|
|
Зоки не мирува со финансиски скандали |
Зоки не мирува со финансиски скандали Во овој период од годината, момчето од Муртино заедно со својата свита почна на големо со матни зделки и проневери изразени во милионски суми во долари и евра се со цел да го полнат изборното финансиско СДСМ-овско конто за изборната кампања за претстојните локални избори. Подолго време во јавноста се споменуваше ген-сек Рашкоски со милионски проневерени суми, а потоа најголемиот скандал со уплатата на 7.8 милиони долари на фантон фирма од Хонг Конг која наводно се јавувала како посредник во набавката на вакцини од Кина. Во оваа прилика само да нагласиме дека на самиот почеток од оваа афера и министерот за здравство Филипче и премиерот Зоки- зајчето нагласуваат дека сумата е уплатена за кинеската вакцина "ксинофарм". Потоа, истиот двоец блефира пред македонската јавност дека е дадена гаранција за истите вакцини. Резултат на тоа е долгото одоголвлекување на вакцините кои живот значат за болните со смртоностиот вирус Ковид-19. Во оваа СДСМ-овско изборно финанскиска рашомонијада почна како кула од карти да му паѓаат проектите, на пример: во општина Центар, каде треба да се изградат висококатници наспроти хотелот Холидеј Ин. Се отвора тридецениска желба во преден план за перење на финансиски средства во изградбата на долгоочекуваниот клинички центар. Автопатот Кичево-Охрид каде со кинески средства се работи неколку години и на истиот не му се гледа крајот. Во мојот роден град Прилеп, кабинетскиот градоначалник кој по вокација е лекар-ортопед почна да го полне изборното ќесе со уредување на огради на неколку основни и средни училишта во градот под Марковите Кули. Истиот предлага вакцинален пункт да биде во спортската сала во медицинското училиште Ѓорче Петров. Иронијата да биде уште поголема, тоа е спортска сала изградена во владеењето на ВМРО ДПМНЕ на чело со довчерашниот ревносен градоначалник Марјан Ристески. Но ова е со спортски жаргон кажано голема прилика и шанса да се обезбедат услови за наменско употребени финансиски средства во санирањето на административните проблеми од една и средувањето на ентериерот и екстериерот на спортските сали и тоа: спортска сала Македонија и универзална сала од друга страна. Фирмата лојална на Јованоски ги закрпува дупките по сообраќаниците во градот под Марковите Кули. Ортопедот Јованоски треба да се запраша "Кој го чува градот Прилеп?" кога првата личност на прилепската полиција е фатен во криумчарење на дрога, а иронијата да биде уште поголема, на прилепската општа болница е поставена личност со несоодветно образование за таа работа. Само да потсетиме дека на ЈКП Водовод и канализација е поставен инспектор за прв човек на фирмата. Оваа колумна се однесува и на локално и на централно ниво, со цел да ги предупреди момчињата обоени во сино на чело со клептоманот Зоки Заев дека нема лажирање на претстојните избори, иако, се доделени преку 200 пасоши на исламски терористи во акцијата наречена под кодното име Мафија, каде веднаш се донесени судски одлуки. Со овој потег се докажува дека судско сваровски свитата се уште е под контрола на клептоманот од Муртино. Се надевам во догледно време ќе се донесе пресуда и за струмички глобал, и конечно во Шутка да го видиме Зајчето. За спортската опрема (тренерки и патики) Зоки нека не се грижи оти неговиот затворски колега Камчев ќе му даде спортска опрема. Дипл. Екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |