Среда, 14 Април 2021   
Марија Емилија Кукубајска - Дијалози со „Владетели МакеаВели“

1Marija Emilija Kukubajska

Марија Емилија Кукубајска - Дијалози со „Владетели МакеаВели“

1mn12

Албрехт Дирер, Каин го убива Авел, 1511

 

(Спрема Џордано Бруно: „Ние сме веќе на небо“ – Катица Ќулавкова)

(Ние ли сме во бесконечноста

ниту центар, ниту власт

ниту гуска, ниту јајце)

 

Ние не сме во конечноста ваша. И централен и периферен

систем ни' е кругот без крај. Инфинитезимални сме! И јајца

и кокошки вашите побркаа, и што е бескрај а што роден крај.    

 

(Ние, од тлото што не сме се одлепиле

ние, вистината што ја мразиме

како ѓавол ја истеруваме

масовно ја каменуваме

и ја однародуваме)

 

Вие, Владетелите МакеаВели велите залепени за дното сте?А како

сепак само вие продирате, нагоре? Со црни анѓели народ ни’ силувате

во Содом-академии, садистички душа вадите, здравите ги гниете. Прав

и пепел да ни’ станел родот. Макеи на Македонија, пост-модерни, вие

постови продава(в)те, предава(в)те: „Еве ти катедра, оди шири смрт!?

А, народот - за вистина и правда што им умирал? Каменувај го, до крај!

 

(ние, што наредуваме

кој да ѝ се обрати на јавноста

и како да се опише „стварноста“

за да го слушаме

- барем додека сме живи -

она што ни одговара)

 

Вие на(п)редува(в)те – за народ да назадува. И јазик и глас и очи

и раце му корнете, а го галите „блескаво“ со змиски јазик и опаш,  

„стварноста“ да си ја заборави. Она што не можело, ќе било

„милом/силом“. Од себичност болни, се нагр(а)дувате со гротескни

меТалии, а заслужните ги укинувате, бришете од порти и портали,  

со обвинение: Свесните не ве признавале, не ги плашел т-error ваш.   

 

(Сонцето мора да се врти

небото да биде недостижно

Земјата ма’дра.)

 

ВИЕ сметате дека и сонце вртите по вашите темни земни закони

и ѕвезди симнувате пред неверните и лековерните. Оддалечувате

небо, земја одземате... со вашиот окултизам - ни напред ни назад!

(Тој што ги пропишува божјите заповеди

ќе ги состави и човечките

забраните се услов без којшто не се може

во Сенатот, Олтарот и Креветот

во Науката и Уметноста

без оглед на егзактноста)

                                                          

Закони спрема својот сој менувате, уривате

сечиј бог освен вашиот. Бирате, диктирате:

Забраните се забранети за вас егзекуторите

на новото римско право, бестијално оргијално

применувано во контра-човечни науки и

уметности без ум, без основа во реалноста?

 

(„Златното доба“ или иднината

во суштина не нè интересира

ако треба сè напредно ќе собереме

во една клада и ќе го запалиме

„ќе постапуваме благо и без пролевање крв“

Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња

Ренесансата е изговор за еретиците

но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата)

 

Ние не сме анти-сколастичари. Вие вештачко жолтило алхемирате, анатема

фрлате врз наша Злата Позлатена. Макео-Велика, цимбал во кортекс-вортекс

железен, најдобро за тебе е ем да ти ги плашиш ем да те сакаат, оти им даваш

позиЦи(ј)а. Змиски насмеана - ти палиш/гасиш род од нива, плод од родител,

народен. Елитно го собравте и Џ. Бруно откај Кралицата и од квартови

амбасадорски - и него го изгоревте од стрв и страв, во шарени огномети

црвени јазици - потенција да ви крева за Бело цвеќе да газите. Изговор за

вас купувачи на тела без дела, трговци со индулгенции. Ренесанса-21, вие?!

 

(во нашата допуштена и официјална дијабола

                нашата настраност и смисла за Анатема)

 

Тоа е вашата демонизирана аГЕНда, официјално ординирана од

 страно, настрано политикантство, поли(т)коректно проклетство?

 

(можеби сме мали и смртни

можеби без престан се вртиме

околу себеси и Сонцето

а светот е некој непознат Инфинито

            но барем имаме сопствен пекол

            и одбираме кого убиваме!)

 

НЕ, не сме мали. Вашите шеми не не’ усмртуваат, имаме 26+ димензии

бозони. ДА, кружиме, но со неутриноси свои, во утра сончеви - Божји...

Не е светот наш немоќно Инфинито, ниту боси-голи-бесни фило-Софии.  

А народот наш не е Инкогнито ловење, но во свети универзуми пловење.

НИЕ не одбираме да ликвидираме народ и плод - го браниме

од пеколот од вас процесиран, чудовишно индоктриниран

 

во Култура на поништување, во Криза на Цивилизациите, се’ за таа ваша Гала-Каша.

 

Сепак не се врти се’ околу вас, луди глумци, р’ѓави ѓумци вода „ДијаБолна Корона“!

 

Одбивате да одбирате заедно да сме, напред!? Не е назадно да се вратите од патот

 

На Каин. Доста глава губење, до дно заглавени. ЗаСтанете, оздравете. За народот!!!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.