|
|
Има некој нормален политичар во Бугарија? |
Свекрва Додека Србија без уцени ни помага, Бугарија остана само на ветувања. Освен македонски граѓани, во Србија се вакцинираа граѓани од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија,, но како што пренесуваат српските медиуми и лица дојдени од Германија и Холандија. Србија покажа како се однесуваат одговорни власти кои се грижат не само за здравјето на своите граѓани, туку и за соседите, кои поради неспособните власти да набават вакцини можат да останат жаришта од каде повторно би се ширел вирусот. Откако Македонците почнаа да се вакцинираат во Србија, Борисов најави дека оваа недела ќе дојдела пратка од 200.000 вакцини од кои како пријателски гест 5.000 ќе бидат одвоени за Македонија. Колку е тоа „пријателски гест“ се гледа од обидот истовремено да бидат испратени 920 бугарски книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјата, како дел од бугарската пропаганда. Тие дури упатија протесна нота до МНР на Македонија, поради одлуката на царинските власти да се запре оваа пратка на граничниот премин „Деве Баир“ која била донација. Истовремено, бугарските власти се лути и на објавениот извештај на словенечкиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, во кој се вели дека бугарските власти пласираат неверодостојни податоци за Македонците. Според овој коментар, не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“ и додава дека бројот на етнички Македонци што живеат во Бугарија е околу 10 % од вкупното население на таа земја. Во дел од коментарот на ИФИМЕС со поднаслов „Како да се избегне дестабилизација на .... Македонија, во која се дава поддршка на актуелната власт, стои: „ ... Иако во 2017 година го потпиша Договорот за добрососедство со Македонија, Бугарија сè уште го блокира почетокот на процесот на преговори меѓу Македонија и ЕУ, поточно организацијата на првата меѓувладина конференција. Уште од своето основање Бугарија се соочува со криза на идентитет. Независна Бугарија е основана врз основа на договорот меѓу Руската империја и Отоманската империја, тоа е Договорот од Сан-Стефано од 1878 година. Тогашната територија на Бугарија претежно била населена со богомилско - македонско и турско население, кое подоцна под силниот притисок на новоформираната држава беше насилно „бугаризиран“. „Бугаризацијата“ на населението продолжи до денес. Бугарија се обидува да го сокрие овој факт и врши силен притисок на етничките Македонци во пиринска Македонија и во цела Бугарија да се изјаснат како Бугари, иако бројот на Македонци што живеат во Бугарија изнесува најмалку 50% од вкупното население. Бугарија има повеќедецениско искуство во прикривање на бројот на припадници на етничките малцинства, а особено на Турците и Македонците во Бугарија. Според аналитичарите, повеќе од 100 години Бугарија сè уште се соочува со криза на идентитет и неуспехот на „бугаризацијата“ на етничките Македонци. Како последица на тоа, таа се обидува да најде задоволство во блокирањето на процесот за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Доколку Македонците беа Бугари по потекло, ќе се очекуваше дека во изминатите 100 години или повеќе, „бугаризацијата“ на Македонците на денешната територија на Република Македонија ќе беше успешно завршена. Сепак, процесот на „бугаризација“ доживеа целосно фијаско Бугарија наместо да се обедини со останатите балкански држави и заеднички да се справи со пандемијата, потоа да помогне во евроинтеграцијата на Западен Балкан, таа сеуште живее во 19 век. Со вета, уцени и закани, Бугарија станува фактор на нестабилност на Балканот. Поради горенаведеното, Бугарија е „грдото лице“ на ЕУ.“ П.С. Па нели рековте дека сме браќа? Ваквиот однос на бугарската влада е се' само не „братски“ и придонесува меѓу македонскиот народ да се зголемува омразата кон бугарските власти за нивната антимакедонска политика. Има некој нормален политичар во Бугарија? |