Среда, 28 Април 2021   
Марија Емилија КУКУБАЈСКА : Великиот Ден ВОСКРЕСЕНИЕ

1velik

Gustave Doré

Воскресението на Исус Христос е најголемиот космички и овоземски настан: триумф над смртта, после гревот и злочинот - победа на доброто над злото, со простување, милосрдие и спасение. 

Воскресението во Новиот Завет беше поставено од Господарот на Вселената, за зацврстување на верата во духовна вечност, со победа над смртта. Значењето на Воскреснувањето на Исус Христос се случи за доказ дека Љубовта, со самопожртвувано човечно постоење, носи Надеж за победа на животот на човечноста всадена од Бог, против смртта наметната од анти-бог, антагонистот, именуван Сатана во библискиот речник. Верата во Божјата семоќ и сезнаење, Христијанството, не е засновата само на отсуството на телото на Исус од гробот после закованоста на крстот и закопот, туку на присуството на Исус во човековиот дух, во човековиот живот, умственост, интелигенција, инвентивност, интуиција.

Воскресението уверува дека телесниот живот не е се’ (како што пропагираат марксистите, стари и ново-глобални). Воскресението е ветување дека животот не завршува со последниот здив и со закопот на мртвото тело под земја, туку дека еден ден Господарот на животот ќе ги повика луѓето и народите од гроб, и ќе ги вознесе во бесконечност оние од нив кои не ги кршеле законите на вселената, на добрата, позитивната сила на постоење со Бог, во се, и во човекот. Воскресението е победа над злото, темните сили, анти-човекот.

Во овие два милениума од отелотворување на Господ Исус Христос на земјата, фактички и научно е потврдувано од сите можни христијански и нехристијански извори (Римски, Грчки, Египетско-Коптски, Ерменски, Турски, Ирски, Шпански, Африкански, Азиски), дека распнувањето и воскреснувањето бил историската настан без преседан. Најверни се сведоштвата од апостолите. Ако тие проповедале лага за Воскресението, за каква добивка лажеле ако знаеле дека за тоа верување добивале само прогон, измачување и најтешка смрт!?

На Великиот Ден, Воскресение, Исус Христос воскресува од мртвите, да посведочи дека верата во неговата Божественост ќе носи спасение од погрешната примена на духовниот и физички живот во човековото кусо постоење на земјата. Ако не се верува во воскресението на Исус, не може да се очекува простување на злочинот кој се чини и против десетте Божји Заповеди, и против деветте плодови на духот кои поради деструктивните сили скапуваат во расипаните срца на нечовечноста. Дегенерираната човечност, нечовечноста, ги напаѓа духовните вредности, доблестите: љубов, мир, радост, трпение, добрина, љубезност, милосрдност, верност и самоконтрола.

Немало да постои Христијанство без верување дека Бог Исус Христос воскреснал после смртта на крстот, и, иако невино осуден, им простува на злосторниците и ја понесува на себе вината на човековиот род кој „не знае што прави“ (кога Бог во себе). Тоа го знае и апостолот Павле, најголемиот писател за сведоштвата од другите апостоли и верници во Новиот Завет (Радосната Вест за спасение). Без верување ќе нема ни духовно просветлување за моќта на Бог да ги спаси грешните со опростување. Исус ги амнестира сите грешници кои веруваат дека милоста и љубовта Божја кон човештвото е бескрајна. Со разбирање за човековите слабости кон по-грешното, Исус Христос им укажува на тие што веруваат во Него, дека ќе бидат вознесени кон бесконечен духовен живот, дека нивната физичка смрт ќе биде совладана, како што и тој посведочи за тоа. Му посведочи на човештвото дека неговата вера не е бесцелна, и дека виновноста за нечовечност на планетата ќе биде прифаќана со покајување кое доаѓа низ верување. Од неверување и непокајување се регрутираат и денешните сурови непријатели на христијанството. Тие не сакаат да им се суди за нивните злоупотреби, злодела против човекот, децата, фамилијата, верата, слободата, природата. Анти-христијаните ревносно одбиваат да ги почитуваат моралните закони, бидејќи перверзно веруваат дека нивното лично право да ги прекршуваат - ги прави ослободени. Тоа е таа свесно испревртена нечовечност, или корумпирана квази-човечност.

И Старозаветниот пророк со надвременски визии, Исаја, 28:15, ја согледал вистината дека  ќе дојде нов договор меѓу Бог и човештвото, за надминување на старозаветниот договор со смртта. Со Воскреснувањето на Бог Исус Христос Спасителот, се прекинува стариот договор со господарот на смртта, Луцифер. Тој мајстор на лагата, со не-одржливи измами во својот космички и овоземен криминален системи, ги мами и штити неправедните, нечесните, суровите, ги поштедува во нивните деструкции, војни и зло на земјата, и им ги усмртува душите без можност за премин, пренос, спасение во Небесните домени, Царството на Бог, кој му дозволил на носителот на Злото да врши искушенија и превласт меѓу луѓето во процесот на нивното усовршување.  

Верата во Бог Исус Христос спасува од распад во нихилистичко, егзистенцијалистичко Ништо. Човештвото не го спасиле политички агенди или филозофски теории, теолошки доктрини, финансиските донаторства - порачува чистото, генетски немодифицирано Христијанство. Вера без докази е како вода без воздух, без дух, без енергија. А поголем доказ за верување во Бог нема од чинот на Воскреснувањето. Не постои друг таков реален феномен во историјата на животот на земјата. Трансформација, трансфигурација, транзиција од телесна смрт во духовно-телесно реинсталирање на сликата и идентитетот на Бог Исус Христос, не може да се спореди со ниеден пример од другите илјадници вери и учења на земјата, ниту со научно фантастични или кинематографски обиди да се имитира телепортација, да се експериментира со декомпонирање и рекомпонирање на ДНК битието на човекот. Виртуелното, вештачки интелигентно, не е човечно. Вонземјаните не се од Божјите домени.

Великиот ден Велигден, е симбол на највеличествената стварност која е неспоредливо поголема од (не)способноста на неверниците, и агностиците, да ја прифатат. Најпросветлените духови на умовите низ историјата на човештвото, останале убедени во својата вера во Бог, преку Воскресението. Пред своето Воскреснување, Исус Христос поминал 33 години на земјата - Бог отелотворен во човек, за да им укаже на своите создавања, луѓето, дека тој ги нуди најреволуционерните решенија во историјата на светот: да се стигне до Вселенска Вечност преку неговиот пример - да се биде човечен со Бог во себе. Тоа не е митолошка измама, туку чудо на бесконечното траење, живот со вера во надземното духовно траење после телесната земна смрт.

Како завршил телесниот живот на Исус на земјата? Со предавство од неверните, со казна за неговата вера во правда, мир, човечност и вечност. Со казна за својата љубов кон ближниот, кон онеправданите, прогонуваните, беспомошните, болните, гладните... Распнувањето на крстот било само моментален крај, но и почеток на бескрајното, чин за кој однапред знаел и сезнајниот Бог-човек Исус. Ако човекот не верува во Исусовото телесно измачување и смрт, ако не го прифаќа таквото максимално жртвување, тогаш секое друго верување не е спасоносно за човекот. Не обезбедува Спас од духовната смрт, независно колку е развиен нечиј интелектуален или финансиски, инвеститорски, донаторски банкомат. Живот без вера е како вода без воздух, без дух, без енергија, без универзална спроводливост низ природата на Едното.

Сите верувања и религии се интегрален дел од трајниот морален код за човечност и од општиот цивилизирачки кодекс за духовен развојот на луѓето и културите на нашата планета. Меѓутоа, поимот и чувството за посветеност на саканиот и жртвување за другиот, за  фамилијата, за татковината, апсурдно се деформираат во анти-теистичкото, марксистичко, пост-модерно и сега новодобско - прогласување на Бог за мртов, на државите и народите за неважечки социо-културни системи, а човечноста за цинична глупост. Оттаму омразата завладува супериорно, неправдата и’ суди на правдата, злото го прогонува доброто.

Од предисторијата на човекот се диференцирале учења кои веруваат во различни сили и божества. Но повеќето од нив паѓаат на испитот на универзално одржливите природни и духовни закони, иако сите содржат по некоја небесна прашинка од вистините за вечната потрага по Создавачот на животот. И Будизмот верува во небесни сили, но верува и дека страстите се најпресуден пат кон личното ослободување од стегите на светот, внатрешни и надворешни. Такви страсти на телесното бранеа и Хазарите и Муслиманите, во расправа со браќата Христијани од Македонија, Кирил и Методиј.

За разлика од телесните страсти, верувањето во Христос значи духовна Љубов, и кон блискиот и кон Создавачот на Вселената. Христос е патот кон Живот, Вистина, Светлина. Возвишување на духот над смртта, овоземно усовршување, култивирање на човековото битие спрема апсолутните законитости на исправното, доброто. Без Љубов и Универзумот на човекот му се чини бесцелен, а животот на земјата бесмислен, како за неверните низ вековите и низ нивното наводно „ново доба“ денес. Донекаде заедничко на учителот Буда со Бог Исус Христос е тоа што Буда сфатил дел од сеопштата вистина: За да се живее чист и несебичен живот, човекот треба да сфати дека и во секое изобилие, ништо не е негово. Но, Христовото учење е целина во универзумот, неспоредливо величествена, возвишена, а едновремено конкретно човечна. Христос ветува дека се’ е подготвено на небото - за сите суштества на земјата кои духовно се усовршуваат низ законите на постоење со вера во Бог, вера всадена од Бог, Создавач, Спасител, Бог Исус Христос. Царството Небесно ќе го наследат тие кои веруваат со сето свое срце, ум и почит кон животот и кон „неживата“ природа. Но природа која не е политизирана со мандат за спасување на земјата преку екологијата, тој нов лексикон и лекција за нов материјален светоглед и материјалистичка борба за владеење со светот.

Разумот и интелигенцијата на учените, како и на неписмените, има иста основа: потрага по доброто, праведното, човечното. Произволните теории или релативизирани револуции во име на човековите права, остануваат нечија неправда против нечија правда. Секуларната, генерализирана „инклузивност“ (кај масоните, и деистите/теистите) создава свои генерички закони и права, како што пропагираа и борците во Француската, Американската, Руската, Кинеската или Шарената револуција. Но, таа не содржи верување во вечната праведност и правда на беспрекорниот Исус Христос, и Христовото јавување после смртта го објаснува како пост-трауматска халуцинација.   

Масонските деисти од Европа кои рационализираа до екстремизам, и инсталираа „Нов свет“ во Америка, САД, се покажаа неинклузивни за Христијанскиот Бог, иако тоа не го очекуваа христијаните кои емигрираа таму во потрага по слобода за христијанска вероисповест. Масонската сеинклузивност се покажа неинклузивна со тоа што на псеудо божествената сила и’ даде да владее, и тоа делумно, само со природните, физичките, материјалните закони, и тоа за политички и општествени прашања. Тие одново ги ограничуваа влијанијата на духовните законитости, како што оперираа пред тоа и во Европскиот теизам и анти-теизам, во Британија, Холандија.

Тие ја исфрлаа натприродната суштина на Христијанството во чие име создаваа праведност за сите во општеството (од народот, за народот, власт на народот). Суштината на Христијанството ја модифицираа до степен на мутации какви денес се воспалуваат и ги рушат суштинските принципи на здравото општество со Христијански светоглед. Новите анти-теисти на Западот, во овие 250 години ги кородираа верувањата во Воскреснувањето на Исус, Девицата Марија, божествената инспирација во светоста на Библијата. Беше ревидирана и редуцирана и верата на амбасадорот на САД во Парисво 18. век, Бенџамин Франклин, на контраверзниот апологет на Рационализмот, Томас Пеин, и на други основачи на Новиот свет. И композиторот со длабоко христијанска словенска душа, Антонин Дворжак, беше импресиониран со тој „Нов свет“, но, за жал, тој ја наслушуваше само школката која заводливо „свири“, но не и што развива во себе.  

Бог Исус Христос продолжува да постои, во универзумот, како и во духот, срцето, енергијата, суштината на човекот, оној човек кој верува дека ќе биде дел од универзумот на Бог, преку своето верување дека Бог е во неговиот живот, живот соз-даден од Бог. Во тој круг на природните закони Исус Богочовекот оставил непобитни докази: дека безгрешно е осуден од грешните, им простува за незнаењето, и воскреснува – за да веруваат дека и тие ќе бидат спасени со Божјата милост.  

Не секој од „современите“, новодобски, „woke“ активисти, револуционизирани за една „Светска религија“, една етика, биоетика, која не признава ниту Хипократова заклетва ниту христијански законитости, не секој следбеник на други вери, може да сфати дека Воскресението е најцелосна перспектива на животот, од Земјата до Небесата. Со своето Воскресение од мртвите, Христос докажа дека сите се еднакви пред Божјата правда, дека не постојат препреки меѓу слабиот и немоќен човек и Господарот на вселената кој го љуби човештвото што го создал.

Но, препреките на земјата растат, и се главен ѕид меѓу оттуѓените грозоморни владетели на овој свет и меѓу човекот кого тие го заробуваат во пропаѓање и застрашување дека мора да прифати нова реалност, дека идат мистериозни светови кои меродавно ќе го просветлуваат човештвото, без негова согласност. Некогаш безбожните господари на светот, како и сегашните - сторија се’ најнечовечно да го обесчестат безгрешниот Исус до смрт, не знаејќи дека Исус со сопствената смрт ја порази смртта, господарите на смртта, демонските сили – со Величественото Воскресение.


Да му благодариме на Бог за неговото присуство во нас, во борба против духовната смрт, во слава на најдобрите дела во нашите животи, во чест на науките за кои Тој ни дава вдахновение за позитивен напредок, добробитни иновации, здрав разум и природна свест за човечност со Бог.

Воскресението е круна на верата. Соединување со доброто, убавото и праведното на небо, и спроведување на доброто, убавото и праведното на земја („Како на небото така и на земјата“ – молитвата „Оче наш“).

Славиме Велигден во време кога вирусот корона е трнливиот венец на главата на милиони невини жртви на планетата. И, веруваме: Исус го отвори порталот на животот кој беше затворен поради првиот грев, кој уследи со смртта на првиот грешен човек (Адам, со Ева). Воскреснувајќи, Исус се соочи со тоа, го порази Кралот на Смртта, Сатаната. Така учи и Источното Православно Христијанство, и Западните христијански умови, од Џон Милтон, до астронаутот Џин Чернан.

Така компонираше и Хендел за Спасителот, „Месија“, https://youtu.be/GXkDHlWuiWo.   

И Чајковски, за Херувимите, https://youtu.be/ggUtlUHIqQQ во космосот.

И современиот христијански музичар во Америка, Мајкл Смит, https://youtu.be/K6yeaHNXsBs

На овој Велигден, и секогаш - Те славиме, Господе!

Со солзи и плач ти благодариме што ни даде живот;

што ни даваш вечност - ако ја заслужиме!

1velik2 Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.