|
|
Рубинчо Видое Јованоски : Перење на пари со хуманитарен предзнак на хуманитарни вакцини |
Во време кога сите земји на земјината топка најавуваа вакцини обезбедени од производители а кредитирани и лиценцирани од СЗО, за жал, нашата извршна власт меѓу последните во светот ги набави и воедно ги доби вакцините. Во последните лиферувани информации во електронските печатените медиуми излезе во јавноста информација дека нашата извршна власт на чело со "алчната личност за пари", лицето со иницијали З.З. и министерот за здравство Филипче ја потврдија информацијата дека уплатиле фрапантни 7.8 милиони долари на посредничка фантом фирма од Хонг Конг за набавка на 200 000 вакцини од кинески синофарм. За жал, фирмата што посредувала испаднала од игра и следствено на тоа, парите биле вратени во нашата земја. Во тоа време извршната власт беше "во бунило" и секој ден и на секој брифинг со новинарите најавуваа дека вакцините се на пат и дека доминицилното население може да се подготвува за вакцинација. Иронијата да биде голема, вакцините биле на пат, од северниот сосед хуманитарно добиени приближно 8 илјади дози. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ нагласи дека вакцините не треба да се платат, но Зајчето не сака милостини и нагласи дека вакцините ќе бидат платени од македонскиот буџет. Со тоа вакцинирањето почна во Македонија, но, северниот сосед направи уште еден хуманитарен потег за нас, а тоа беше вакцинирање на нашите граѓани во Врање и Ниш. Извршната власт на Република Македонија на чело со лицето З.З. во знак на благодарност ги отвара патарините за српските сограѓани од 15 јуни до 15 август оваа година на патарините до јужниот сосед Грција, а со исклучок на македонската дестинација Охрид. Но Зајчето со секој потег сака да "испере" пари, па така на српските граѓани ќе му се делат картички кои треба да ги приложат на македонските патарини. За таа цел, Владата на Република Македонија ќе издвои 2.8 милиони евра кои наводно наменски ќе биле употребени за јавното претпријатие кое стопанисува со сообраќајната инфраструктура во нашата земја. Во оваа прилика се поставува прашањето зошто за 8 илјади донирани вакцини од Република Србија од една да компензираме со банални картички со 2.8 милиони од друга страна. Едноставно може да се донесе уредба со приложување на идентификациона документација: пасош, возачка дозвола или лична карта, уште на граничниот премин и следствено на тоа да се пропуштат српските граѓани слободно и без финансиски средства да се движат по македонските патишта. 2.8 милиони евра е добро да се употребат во набавка на нови вакцини од една или вбризгување на истите во Јавниот долг кој досега забревтано се движи од 65-70% од друга страна. Дипл.екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |