Среда, 21 Април 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 115

1martin1

ЕУ, ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАПАЛКА НА КОНФЛИКТИ ВО РЕГИОНОТ              

1. На Балканот никако да завладее мир. Донекаде и самите балкански народи и држави придонесуваат за ваквата невозмножна и неодржлива состојба со своите фрустрации од или нереализирани соништа од минаатото, но најновиот тектонски потрес што не засегна повеќе или помалку сите кои со векови живееме на овие простори, секако е фамозниот нонпејпер којшто некои тврдат дека постои, други демантираат и тврдат дека не постои; некои лично го виделе, други пак негираат дека таков документ бил воопшто дистрибуиран на членките на ЕУ!

   Но како и да е, и овој скандал со нонпејперот што го објави словенечкиот портал „Нецензурирано“ е само уште една неспорна потврда дека ЕУ, која фразеолозите и апологетите на Бирсел је претставуваа како "најзначаен мировен проект по завршетокот на Втората светска војна", се појасно станува потенцијална запалка на конфликти во нашиов регион што европјаните го нарекоа погрдно "Западен Балкан". Демек, источен Балкан (Бугарија и донекаде Романије, јужен Балкан (Грција) и североисточен Балкан (Хрватска и Словенија) се веќе цивилизирана Европа, (што според мене е многу дискутабилно), а остатокот земји од региоот се нешто друго, далеку од нивото на споменатите држави и особено многу далеку од таа "цивилизирана Европа"!?

    Да се вратиме на фамозниот нонпејпер што носи наслов:"Западен Балкан - - патот кон напред". Во западните медиуми на почетокот од месец март проструи веста дека премиерот на Словенија и наводнo голем пријател на нашата земја Јанез Јанша, им понудил на членките на ЕУ нонпејпер (во дипломатската пракса се работи за документ што е од информативен карактер и никого не обврзува) во којшто нуди негов (а прашање е дали е баш негов?) рецепт за конечно завршување на војната и распадот на поранешна Југославија!? Рецептот предвидува припојување на Република Српска кон Србија, спојување на Косово со Албанија и на тој начин формирање на голема Србија и голема Албанија, а делот од Босна населен со хрвати да се припои кон Хрватска. Искрено речено ни самиот не сватив што планираат да направат со оние кои се претставуваат како Бошњаци, т.е. со муслиманите во Босна (можеби некаква независна, чисто муслиманска држава во срцето на Балканот, кој знае!?).

   Нонпејперот предизвика и до прва ќе предизвикува вистински цунами од главно негативни реакции скоро од сите страни. Премиерот Јанша демантираше дека понудил и доставил ваков документ; Бриселската бирократија порекна дека воопшто добиле такво писание, а Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Јанша многу порано му покажал мапа со замислените новите граници на Балканот, но одби да даде коментар. Европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула пак категорички потврдија дека нонпејпер сепак навистина постои и негов автор е премиерот на Словенија Јанша!? Постоењето на вознемирувачкиот "необврзувачки" документ го потврди и поранешната Хрватска министерка за надворечни работи Весна Пусиќ која идејата од документот ја нарече "смртоносна", а писнанието "опасен документ креиран од лудаци". Akтуелното Хрватското државно раководство генерално го осуди документот нарекувајки го "опасна будалаштина".

   Мислам дека е неспорно постоењето на ова злосторничко писание во форма на нонпејпер. Велам злосторничко бидејки повеќе од сигурно е дека истото неминовно може да доведе до нов крвав циклус во регионот и можеби до трета Балканска војна!?

   Но клучно, според мене, е прашањето: која е целта и кој стои зад нон-пејперот чие авторство му се припишува на Јанез Јанша? Кои се мотивите зад оваа иницијатива и дали нејзините идејни творци воопшто помислуваа на последиците од нејзиното пуштање во етер? На верувам, бидејки доколку воопшто размислуваа за такви работи, немаше ни да паднат во искушение да помислат на нови прекројувања на границите во регионот (Се прашувам што стана со Договорот од Хелсинки од 1975 година за неменување на границите во Европа и Дејтонскиот мировен договор? Првиот, никој повеќе не го ни споменува, а вториот за одредени центри на моќ "не одговарал на новите реалности"!!!).

    Што се однесува до Македонија, авторите на нонпејперот, според една верзија што е презентирана во јавноста, тие се залагаат за нејзин брз прием во ЕУ, но според друга верзија се предлага налудничава идеја - нејзиниот западен дел од земјата да се припои кон замислената голема Албанија!? Кабинетот на Пендаровски го осуди нонпејперот, а Зоран Заев рече дека не коментира документи што не се дојдени во неговиот кабинет. Официјална осуда со категоричен став за неменување на границите на Балканот стигна и од Стејт департментот.

   Иако сеуште не е јасно кој навистина стои зад загрижувачкиот нонпејпер, сепак сомнежите најмногу укажуваат кон Словенија која или одработува за некоја голема сила, Германија (од таму пристигна официјална осуда, а Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот на твитер напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат, и се заложи за регионално помирување и соработка кои ги нарече клучни за мирот, демократијата и просперитетотнего е опасен пат) или Франција на пример, или за Вашингтон!? Во дипломатијата не е реткост една земја да одработува за друга (конкретен пример е Шарената револуција во Македонија што одработуваше за длабоката држава на разнебитувањето на македонија). Но не треба да се исклучи и можноста самата Словенија - за да по(до)каже дека Балканот е еден од нејзините приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ (од 1 јули  годинава) е решавање на проблемите во нашиот регион!?

   Се огласи и Европската Унија чиј официјален став за Западниот Балкан е дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите.

   Што се однесува до Македонија, би ги потсетил надлежните во дежелата на неколку работи што не смејат да ги испушат од предвид ако веќе се впуштаат во вакви авантури. Бадентеровата комисија, составена од пет претседатели на уставни судови на пет членки на ЕУ, констатираше во својот извештај 1992 година дека МАКЕДОНИЈА, под број 1 и Словенија под број 2 исполнуваат услови за меѓународно признавање! Македонија беше веднаш зад Словенија кандидат за членство во ЕУ (но германскиот МНР Геншер го игнорираше овој заклучок и направи дил со Грција - ако и тие ги признаат Хрватска и Словенија дека Берлин ќе чека на признавањето на Македонија во пакет со останатите членки на ЕУ)! Македонија беше на врвот меѓу кандидатите за прием во НАТО во групата "Вилниус 10"! Но заради пречките (блокади, уцени и сл.) подржани од одедени "големи сили" (!) и многу влијателни фактори во меѓународната политика, како и според мене бесмислениот принцип на носење одлуки со консензус, денес сме таму каде сме!? За разлика од нас, Словеија немаше такви проблеми, а сега црта нови мапи за регионот, вклучувајки не и нас!

   За на крајот: eдна накарадна и опасна мисла од мене: ако веќе некои во ЕУ размислуваат за промена на граници (што е премногу опасна идеја) зошто не би размислилe и нам да ни се вратат некои територии што историски и припаѓале на нашата земја? Македонија е единствена земја во Европа, ако не и пошироко, што губела територии во мир!!! Дури 700 квадратни километри македонска територија (што ни остана по поделбите во Букурешт 1913.), Лазар Колишевски како некој феудалец ги отуѓи и денес се составен дел од територијата на соседни земји.

   Свесен сум за опасноста од вакви размисли, но ако веќе некој манипулира со промена на граници и територии во регионот, да ги потсетиме дека и ние имаме што да кажеме на таа тема, зарем не!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер иу амбасадор

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.