Петок, 23 Април 2021   
Ламбе Арнаудов: МАКЕДОНИЈА ГИ ПАМЕТИ СВОИТЕ!

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Прегрни ја МАКЕДОНИЈА и твоите раце никогаш нема да се празни.

Направете го тоа како што го прават УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, на кои им ја посветувам оваа колумна, и вашите раце секогаш ќе се полни, душата просветлена, совеста чиста без потреба да се преиспитувате.

1Protest 6

Овие наши почитувани, браќа и сестри, на сите ни покажаа како се сака татковината, како се љуби својот народ, како се брани Македонија.

Тие нé научија дека не е доволно да имаш став и идеал дури и ако го задржиш за себе, но притоа се завртиш и едноставно заминеш, ништо не си сторил.

Ставот и идеалот треба постојано да се бранат, чуваат, негуваат и прошируваат како што тие го прават и сега кога се во исклучително тешка состојба, своја и на нивните семејства, умно, храбро, решително, поучно и достапно за сите родољубиви граѓани.

Татковината е единствената сцена на која секој може да настапи, да биде успешен и ја освои публиката, а да не поседува ама баш никаков талент.

Единствено што ти треба е своето самоспознание  дека си привилегиран од исконската „ДНК“ вградена во тебе и да ја распламнеш во себе патриотската чест и љубов кон Македонија та неустрашлив да застанеш во нејзина одбрана особено тогаш кога е нападната и загрозена. За жал МАКЕДОНИЈА е под постојана закана за својот опстанок, од појавата на ШАРЕНИТЕ КОНТРАРЕВОЛУЦИОНЕРИ, вашите џелати и гробари на сувереноста, независноста, слободата, правдата и демократијата одамна спечалена, кои врз грбот на народот ги полнат џебовите, ама засекогаш остануваат со празни раце без топла прегратка  љубов.

Како потврда на ова мое скромно размислување нека послужи еден од најсветлите примери во македонската историја, создавањето на самостојна и независна Македонија.

Имено, и до ден денес многу луѓе ме прашуваат како ние, во прв ред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но и другите, од првиот плуралистички Парламент во Република Македонија, иако со скромен политички капацитет и “недоволно писмени“ направивме држава?

Одговорот е едноставен. Кога Свети Антоније, кој е еден од најголемите промотори на христијанството, злобниците го прашале: Како ТИ кој не знаеш да читаш и не си прочитал ниту една книга, ниту пак распознаваш броеви, си повеќе почитуван од нас со царски школи?

На тоа СВЕТЕЦОТ мирно возвратил:

„Што е постаро книгата или разумот“ и ги замолчал сите.

Е, токму тоа, нашиот разум и силната верба во доброто што го правиме за нашата татковина ни ги отвори очите, ја разгори нашата интуиција и вербата во исправноста на нашето дело.

Уште повпечатлив е мојот втор одговор.

Во огромната Амазонија, втората најмала птица после колибри е птицата со најубав глас што може да се слушне. За жал таа пее само еднаш во животот и тогаш ги замолкнува сите гракачи и цела Амазонија ја слуша само нејзината најубава песна.

Знаете кога пее! Само еднаш и тоа кога ќе го направи гнездото за своите пилиња.

Затоа и ние во 1991 година ја испеавме најубавата песна, затоа што им обезбедивме сигурно и топло гнездо на нашите ПИЛИЊА.

Почитувани МАКЕДОНЦИ, верувајте во својата несекојдневна скапоцена градба, дојдете во недела да дадеме поддршка за слобода на нашите браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ. Тоа е истовремено поддршка за МАКЕДОНИЈА и е дел, рата од твојот вечно неисплатен кредит што Македонија ти го дала без да бара да го вратиш затоа што верува во твојта љубов и лојалност кон неа како кон мајка родилка.

Почитувани мои браќа и сестри, УСТАВОБРАНИТЕЛИ.

Сé додека не се појавивте вие убеден бев дека мојот највисок дострел што сум го постигнал во животов и највредното што сум го направил е задоволството што сум дел од приказната за суверена, самостојна Македонија, но сега со радост би се менувал со вас подобрите од мене, секако ако ми дозволите.

Недела, 25 април 2021 – ПАТРИОТИ ЗА ПАТРИОТИТЕ !!!

17553 

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.