Среда, 09 Јуни 2021   
Ѓорѓи Илиевски : ЗЕЛЕН АХМЕТИ- BLERTE AMETI

1g121

На Светскиот ден за заштита на животната средина. Политичката партија ДУИ на чело со нивниот лидер Али Ахмети (на албански Ali Ameti) ја прославуваа својата 19 – 20 години од роденденот на партијата. Во печатените и електронски медиуми се појавуваа и пишуваа многу „ спектакуларни“ претпоставки на политички изненадувања од „ албанец за градоначалник на Скопје“, „нов министер албанец во МВР“ или ќе има некое „Pse jo“  и слично.

Но, на денот на роденденот на ДУИ лидерот Али Ахмети-Ali Ameti, настапи со  „Зелена агенда - Blerte agjende“, каде што како заложба истакна за: „...квалитет на животот, условите за живот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда...“. Ова прв пат покрај албанскиот го истакна на македонски јазик.

За некого чудно, за мене не. Зошто?!

Затоа што почесниот доктор Али Ахмети-Ali Ameti прогласен на  Универзитетот во Тетово, познат по докторски плагијати и „ квалитетно образование“, како и оној во Скопје под име „Мајка Тереза“, а за струшкиот на Рамиз Мерко и да не зборуваме.

Како што пренесуваат невладините организации од Тетово кои се грижат за животната средина велат: „ можеби докторирал на Blerte agjende  и затоа денес: „Шара е зелена, убава чиста, водите бликаат, тетовчани пијат ладна и бистра вода се пресреќни и ја пејат она убавата песна Зелено е зелено... заедно со најдобриот градоначалник Теута Арифи, заштитничка на животната средина и зеленило“.

Ваква убавина и со „Зелена агенда- Blerte agjende“ ја имаме „покрај Охридското Езеро, жителите на охридскиот и струшкиот регион се пресреќни од зачувување на животната средина, чисти води, нема загадувања задоволни се од градоначалниците Георгиевски и од вонредниот професор со ненострифицирана докторска диплома добиена од „ легендарниот Нови Пазар-Р.Србија“ Рамиз Мерко. За нивните ангажирања за „Зелена агенда- Blerte agjnde“ се „восхитува и УНЕСКО“.

Колку е убаво ова. Ја читам книгата и децата со внимание слушаат. Леле колку е убаво. Ме прашуваат леле колку е убаво во книгата за нашата земја-МАКЕДОНИЈА. Ама ова е во бајките. Не, велам ова ќе биде и кај нас. Кога Али Ахмети-Ali Ameti проговори на македонски „ќе биде“. Со право на „прославата му реагираше Ali Ameti на министерот за животна средина на „ македонски јазик“ , со зборовите „потребно и пожелно е да го знаеш македонскиот јазик, гледаш јас како проговорив, со тешко срце и ти треба да кажеш нешто. Министерот за животна средина му одговори „да ќе се потрудам за ова исто како и предходните министри што ги постави zoti Ameti (господин Ахмети), ќе зборувам на зима кога ќе биде загадена животната средина, поразителни здравствени билтени....Pse jo!“.

Е, ова е мојата Македонија!!!.

Ѓорѓи Илиевски : Виш просветен инспектор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.