бог

Мамиш, и народ свој отфрлаш како отпад популистички, како чесен крст, како сонце што ти смета. Зрното македонско милиони пати умножено ќе беше да не го фрлаше во челуст на челници ламји,

Во жив песок, жива кал. И пак, и по комори за гасење на историјата и цепење на клетките наши,

Mакедонско семе сме, а не разни празни, глуви суви зрна. Ниеден успех не е мал за Таткото на Синот Татковина што му зачувал. А ти, подло Д-Елф-иско пророчиште, и натаму пропагираш и Фолираш: „Одмазда, не фала“, а со смАрт-бомби народ палиш, Бога пцуеш и се фалиш!? Оди и

Не (д)Елегирај едноока тиранија! Ти во скут на ут! Ние, небо, вода бистра, планини исправ(е)ни!     

(од подолгиот ракопис КОРОНА ГО РОНИ НАРОДОТ)

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.