Среда, 14 Април 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 114
1martin1
 
МАФИЈАТА СИ ИМА СВОЈА ДРЖАВА - СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА!?
 
 
1. Македонија овие денови се чини го живее врвот на беззаконието и криминалот. Што се не доживеавме и не искусивме овие четири изминати години: афери, скандали, криминали, корупција, политичко и физичко насилие врз бизнисмени и пратеници, но еден од последните мега скандали што власта енергично се обидува да го фрли во втор план - скандалот со пасошите наречен "мафија", сосема сигурно ушто долго ќе не преокупира преку нашите медиуми. Засега се манипулира со бројка од 215 илегално издадени но важечки македонски патни исправи, издадени на сомнителни типови или докажани припадници од меѓународното подземје, нарко босови, па дури и на исламски фундаменталист, член на терористичката ИСИС!?
 
   Да се разбереме, во принцип многу земји даваат пасоши на странци, најчесто на бизнисмени и тоа за големи пари, исто така и на политичари прогонувани во сопствените земји и борци за човекови права. Но такви пасоши се издаваат крајно селективно и по долги процедури и проверки за лицето кое е барател на патна исправа од друга земја. Само неколку примери: милијардерот Роман Абрамович, кој долги години живее во Велика Британија (сопственик на фудбалскиот клуб "Челси"), но кому британските власти не сакаа да му ја продолжат визата за престој како руски граѓанин, преку ноќ доби израелско државјанство и пасош откога му плати на Израел еден милион американски долари! Малта нуди државјанство за половина милион евра, исто и Кипар, па дури и Австралија дава нерезидентен статус со право на австралиски пасош доколку странски инвеститор вложи еден милион австралиски долари во австралиската економија. Русија им даде руски пасош на глумците Жерард Департје и Стивен Сигал. Со други зборови, инвеститори и лица со ретки но ценети и барани професии и што е најважно со беспрекорно чиста биографија, како и "селебритис" (популарни лица по разни основи: уметници, спортисти, истакнати дејци и сл.) можат да аплицираат и да добијат пасош на друга земја. За иселениците и да не говориме.
 
   Но што е случајот со аферата со пасоши кај нас? За сега се манипулира со бројка од 215 илегално издадени пасоши на лица кои очигледно за тоа платиле некому дебело, а кому и колку засега не се знае? Тоа треба да  го докаже истрагата, ако воопшто нешто ќе се докаже бидејќи е сосема очигледно дека власта по секоја цена настојува да го заташка овој невиден скандал со упорно покажување прст кон опозицијата и со префрлање на одговорноста кон ВМРО-ДПМНЕ зошто воопшто го откри во јавноста овој скандал. Нивната теза е дека опозицијата ја "саботирала" акцијатра на МВР подржана, наводно, од Интерпол и американската агенција за борба против трговија со наркотици ДЕА. За љубов на вистината, до сега не видовме и не чувме реакција или демант ниту од Интерпол, ниту од ДЕА за оваа конкретна афера со илегалните пасоши! А станува збор за афера поради која во секоја етаблирана правна држава не да паѓа влада, туку се покренуваат и длабоки истраги и судски процеси.
 
    Зачудува што за аферата "мафија" не чувме (барем јас не чув) никаква реакција и од Калето! Но од друга страна пак тоа и не треба многу за изненадува бидејки тие очигледно Заев го штитат како белите мечки и го чуваат за да доврши што треба да доврши од сценариото за ранебитување на Македонија од таканаречената "Тиранска платформа"!? Тоа што З.З. треба да го исполни е   п о п и с о т   на населението со којшто треба да се верификуваат нови, нереални и невистинити состојби за составот на населението (конкретно се однесува на едно од малцинствата) во Република Македонија! Токму затоа го донесоа на власт и го штитат Заев и неговата владеачка номенклатура што, искрено се сомневам, опозицијата не го сваќа!? За жал!!!
 
   Тезата на власта дека, според нив, наводно, цела година ја воделе оваа акција со илегалните пасоши едноставно не само што не држи, туку и ја навредува нашата интелегенција! Впрочем, се поставува прашањетло:  з о ш т о  би се давал пасош и македонски идентитет на шефот на црногорскиот Шкалјарски клан одговорен за бројни убиства, или на припадник на ИСИС, или албански нарко бос? Вака испаѓа дека Македонец вршел убиства на црногорски мафијаши од спротивен клан среде Атина (што го сторија припадници на Шкаљарскиот клан со Мак. пасош). Или, зошто официјална институција (МВР) би му дала валиден македонски пасош на еден од шефовите на Калабриската мафија Ндрангета? Што воопшто ќе се постигнеше со тоа? Полесно да го следат неговото движење, како што се правда македонската власт? Оправдувањата на МВР се глупости, најобични глупосни.
 
   Оваа афера со пасошите на припадници на подземјето не само што длабоко го нарушува угледот на нашата земја, туку секако е основа за сомнеж во исправноста на пасошите на сите македонски граѓани кога и да патувааат и каде и да патуваат, а според некои експерти тоа може да ја доведе во прашање и визната либерализација, т.е. патувањето во земјите на ЕУ без визи!!!
 
   Дека македонски пасоши добивале нарко босови потврда е дека таков поседува и членот на неаполската мафија  Ндрангета, Валид Иса Хмаис и тоа со украден идентитет на име на Македонецот од Корча  Вурмо Таќо.
 
passs
 
Валид по добивањето на Македонскиот пасош на име Вурмо Таќо во месец јануари 2019 преку аеродромот Петровец  во Скопје слободно заминал за Турција.
 
  На аферата со пасошите жестоко реагираше македонската опозиција. Според пратеникот Антонијо Милошоски, МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови на српската, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други!? Македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС и близок соработник на "касапот" Љавдрим Муџахери кој сечел глави на неверници, т.е. христијани во името на Исламската држава! Тој на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет што, според Милошоски, не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, тврди Милошоски!?
 
   Во Македонија наместо одговорност за скандалот „Мафија“, испаѓа дека мафијата си има своја држава и никој не поднесува одговорност, рече пратеникот Милошоски кој покажа со прст на министерот Спасоски и на Заев дека ја претворила Македонија во логистички центар и сива зона за сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници. Не треба да има било каков сомнеж дека некој дебело се финансиски се офајдил со издавањето на македонски пасоши на типови од меѓународното криминално подземје.Но големите риби од "органот" (МВР), кои очигледно стојат зад оваа афера и без чие знаење не можела истата да се реализира, сеуште се непознати на јавноста. Се прашуваме само: до кога?
 
   МВР од кога опозицијата ја отвори аферата "Мафија" поапси десетина ситни риби - службеници од пасошката служба од МВР, а објави меѓународна потерница по извесен Раиф Мифтари од Скопје, кој бил посредник во операцијата за издавање на македонски пасоши со лажен идентитет на криминалци.
 
   Но мора да се спомене дека МВР до сега не соопшти дали воопшто ги поништило 215те пасоши со лажен идентитет!
 
   Во меѓувреме, а за да се дефокусира јавноста од мега-скандалот со издавање пасоши на лица од подземјето, МВР во холивудски стил, овој пат нагласено апострофирајки дека зад операцијата стои и американската агенција ДЕА, уапси на Плетвар група дилери со марихуана (меѓу нив и началник од МВР во Прилеп) од фармите за овој наркотик блиски на актуелната власт во Македонија. 
 
 
2. Антимакедонската хистерија карактеристична за власта на заминување во Бугарија донекаде како да спласнува по завршетокот на парламентарните избори во таа земја, но сепак антимакедонизмот преовладува како општо прифатено кредо (вјерују) во бугарското општество. Се што им беше на дофат - додека ние се исцрпувавме со блокадите од Грција, а и пред тоа, испокрадоа и го прикажуваат како бугарско и сега ние треба со нив да преговараме (и веќе преговараме) "за изнаоѓање на заеднички прифатливи ставови и решенија".
 
    Нешто што особено ме изиритира деновиве е што не само ни ја присвојуваат (читај: kрaдaт) историјата, јазикот, преродбениците, илинденците... туку почнаа да  ни ги присвојуваат и нашите песни, оние прекрасни изливи на духовност на мојот народ. Ги присвојуваат песните на Војо Стојановски, но ако кликните на Википедија ќе ви се појави дека една од нашите најпопуларни народни песни "Јовано, Јованке"  е регистрирана како - замислите: бугарска песна (Bulgarian song)!!! Дури и "Битола мој роден крај", што е авторска песна, што ја испеа сега покојниот Ајри Демировски, иселеник во Турција проглкасен за почесен граѓанин на Битола, е регистрирана како "бугарска песна".
 
   Па после се чудат, бугарите, особено министерката Захариева, зошто не ги сакаме!

   Од друга страна: па нели имаме институции за заштита на културното наследство! Што прават тие ако воопшто нешто прават и за што примаат плата???
 
3. Се навршија девет години од злосторот кај Смилковското езеро кога беа убиени во егзекуциски стил пет млади луѓе кои ловеле риби. Дел од починителите на злосторот веќе добија судски казни, но главните егзекутори Демири и Халиловиќ сеуште се на слобода во Косово, кое упорно одбива да ги предаде на македонските власти!
 
    Повеќе пати сум пишувал за мотивот зошто е сторен овој злочин што за многумина е непознаница. Во отсуство на сериозно објаснување кој бил мотивот за злосторот, имам напишано (а го објавив и во мојата книга "Под лупата") дека како најверојатен мотив може да се смета самитот на НАТО што се одржа еден месец по убиството, во мај 2012 година во Чикаго, каде Македонија важеше како најсериозен и најподготвен кандидат за прием во членство.
 
   Некому, очигледно му пречеше таа идеја и најефикасен начи за да се спречи нејзината реализација видоа во евентуално предизвикување на нов меѓуетнички судир меѓу македонците и албанците, како последица од петкратното убиство, што би бил аргумент (?) дека Македонија сепак (заради наводни меѓуетнички проблеми) не е спремна да добие на тој самит покана за членство во Алијансата!?
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадо
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.