|
|
Александар Џеповски : Ангел Џамбаски провокатор или руски шпион и измеќар?! |
Александар Џеповски
Едно е сигурно тој и Каракачанов за ситни пари роварат и важно им е да дрпаат од ЕУ, Русија, Кина и било кој... а во овој случај од Русија која си игра мајтап со Балканци.
Со сигурност и од доверливи извори ова е јавна тајна за ниската улога и игра на Џамбаски и Каракачанов кои ете мора да обработуваат за багателната цена кон Русија која ќе им ги замрси конците на западните аждаји.
Бугарите одлучно и категорично се откажуваат од изјавите на овој шарлатан, промашен политичар квазинационалист затоа што знаат дека ќе ја изгубат Бугарија од самата помисла да се прошируваат до Охрид. Тогаш Русија ќе се смее и ќе им го плесне во лице - Ние ве создадовме и со глуперди како Џамбаски и Каракачанов ве растуривме во 21 век.
Ова е слатка победа на Македонија со тапи хипокрити одродени Македонци и среброљубци како овие двајца.
Колку е жална Европа кога вакви како Џамбаски ги прима и 5 минути по грешка дури и во клозетите во Брисел. Тие се таму да негираат една измачена земја, да и ставаат вето а воедно да се прават браќа администратори. До каде ќе стигнат сите негатори македонски времето ќе покаже и како што одат работите, никој до сега аир нема видено и никаде подалеку не отидоа, се разбира најмногу ќе им страдаат нивните фамилии, ни криви ни должни.
Па Ангел Џамбаски, одроден македонецу, многу брзо ти и Каракачанов како негатори со лажно име ВМРО мора да платите за сите негации и малтретирања. Здодевни сте со тие ваши глупости и спомнување и споредби со Срби и Србија од кои имате комплекси за сите изгубени војни последниве 100 години. Единствено ни е жал што знаеме дека сте Македонци преку 5 милиони но во друга рамка под име Бугарија па просто малку се нервираме со вас и ни кинете нервите затоа што многу едноставно е, наместо да фантазирате голема Бугарија, дај вратете се во матицата и ќе бидете среќни и благословени а не тапоглави како денес со име погрдно што не ви стои убаво и со име кое служи како предмет за измотавање на Грците, другите одродени македонци со коине писмо и јазик.
ЏАМБАСКИ, НИКОЈ НЕ ТЕ ЕСАПИ И БИДИ СИГУРЕН ДЕКА ГОСПОД СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА И ЌЕ ГО ОСТВАРИ ЗАЦРТАНОТО ИСТОВРЕМЕНО И ДА ВЕ ЗБРИШЕ НА ИСТ НАЧИН КАКО ШТО ВЕ СОЗДАЛ ЃАВОЛОТ. МАКЕДОНИЈА БИЛА И ЌЕ БИДЕ САМО ЕДНА, ЗАЕДНО СО ПИРИН И ЕГЕЈ.
АМИН !!! |