|
|
Рубинчо Видое Јованоски : Земјата оди во банкрот |
Во денешни услови кога во сите земји на Земјината топка владите на истите штедат финансиски средства со цел да се совлада економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19. За разлика од подобростоечките и финансиски стабилни земји, нашата извршна власт пред извесно време нагласи дека за владини функционери ќе најави 45 лимузини со оперативен лизинг од 36 месеци. Всушност ова е втор тендер во најава со оној од 2018 година кога исто така беа набавени лимузини со оперативен лизинг. Од ова може да се заклучи дека актуелната власт ако нема предвремени парламентарни избори и во 2024 година ќе има нов тендер за набавка на нови лимузини. Овде иронијата да биде уште поголема кога извршната власт се расфрла со непотребни финансиски средства, доминицилното население плива во долгови. Јавниот долг ја надмина црвената линија и моментално е околу 60% со тенденција да расте до 65%, тоа е еден вид најава за банкрот на земјата. Од Заводот за статистика објавија резултати дека од првиот квартал оваа година БДП е под -1,9%. Во најава е поскапување на електричната енергија, а на секои 7 дена се покачуваат цените на нафтените деривати. Во една ваква сложена финансиска состојба треба да се мисли и за покачување на данокот особено на имот од една и во оваа вонредна ситуација да се воведи минимален данок со назнака за зачувување на животната средина. Исто така подобро е ДДВ за електрична енергија од 18% да се намали на %5. Иронијата да биде голема, и ФЗО во оваа пандемиска криза кога истото треба да вбризгува финансиски средства со цел обезбедување на истите во лекувањето на доминицилното население во борбата против корона вирусот Ковид-19 и тие набавуваат две луксузни лимузини. Извршната власт и ФЗО треба да обезбедат услови за пациентите заразени со Ковид-19 да имаат исти услови за помош во јавните и приватните здравствени установи. Во една вонредна состојба која истата е одобрена од законодавниот дом треба со посебен амандман на одреден член на законот за здравствено осигурување со цел да има уравниловка во поглед на наплатата на финансиските средства за успешното лекување. Има моменти кога семејства со минимален месечен паричен надоместок и оние со средна класа да бидат принудени да земат заем од роднини и пријатели и најтрагично е да обезбедат средства со хипотекарни кредити со цел да ги подмират трошоците особено во здравствените установи каде цените за лекување се баснословни. На крајот што ќе се случи а досега се има случено, да почине пациент во приватна здравствена установа со аконтација од страна на семејствата со импозантни финансиски средства? Дали истите финансиски средства ќе му бидат вратени на нажалените семејства? Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |