|
|
Рубинчо Видое Јованоски : ТАКТИЧКО БАРАЊЕ НА ДОВЕРБА НА ВЛАДА |
Рубинчо Видое Јованоски На една од последните седници во законодавниот дом како гром од ведро небо зајчето кое сигурно исплашено од најавата на актуелната опозиција на чело со ВМРО ДПМНЕ дека за околу 20 дена во законодавниот дом со промени на партиските бои по 4 годишно губитничко владеење ќе падне актуелната власт, побара да се гласа доверба на владата. Со тесното парламентарно мнозинство (СДСМ, ДУИ и Беса) како тоалетна хартија или нумерички кажано со 62 пратенички гласа се изгласа доверба на владата на чело со момчето од Муртино по име Зоки Заев, алијас Бошко Буха. Иронијата да биде уште поголема веднаш уште наредниот ден во пленарната сала повторно немаше мнозинство. Па така, момчињата обоени во плаво сами во салата одлучуваа по заостанати точки од претходни седници каде може да се расправа и без мнозинство од вкупниот број на пратеници во законодавниот дом. Момчето од Муртино сигурно ја побара довербата на владата од големата акција и меѓународна потерница по Саше Мијалков. Не само на обичниот домицилен народ и на дечињата од најмала возраст како бел ден јасно му беше дека Саше е фатен и спроведен во Идризово по секавичната акција на дипломатските претставништва во нашата земја кои сигурно му дадоа педагошка опомена или со спортски жаргон кажано жолт картон на бомбашот Зоран Заев со наредба веднаш да се пронајде под дрво и камен Саше Мијалков кој само за потсетување во 2018 година кога се гласаше во законодавниот дом договорот од Нивици за промена на името на Република Македонија во буквална смисла на зборот на зајчето му обезбеди мнозинство со купување на тогашните 8 пратеници од опозициониот табор на чело со ВМРО ДПМНЕ. Наредниот ден Саше доби исклучување (црвен картон) од редовите на ВМРО ДПМНЕ. По 36 часовното фингирано барање Саше со помош на провладини медиуми самиот се појави во јавноста со кратки ракави и така лаконски нагласи дека бил во карантин и имал 40 степени телесна температура. Сега збор два за актуелната тема за набавка на вакцини против Ковид 19. Жално е земја член на НАТО пактот да нема добиено ниту една вакцина. Благодарност до земја кандидат за членство во ЕУ, инаку наш северен сосед, Република Србија да ни подари во знак на солидарност и пред и над се пријателска и братска помош на два пати по 4000 вакцини или вкупно 8000 вакцини. Иронијата да биде уште поголема српската премиерка Ана Брнабиќ нагласи дека за 7 милионската Дрбија набавени се 14 милиони вакцини, значи за секој жител на северниот сосед може да се ревакцинира т.е. прими две дози вакцини против Ковид 19. Во петочната изјава за електронските и платени медиуми зајчето најави 3000 вакцини преку ДХЛ системот, ама не кажува кога оти е многу чесен во неговите лаги со датумите за наводните платени 3 милиони вакцини за македонското домицилно население. Претходниот викенд северниот сосед од напливот на нови мутации своето население го стави во карантин од 12 часот во саботата до 6 часот во понеделникот. Од 12 часот поради христијанските обреди (задушница). За разлика од северниот сосед Зоки и неговата дружина без обезбедени вакцини не спроведува рестриктивни мерки за да се заштити населението од наездата на нови мутации на Ковид 19. Во оваа прилика иронијата да биде уште поголема Зоки спроведува попис на населението. За разлика од нас поголем број на држави од нашето блиско балканско соседство најавените пописи ги одлагаат за подобри времиња. Зоки мува не го лази и не сака да се заморува со бројките (100 000) и повеќе за неполни 10 дена собрани потписи иницирани од опозициониот табор. Зоки не биди сигурен дека долго време ќе бидеш чуван и спокојно спиеш во премиерската резиденција на Водно. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |