|
|
Рубинчо Видое Јованоски : Потекло на имотот на Мијалков |
Некогашниот директор на УБК Сашо Мијалков кој досега има добиено 20 години затвор и кој се товари за уште 2-3 дела моментално се наоѓа во Шутка, со единствена цел да не побегне од Македонија. Во оваа прилика само да се потсетиме дека при крајот на месец Февруари оваа година се објави меѓународна потерница против Саше оти не се појави на одлежувањето на затворската казна. Иронијата да биде уште поголема С.М. се појави по неполни 24 часа и на провладини медиуми во кратки ракави а по негова изјава дека имал симптоми на корона и висока температура, а сигурно под наредба на Зајчето, се појави во јавноста и замина во Шутка на одлежување казна притвор. Во оваа прилика само да се потсетиме дека Зајчето со европско знаменце се обиде да обезбеди мнозинство за да се изгласа промена на уставното име на нашата земја, тогаш низ собраниските кулоари се спомна името на Саше да помогне во тенкото обезбедување на мнозинство. На голема радост на Зајчето, тоа на Саше му успеа со одметнување на 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и со тоа во минута до 12 часот се обезбеди мнозинство за гласање на луѓето обоени во плаво. Условите за живот во Шутка сигурно не му се допаѓаат на лицето С.М. за разлика од "хотелскомериотските" услови и под негов налог неговите бранители понудија гаранција од верувале или не, фрапантни 10.8 милиони долари за да заврши во домашен притвор. Овде се исполнети условите да се активира финансиската полиција и истата да го провери потеклото на овие фрапантни бројки понудени од страна на лицето С.М. На крајот се плашам да не има некој таен договор со момчето од Муртино кој и за само еден денар проневера може да си го промени своето име и презиме асоцирајќи на неговите бомби во Бошко Буха. Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски -Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |