|
|
Македонија е на последно место во обезбедување на вакцини против Ковид-19 |
Земјите од т.н. Западен Балкан во кои се наоѓа и нашата земја заедно со Косово и Албанија и уште Босна и Херцеговина се земји кои се уште немаат обезбедено вакцина против катаклизмичниот Корона вирус Ковид-18. Во оваа прилика само да потсетиме дека интригантот Зоки Заев, алијас Бошко Буха во електронските и печатени медиуми катадневно најавуваше потпишување на договори со референтни лаборатории признати од СЗО, во обезбедувањето на вакцини против Ковид 18. Но, лагата има свои кратки нозе. Па така, во ковид центарот Зајчето најави солидарни вакцини од соседните земји членки на ЕУ (Грција и Бугарија). Иронијата да биде уште поголема првиот човек на здравството Венко Филипче беше лично на седница во Бугарија каде со нивниот премиер Бојко Борисов, двајцата видно расположени нагласија дека од Бугарија ќе биде одстапен солидарен дел од вакцините кои живот значат во борбата против корона вирусот (Ковид-19). Но, солидарните вакцини од Грција и Бугарија не стигнаа, со истите (4680 дози од Фајзер) стигнаа од северниот сосед Република Србија, ова е само дел од 8000-те илјади дози од референтната лабораторија - Фајзер. Иронијата да биде уште поголема само во српскиот пограничен град Врање за еден ден се вакцинирале ни помалку ни повеќе туку вкупно 1000 жители на тамошното домицилно население. Зоки многу радосен за потегот на северниот сосед, тамошниот претседател Александар Вучиќ кој лично ги предаде вакцините, го почести вино во винарската визба Камник за вакцините од една и за христијанскиот празник Св. Трифун од друга страна. Зоки ова е капка во морето во обезбедувањето на вакцините кои бројчано можат да се вакцинираат само лицата од твоето Муртино. П.С. Македонија катадневно ги брои заразените, оздравени и за жал починати лица од Ковид-19, а сите земји од целиот свет обезбедуваат доволен број на вакцини кои живот значат во борбата против Ковид 19. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |