|
|
Разбудетесе Македонци, за Македонија се работи |
Семакедонски протест под слоганот “Демократија во Македонија и Слобода на уставобранителите!“ на 25 април 2021 година (недела) во Скопје Не е лесно да се биде Македонец, не е лесно да си вистински Македонец. Постојано сме исправени на удари, на клевети, на нечесни игри и интриги. Македонија е едно име, една идеја, една желба, на цел еден народ на една многу напатена татковина. За одродниците идеологот Гоце Делчев ќе каже: „Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...“ Разбудетесе Македонци, доста беше, уште не е касно и не е се загубено. Доста е молчење, Македонија мора да дејствува офанзивно. Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година (недела) во Скопје започнува пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот до Собранието на Македонија. . Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество. ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува протестот за неправедно осудените лица за 27-ми април. Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5 изјави : Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи. Како политичка партија ги поддржавме, а јас исто ќе бидам присутен на протестот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заедно сме многу, заедно сме посилни. За Македонија се работи. Манојил Мане Јаковлески |