|
|
Омразата ја создава и шири кај народот тој кој му го оспорува правото на македонското име, македонските корени, македонскиот јазик, идентитет и култура |
Свекрва Македонците полека го губат своето име, јазик, идентитет, државата! Нашите дедовци и родители кои се образуваа за време на Крлаството Југославија, како и за време на Вората светска војна, беа тепани ако зборуваа на својот мајчин македонски јазик или ако кажеа дека се Македонци. Бугарите и Грците до ден денешен не признаваат постоење на македонски народ, како во анектираните делови на територијата Македонија, така и во Република Македонија,. За жал, по речиси осум децении од Втората светска војна и три децении од осамостојувањето на земјата, т.н. „македонски власти“ почнаа со забрани за употреба на терминот Македонија. Срамно и жално, но според објавените документи во медиумите, еден македонски министер од социјалдемократите во денешно време забранил употреба на терминот Македонија во називот на невладина организација, Исто така, социјалдемократите не сакаат да се впише во личните исправи етничката припадност, односно да се избегне употребата на македонската етничка припадност, а се подготвени на барање на Софија, заради условено членство во ЕУ, полека да се откажат од македонската историја, македонскиот јазик, македонските корени и да ги прифатат бугарските корени. Нешто што со децении не им успеваше на нашите соседи, да ги асимилираат нашите родители, и покрај употребата на вооружена пропаганда, сега им успева во услови на мир преку инсталираната марионетска власт на Социјаледмократите. Во единствениот слободен дел на Македонија, по поделбата на земјата во 1913 во Букурешт, Македонците полека го губат своето име, јазик, идентитет, државата! Сегашната македонска власт е без кичма, без достоинство, без срам и образ. Таа без проблем им дава на сите што ќе и побараат, како некаква балканска ороспија. Но и таа знае да каже НЕ, за разлика од овие кои во својот речник го немаат тоа кога нешто ќе им побараат соседите или меѓународната заедница. Без збор ги распродаваат сите светли национални симболи, за кои гинеле македонските синови, небаре е ова пазар на кои се распродаваат струмичките пиперки. Со ниту еден договор не е забранета употребата на Македонија. Но, се острануваат табли каде пишува Република Македонија, додека пак на сите страни се поставуваат табли на албански јазик. Некој како да сака со сила да го избрише од секаде зборот Македонија, Македонец, Македонка, Македонски. Чекајте бре луѓе. Каде тргнавте. Го сменивте името Република Македонија за да влезете во НАТО, небаре потоа ќе протече мед и млеко. Сега Р Македонија е членка на НАТО и што доби? Дали се зголемија инвестициите? Дали како членка на НАТО добивме вакцини за да се справиме со пандемијата КОВИД 19. Досегашните резултати се речиси на 0. Зеро инвестиции и зеро вакцини од Западот. Едноставно овие власти го испоганија македонското име. Повеќе тоа не е знак на достоинство, на гордост, туку знак за луѓе безрбетници, влекачи, кои откако го уништија секој сегмент на општетсвото и ја зголемија корупцијата, сега стојат пред портите на меѓународната заедница и се молат да им додели трошка милост. Тоа се луѓе кои за пари се способни се да продадат, па и својата татковина. Кој со такви луѓе сака да работи! Па се чудиме зошто не им даваат сертификати!!! Ако си го продадоа името, тогаш што им значи некаква тајна! Оваа власт многу пати го прекрши уставот и наметна своја воља без да тоа го сака народот. Меѓутоа, колку и да сака да им се улигува на странците, таа нема никакцо право да им го забранува на граѓаните употребата на терминот Македонија, Македонци, „македонско“. Ако од една страна соседите не ви го признаваат македонското потекло, ако во соспствената земја каде сте мнозинство не ви дозволуваат да се искажете како Македонец, ако заради бранењето на името можете да лежите во затвор како терорист, нормално е да се јави револт и омрза кај народот. Едноставно омразата ја создава и шири кај народот тој кој му го оспорува правото на македонското име, македонските корени, македонскиот јазик, идентитет и култура. |