Среда, 07 Април 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 113

1martin1

МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА БАЛКАНСКАТА МАФИЈА

1. Република Македонија во понеделникот (1 април) беше почестена со посетата на Министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенг. Посетата на толку многу високо ниво на државник од НР Кина во принцип по многу нешта e важен и несекојдневен настан! Пред се, станува збор за еден од водечките луѓе по важност во земја со една милијарда и триста милиони жители; земја постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето; земја која и официјално е втора водечка економија во светот. Но, во контекстот на позицијата на министерот Фенг особено важно е да се истакне дека НР Кина е нуклеарна сила и земја со невиден брз технолошки развој во сверата на вооружувањето и земја со најбројна и меѓу најдобро опремените армии на светот!

   Ете, токму првиот човек на една од најмоќните армии на светот ни беше во кратка работна посета на нашата земја!

   Морам да признаам дека лично кај мене се наметнаа повеќе прашања околу оваа посета. Пред се, станува збор за посета од така висок ранг и калибар, но одсуствуваше поинтензивна најава во македонските мас-медиуми кои дигаат галама и за посета на обични "леви сметала" што ни доаѓаат од Брисел, а не пак во овој случај за Министер за одбрана на НР Кина!

   Министерот Фенг со сигурност не дојде со празни раце во посета на Македонија (според агенциите претходно ги посетил Унгарија и Србија)! Што понуди тој на маса на средбата со Македонското државно раководство е очигледно добро чувана тајна (барем засега), но дека нешто понуди - немам апсолутно никакви двојби. Дали најавата од Македонската влада дека ќе купува оклопни возила од САД во вредност од 210 милиони долари можеби беше сигнал и на кинезите тие да ни понудат високо квалитетни, но многу поевтини оклопни возила, не знаеме!? Кина пред десетина години ни подари неколку стотини компјутери за армијата на РМ, на што НАТО буквално збесна и инсистираше тие компјутери да се дадат на администрацијата на РМ, но не во одбраната, плашејки се де не има во компјутерите вградени "бубачки"!

   Посетата на министерот Веи Фенг претпоставувам ги активира и ги вжешти ѕвоната за аларм во Вашингтон бидејки се случи посета и званичен контакт на државно раководство на земја членка на НАТО со највисок кинески воен претставник. Но, судејки по сознанието дека генералот Фенг претходно се сретна со претседателот на Србија Вучиќ и премиерот на Унгарија Орбан (и со многу други високи званичници од двете земји), сепак се наметнува претпоставката дека најверојатно станува збор за проектот на брза железница (за што Народна Република Кина е многу заинтересирана) за транспорт на кинески производи од грчкото пристаниште Пиреја, (што е сопственост на НР Кина), преку Македонија и Србија до Будимпешта и понатаму кон други дестринации во Европа.

  Каде е Македонија во овие сценарија!? Прво, Македонија е незаменлива поради нашата географската положба, бидејки не постои алтернатива за реализација на ваков проект освен Вардарско-Моравската долина; Кина е огромен пазар и тоа треба да е силен мотив за нашата економија. Впрочем, целокупното годишно производство на Македонија може да го проголта само едно предградие на Пекинг, или Шангај. Е токму тоа сознание - огромниот пазар, е мотив и за Германија, Франција и другите економски сили да се надметнуваат за да обезбедат дел од колачот наречен "кинески пазар"! Тоа треба да го правиме и ние, а посетата на кинески званичник од толку висок ранг е само поволна шанса што треба да се искористи (побарано е од министерот Фенг да се забрза испораката на кинески вакцини за Македонија).

   Кога веке пишуваме за македонско-кинеските релации, чувствувам потреба да констатирам дека ние, како држава, сме грешни кон Кина со признавањето на Тајван (што ни беше подметнато заради интересите на трета страна). Јавно признавам: И самиот бев член на таа влада како министер за иселеништво и во два наврати лично го молев премиерот да не прави таква грешка, знаејки дека за НР Кина нема компромиси кога станува збор за Тајван и Тибет, но ми беше порачано "Да не се секирам бидејки се било под контрола". Но совеста ми е чиста! Измислив патување преку океанот за да не учествувам на седницата на владата во донесувањето на одлуката за признавање на Тајван. А дека сепак се не било се под контрола се покажа многу бргу: Kина стави вето во Советот за безбедност за продолжување на мисијата УНПРЕДЕП, и странските војски што ги чуваа нашите граници со Косово и Албанија беа повлечени, а границите станаа порозни како швајцарско сирење за шверц на оружје и неконтролиран влез на непријателски елементи од соседството кои предизвикаа војна и многу страдања. Македонија после тие настани веќе не е она што беше пред тоа!

   Но среќа е што Кина ја карактеризира шест илјади години мудрост и знаат да простат на дилетантски потези каков што беше македонското признавање и воспоставување на дипломатски односи со Тајван.

  Покрај "Патот на свилата", Кина најави уште еден мега-проект за брзите возови што отвора невидени можности за развој и на македонската економија! Се надевам дека ќе бидеме доволно мудри да ја искористиме оваа шанса.

  Очекувам остра реакција од стратегискиот партнер САД на кинеската иницијатива - судејки по американските реакции на цевоводот "Северен ток 2" под Балтичкото море за транспорт на руски гас за Германија и поголем дел од Европа, но да се надеваме дека сепак разумот и економските интереси ќе надвладеат. Впрочем, такво нешто најави и кинескиот амбасадор во Макједонија Џанг Ѕуо кој во интервју за македонски медиум нагласи дека производите и услугите од нашата земја се квалитетни и добри за кинескиот пазар и Кина очекува дека нашата земја ќе продолжи да обезбедува "отворено, фер, правично и недискриминирачко деловно однесување за кинеските инвеститори".

2. Во неделата, на 4ти април, во Бугарија се одржаа парламентарни избори. Според бугарските закони право на глас имаат и нивни државјани во странство. Бугарија за своите граѓани во Албанија (!?) организира гласање во нивната амбасада во Тирана, Арно ама, според списанието на македонците во Албанија "Илинден", за гласање се пријаввиле само 15 лица и тоа речиси сите вработени како локал-стаф во амбасадата на Бугарија во Тирана! Од тука се поставува прашањето: каде се оние илјадници бугари во Албанија за кои говорат официјалните бугарски политички кругови!? Заклучок: бугари во Албанија нема, или се во мал број, а за интересот за гласање на „бугарите“ во Албанија најдобро говори јавно објавениот список во Тирана на лица заинтересирани за гласање! Но мора да се нагласи дека  Бугарија ја уцени Албанија во 2017 година дека ќе ја блокира во преговорите за членство во ЕУ доколку во законот за малцинствата не внесат постоење и на бугарско малцинство, што Албанија и го направи и така беше промовирано непостоечко бугарско малцинство.

  Но споменатиот список на Бугарската амбасада во Тирана, го покрена прашањето: до кога Европската Унија, која се декларира како демократска заедница на рамноправни народи ќе толерира уценувачки политики на бугарската држава кон македонците во Албанија и албанските власти? Eвропските институции одобруваат средства за подобрување на животот на македонците во Албанија, а  бугарската држава тоа ќе го претставува како наводно нејзин влог во подобрување на стандардот нa живот на македонците во Албанија? До кога Европската Унија ќе го толерира бугарското мешање во односите меѓу македонската и албанската држава?

3. Во претходниот број на мојот прилог ("Цртички и отровни стрелички" Бр. 112) напишав дека Македонија купува од САД оклопни возила за 225 милиони долари. Износот е погрешен бидејки станува збор за порачка во вредност од 210 милиони долари. Сепак, повторно го поставувам прашањето: Зошто САД не ни даруваа репарирана опрема и оружје што ги повлекоа од Авганистан по завршетокот на мисијата ИСАФ, како што го сторија тоа со Хрватска, Албанија, Црна Гора, па и со Косово, туку моравме да се задолжуваме и на комерцијална база да обезбедиме американско оружје. Зошто, зошто, зошто??? Заради провизиите, или...?

4. Е мои македонки и македонци, каде и да сте по светот! Што доживеавме од оваа од надвор накалемена власт. во нашата татковина! Опозицијата обзнани дека македонското Министерство за внатрешни работи од 2017 гподина до пред некој месец издало македонски пасоши и нов идентитет на над 200 мафијаши и тешки криминалци од бившите Ју-републики!? Така, водачот на еден од најкрволочните црногорски кланови Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ станал Георги Андонов, а водачот на турското подземје Седат Пекер добил македонска лична карта на име Џадин Амедовски.

   Скандалот наречен "Мафија" го обелодени опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ тврдејки дека македонското МВР  издало над 200 документи со лажен идентитет на балкански нарко-босови и криминалци.

   Засега нема званична реакција од Владата, ниту од македонското МВР, но нема сомнеж дека е на повидок до сега невиден скандал за којшто некој ќе мора да одговара!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.