|
|
Повеќе од три децении ВМРО ДПМНЕ на браникот на националните интереси |
Свекрва
Внатершната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО ДПМНЕ) е конзервативна партија со демохристијанска идеологија. Таа е основана за време на процесот на дезинтеграција на Југославија на 17 јуни 1990 година во Скопје, Името на партијата доаѓа од историската Македонска револуционерна организација основана во 1893 година, која се залагала прво за политичка автономија, а потоа за создавање држава на македонскиот народ. Од тогаш до денес, повеќе од три децении ВМРО ДПМНЕ се наоѓа на браникот на националните интереси Следејќи ги стапките на историското МРО, од првиот момент ВМРО ДПМНЕ застанува во одбрана на името, идентитетот и културата на македонскиот народ. Така на првите повеќепартиски избори одржани во ноември 1990 година, ВМРО-ДПМНЕ се залагала за конфедерален статус на Македонија во тогашната југословенска федерација, а меѓудругото се залагала за „македонска војска, полиција и македонска фудбалска лига“. Таквиот став на ВМРО ДПМНЕ ќе доведе до осамостојување на државата на 8 септември 1991 година, создавање на своја војска, полиција, македонска фудбалска лига, но и македонска фудбалска репрезентација, што беше спротивно на заложбите на поранешните комунисти (СКМ – ПДП), денешни социјалдемократи СДС. Во текот на три децении, социјалдемократите се откажаа од знамето, од македонскиот народ кој живее во соседните држави, го сменија името, ја направија земјата двојазична, а сега тргуваат со историјата, јазикот и културата на македонскиот народ. Точно е дека ВМРО ДПМНЕ има тврд став кон Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија, кои задираат во националните интереси на македонскиот народ и македонската нација. Партијата веќе три децении е на браникот на одбрана на македонскиот идентитет, за разлика од другата најголема македонска партија чии челници за личен интерес тргуваат со нациналните интереси, како да се пиперки и друг зарзават од нивите во Срумичко. За време на владеење на коалицијата СДС и ДУИ Македонија стана обезличена, со зголемен степен на корупција и криминал. Потребно е што побргу да се врати ВМРО ДПМНЕ за да се врати ликот на македонската држава, а де се острани корупцијата и криминалот. Да се работи за Македонија е одговорност, одговорност на илјадници кои се бореле, а голем дел го дале животот, тоа е одговорност и кон идните наши поколенија. Но, за да се направи тоа, Македонскиот народ мора да биде обединет и целосно да ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој треба да ги продолжи светите идеали на нашите претци.
Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска, Македонија е наш благослов. Среќен 31 роденден ВМРО-ДПМНЕ ! |