Вторник, 06 Април 2021   
Наќе Чулев: Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност
84972668
 
Наќе Чулев
 
 
Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти. Токму тоа со своето нестручно, непрофесионално и зачудувачки незаинтересирано и дефокусирано однесување го овозможи актуелното раководство на МВР, на чело со министерот Оливер Спасовски кој замислете имаше речиси цели четири години за да ја заврши истрагата.
 
Наведената истрага беше речиси хибернирана во периодот кога стапив на функцијата министер за внатрешни работи, за да со целосна посветеност колегите, и покрај сите опструкции во периодот на техничката Влада, се мотивираат и се даде максимум за нејзино реактивирање.
 
Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета.
 
Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност.
 
Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција.
 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.