|
|
Манојил Мане Јаковлески : Вечна ти слава Војводо Гоце Делчев! |
4 Мај 1903 - 4 Мај 2021 118 години од смртта на Гоце Делчев. Вечна ти слава Војводо! Христијан Мицкоски : Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван. Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината. Некој денес се обидува да не натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите претци, да заборавиме на Гоце Делчев и на македонството. Еве, ќе им порачаме дека тоа никогаш нема да го дочекаат. Благодарение на сите кои се вложија а некои и го дадоа животот за Македонија, Таа денес застанува на нозе и покрај предрасудите што нашите политички опоненти ги имаат. Едноставно тие не можат да се помират со фактот дека некој е подобар и поуспешен од нив, дека некој знае да работи за народот, а не само да зема од него. Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување. Да му заблагодариме на Господ Бог, да им заблагодариме на сите македонски генерации што како аманет ни ја предаваа МАКЕДОНИЈА за да ја пренесуваме и ние, да и заблагодариме на судбината што не одбра токму нас, овие генерации да подигне здравица во име на вековите. Гоце Делчев и ВМРО значи достоинство. Македонија ќе постои затоа што илјадници Македонци во Македонија и Дијаспората ја следиме идеологијата на нашите предци, на Гоце Делчев и на ВМРО, затоа нема да дозволиме некои продадени души да ни ја разнебитат Македонија. Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска! Македонија е се што имаме, Ние немаме друга татковина. Вечна ти слава Војводо Гоце Делчев! Се‘ за Македонија! Македонија вечна! АМИН! Манојил Мане Јаковлески |