Среда, 31 Март 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 112
1martin1
 
СКАНДИНАВСКИ ПОТЕЗ НА БАЛКАНОТ
  
 
1. Конечно, фала му на Бога и кај нас во Република Македонија пристигнаа вакцини!
 
После повеќе од една година лаги, празни ветувања, но и над 3.600 починати наши сограѓани заради неспособната власт, во неделата на 28-ми март со авиокомпанијата Туркиш ерлајнз пристигнаа  (најверојатно од Истанбул) 24.000 дози фамозни вакцини од производителот Астра Зенека.
 
    И, се разбира, ресорниот министер за здравство Венко Филипче не пропушти од настанот да направи фестивал за себепромоција, во стилот демек: еве, гледајте, што се можеме да правиме и правиме, за вас - граѓаните!? Што се се случуваше во годинава што измина - ќе треба томови хартија за барем одблиску да се опише - за да не се заборави. А не смее да се заборави бидејки само до сега броиме над 3.600 починати, нам блиски пријатели, роднини.....
 
   Пратката од Истанбул, колку и да се егзалтира министерот Филипче, отвора многу прашања на коишто јавноста има право да бара конкретни одговори. Пратката стигна на скопскиот аеродром во 07.00 часот наутро!? Астра Зенека е британска компанија со производни погони во Обединетото кралство и во Шведска (во Зодртеље, близу Стокхолм) што подразбира дека вакцините морало да бидат испратени од Лондон или Стокхолм после полноќ за да стигнат во Истанбул, каде требало да бидат претоварени во летот за Скопје. Дали оваа маневра е направена - не знам (или можеби вакцините "преспале" во некој хангар или магацин на аеродромот во Истанбул) но битен момент е дека вакцините на британскиот производител мора да се чуваат на минусна температура што и теоретски е речиси невозможно во конкретниот случај со пратката за Мкд која, патем е реализирана преку Ковакс системот за солидарна дистрибуција на вакцини. Ако претпоставката за евентуално не/обезбедување на неопходните услови за транспорт (специјални фрижидери) на вакцините е точна, дали можеме да претпоставиме можност и дека вакцините се можеби веќе неисправни?
 
    Ај што самата дистрибуција на вакцините од Астра Зенека во седум часот наутро е необична (!?), зачудува и одсуството на такт кај организаторите на пречекот кои по тој повод го поканија дел од дипломатски кор акредитиран во Скопје (какво непотребно малтретирање на дипломатите)!? Замислите: на дамите-амбасадорки на САД, Велика Британија и Германија колку им треба во недела наутро, (некои од нив со мали деца), да се спремаат за да бидат на скопскиот аеродром во 07.00 часот!? Јас. на пример едноставно ќе се извинев дека не сум во можност да присуствувам на "големата свеченост" (?) и ќе ги игнорирав организаторите.
 
    Интересно е да се спомене дека истиот ден, во неделата и на Црна Гора и беа испорачани иста количина од 24.000 дози вакцини од Астра Зенека според Ковакс системот. Не знам по која методологија се водеа недлежните при определување на исти количини вакцини за Македонија која има три и пол пати повеке население (околу два милиони) од Црна Гора која има нешто повеќе од 600 илјади жители? Ова само го потврдува моето тврдење изнесено повеќе пати дека ЕУ има специјален (некоректен) однос кон нашата земја и народ, или можеби некој Грк е задолжен за нашето портфолио во ЕУ и го спроведува на начин како што го спроведува!
 
2. Конечно доживеавме да го почуствуваме скандинавскиот дух на солидарност и овде, на Балканот. Имено, властите на Србија, кои се по/до/кажаа меѓу најуспешните во целиот регион за обезбедување на вакцини против Корона вирусот, ширум ги отворија вратите на Белградскиот саем не само за нивните граѓани, туку и за вакцинација на граѓани од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Македонија, па дури и од Албанија, по претходна пријава и што е најважно - бесплатно!!!
 
    Ваков типично скандинавски гест - колку што ме држи паметењето - не е забележан во регионот до сега! Илјадници македонци ја искористија можноста во саботата и неделата да се вакцинираат во Ниш или Белград каде пред центрите за вакцинација беа пречекани со транспаренти: "Добродојдовте". Гест за почит во секој случај, за разлика од нашиве некадарници кои за година дена не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, и се се сведе на донации од страна.
 
3. Се наврши првата годишнина од пристапувањето на Македонија во полноправно членство во НАТО. Македонската влада го искажа задоволството со најава за купување на оклопни возила од САД во вредност од 225 (двеста дваесет и пет) милиони долари. Истовремено беше соопштено дека САД и подариле на Албанија 29 оклопни возила!? Па добро бре луѓе, зарем Македонија е толку богата за да купува оружје за речиси четврт милијарда долари, а на Албанија галантно и подаруваат (бесплатно) 29 оклопни возила? Американците пред некоја година и подарија на Хрватска 300 тенкови и полни бродови различна воена опрема и техника, а во пристаништето Драч беа истоварени од бродови исто така 300 тенкови, но не се знае  к а д е  завршија - во албанија или на Косово??? Нам можеа барем да ни донираат (додуша неодамна ни подарија над 1.100 пушки) репарирано оружје и опрема од мисијата ИСАФ, а парите од Буџетот да ги инвестираме во македонската економија.
 
   Но патем и во оваа прилика се наметнува и прашањето за провизиите! За купување оружје вообичаена провизија е 20% од зделката (во конкретниот случај тоа е 45 милиони долари). Дали ова е уште еден бонбона бизнис за некого во владата, секако ќе разбереме кога и да е!
 
4. Лидерите на власта и опозицијата Зоран Заев и Христијан Мицкоски најпосле докажаа дека и во Македонија спртивставените страни можат како цивилизирани луѓе да разговараат и да се договорат! На тет-а-тет средбата на иницијатива на лидерот од опозицијата Христијан Мицкоски за само неколку часа разговори се надминаа мноштво од проблемите во Собранието и се постигнаа договори за бројни прашања за коишто со месеци постоеше блокада во македонскиот парламент.
 
  Во изјавата по средбата Зоран Заев соопшти дека ќе почне со измена на Изборниот законик во кој  ќе се внесе гласање со отпечаток од прст, како дел од договорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; работни групи во законодавниот дом ќе разговараат и за отворени листи, a локални избори ќе се спроведат во еден изборен круг. По средбата, премиерот кажа дека со Мицкоски договориле и одблокирање на Собранието.
 
   Пописот, дома, во Македонија е одложен и ќе се спроведе од 5 септември до 25 септември, но пописот во дијаспората ке продолжи како и до сега. Локалните избори се презакажани за втората половина на октомври.
 
   Не знам дали ваквиот позитивен исход и договор за толку многу прашања од средбата на двајцата лути политички соперници е пресврт на политичката сцена во Мкд, или можеби е резултат на телефонскиот разговор помеѓу Мицкоски и американскиот заменик помошник на државниот секретар на САД за Европа  Метју Палмер, но битно е да се разговара со добра воља и меѓусебна почит меѓу страните и резултатите нема да изостанат!
   
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.