|
|
Христијан Мицкоски: Со оваа ВЛАДА народе и дупката во која западнавме нема ДНО |
Ако во 2016 година претставници на СДСМ велеа ˮНема правда кога јавниот долг вртоглаво расте" денес од оваа говорница ќе им порачам: Нема правда, ВИЕ Македонија ја однесовте во банкрот.
Ги прашувам сега: Aко нивото на јавниот долг од 48.8% од БДП кумулиран за 10 години владеење и две економски кризи го нарекуваа ГРЧКО СЦЕНАРИО, како го нарекуваат јавниот долг од 60,2% на крајот на 2020 година или од 6,5 милијарди евра, којшто и натаму ќе расте за дополнителни 450 милиони евра во 2021 година?
Се пофаливте дека каматата е најниска во регионот. Пак манипулирате. Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки. И двете земји со позајмените пари ги плаќаат вакцините кои навреме ги договорија и дистрибуираа до населението, а вие што плаќате?
Со оваа ВЛАДА народе и дупката во која западнавме нема ДНО.
|