|
|
Ламбе Арнаудов: Зоране, Зоране! Која мизерија од човек си Ти |
Ламбе Арнаудов Проклетството на предавството си дојде по своето. Бадијала се трудиш, прпелкаш, лажеш, обвинуваш и се обидуваш да се оправдаш и спасиш. Ти нема спасение. Траекторијата од предавството до казната им е на сите позната, освен на предавниците. Тие тоа ќе го разберат последни. И тоа е Божја казна, дел од траекторијата за да не можете се спасите. Вистината е. Во почетокот тешко се откривате. Надарени сте да го сокриете вистинскиот лик и да излажете дел од лековерниот народ, а богами и некои честити луѓе да ги магепсате. Меѓутоа, брутален факт е дека најмногу поддржувачи на твојот немилосрден поход во предавството на сопствениот народ и татковината се луѓе со исти карактер како тебе, секој - кој лош од полош . Тешко се откривате. Вие, предавниците сте како вода, без мирис, боја и вкус. Облик сопствен немате, го добивате од садот во кој ќе бидете турени. Затоа и онаа некаква човечка вредност што ја поседувате им служи само на непријателите. Сега, од кога те турија во сите проклети садови на злото и кога повеќе немаш каде, дрско се обиде, без срам и намус да бидеш дел од СВЕТИОТ ГРАЛ на ВМРО-ДПМНЕ, да се причестиш и како Јуда Искариотски да ја заматиш и затроваш благородната, скапоцена и чиста течност за која и на која ти не си ни достоен ни да се доближиш а не да ја допреш или Не дај Боже да ја почувствуваш. Епилогот е јасен – шут карта од сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, поточно од вистинското ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ти советуваме продолжи да им нудиш соработка, партнерство и коалиција на отпадоците и РЕСТЛОВИТЕ од партијата. Според генетската, духовната и идеолошка градба толку многу си личите што секој човек, макар и првпат или само еднаш да ве види ќе разбере дека сте браќа БЛИЗНАЦИ еднојајчни. Многупати сум ти пишувал. НЕ СЕ зафаќај со ВМРО-ДПМНЕ. Во таа битка си апсолутен аутсајдер. Да беше паметен и да ме послушаше ќе знаеше дека најтешко е да водиш војна која однапред е изгубена. ВМРО-ДПМНЕ, грандиозниот ОБЕЛИСК, чуварот на слободата, љубовта, победите и патриотскиот дух и понатаму гордо се извива кон небото недопрен, неоштетен, напротив уште поцврст, а ти со скршена глава, свиткана кичма и свиснат дух скокаш од камен на камен, уште малу време додека не те однесе надојдената вода од бистрите планински извори од нашата мила и преубава татковина Македонија. Ликувате! Ја распнавте Македонија. Ама заборавате! По распетието има воскресение. Семето македонско е самоник. Затоа е многу жилаво, издржливо, а и многу распространето. Наврати суша на светото семе македонско, само издржа, не изгоре. Го поплави со матни поројни води, не го удави. Со зими страдни и тешки мразови се обиде да го уништи. Се изненади, и на -200 степени останува отпорно, живо е и со далеку поголема репродуктивна моќ ќе ја оснажи Македонија и ќе го продолжи својот род, племенита сорта, унможена и на твоја жалост со рекордни приноси. Македонија е ова! Житница, мајка Хранителка. Ако семето го фати суша во Овлеполието, ќе изникне во Пелагонија, ако се поплави во Полог, богато ќе роди во Солунско поле, ако смрзне во Дебрца, ќе развие голем плод во подножјето на Пирин. Не сме без корен ни во Торонто, Чикаго, Њу Џерси, Мелбурн, Перт, Сиднеј, Берлин, Женева, Виена, Гетеборг... Куртул за вас предавниците НЕМА. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски постојано ви дише во врат и нема да ве остави на мира додека не ја оставите Македонија раат да оди по вистински пат. На крај. Најголемата грешка од неколкуте илјади што ги направи, оваа, последнава ќе ти биде судбоносна и ќе те испрати во заборав. Се обиде смешно да направиш раскол во ВМРО-ДПМНЕ напагајќи го крајно приземно Нашиот лидер, иконата на отпорот за одбрана на Македонија, господин Христијан Мицкоски. Ти нему не му си ни до глуждовите. Тебе не те смета за непријател. Не си достоен и за тоа да бидеш. Тој е ГОЛЕМИНА за тебе. Не за бадијала рекле: Големината на човекот се цени според вредноста на неговите непријатели. Ти, тука ни од далеку не припаѓаш. Неговите противници се далеку, далеку посилни од тебе и вредни за почитување и како противници кои се тепаат гради в гради машки, а не како тебе што силата ја покажуваш на нокаутираните и патосираните спаринг партнери, сиромашките, под закана од прислушкуваните разговори што ти ги поседуваш, а тие се единствената сила што ја имаш во своите кревки раце. Видовме на телевизиските екрани како ги принудуваш тие за кои велиш дека со нив можело да се разговара, а со господин Мицкоски – НЕ. Е, тој е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, твојата ноќна мора и несоница, чист, избистрен седум пати како најблагородното сребро кое никогаш не потемнува, а нé штити од сите инфекции и нé води успешно кон конечна победа за МАКЕДОНИЈА. |