Среда, 16 Јуни 2021   
Гојко Јаковлески: НА МИЦКОВСКИ МУ ПОСАКУВАМ ШТО ПОБРЗО ДА ЗАСТАНЕ НА ЧЕЛО НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 4

Гојко Јаковлески: говор на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ 17.06.1990 г.

   На 17 јуни 1990 година во Младинскиот културен центар „25 мај “ во Скопје, беше одржано  основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ.          Во пресрет на овој историски ден, со еден од оснивачите на  ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Делчев Рафкин (Гојко Јаковлески, роден на 20 февруари 1935 година, во гостиварското село Зубовце) редакцијата на порталот „Македонска нација“ имаше подолг разговор за основањето на ВМРО-ДПМНЕ и  пренесуваме  дел од  разговорот.

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 5

          „Во тридецениското опстојување како самостојна, независна и суверена држава Македонија, последниве неколку години, откако со државата раководи коалицијата предводена на СДСМ  со  нејзиниот лидер Зоран Заев и ДУИ, Македонија го допре дното, нема повеќе каде да тоне. Ако не се преземат радикални политички мерки (предвремени парламентарни избори), нова Влада сочинета од македонски патриоти кои си ја сакаат Македонија, со политичка програма во која ќе ги набележат  и ќе ги надминат  актуелните горливи  проблеми , лесно може да ја загубиме државата, сериозно предупредува Гојко Делчев Рафкин. Во овој контекст додава: Новата Влада, веднаш, без одлагање, ќе треба да преземе мерки кои ќе дадат резултати   во надминување на  состојбите во економијата и политиката, достојно и постојано да го почитува Уставот на Република Македонија и законите без селекција, толеранција,  институциите , царината Управата за јавни приходи, инспекциите,државните органи, да се реорганизираат и да одговорат на задачите за кои се формирани. Исто така, треба да се преполови администрацијата која ќе биде поефикасна итн.“

          Каде го гледадате  излезот од ваквата состојба?

          „Сплотување, обединување на македонскиот народ, заеднички чекор по чекор да се опорави економијата, тоа е возможно со капитални инвестиции во повеќе дејности, намалување на невработеноста и корупцијата. За да го постигнме ова, според мое мислење, потребно е во партиите на македонскиот блок да завладее демократија, а не само декларативно, како што е досега, да има соработка, а за значајните македонски прашања, без разлика кој е на позиција или опозиција да се одлучува со концезус. Мора да се донесе заедничка Резолуција и црвени линии . Според мое мислење  идната влада  ќе мора  да ги пресече корените на непочитувањето на законите, непотизмот, корупцијата, на државните функционери и пратеници  да им се намалат привилегиите и да се бара одговорност, да се разграничат и самостојно да делуваат  законодавната , извршната власт и судската власт.

Во изминатите три децении од постоењето на самостојна македонска држава, извршната власт, не само што ги контролирааше, туку  командуваше со законодавната и судската власт. Така, државата  неможе да опстојува и да напредува. Читаме, слушаме во последниве неколку години, откако власта ја предводи СДСМ со помалите  коалициони партнери и ДУИ, ни се случуваат скандал до скандал., кои се заташкуваат. Го слушам премиерот Зоран Заев како го брани  екс генералниот секретар  дека  во неговото работење нема криминал, ја напаѓа обвинителката итн. На овој  начин директно се меша во судската власт, што не е дозволиво. Со негово влијание се заташкуваат повеќе  скандали  на јавноста и се добро познати. Оваа Влада секој ден  ја тресат скандали  во сите сите области, а судска разрешница нема. Мора да се стави крај на ваквото владеење со прекршување на многу закони и на Уставот, пак, ќе повторам и категоричен сум, доколку   веднаш не се  делува да се стопира ваквото самоволие и незаконие,Македонија  ќе ја загубиме , за која се бореа многу генерации илинденци, партизани, Македонци кои сакаа да живеат во слободна држава Македонија, а не во ропство.

          Континуирано, а особено пред прославата на 31 роденден на  ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи се изнесуваат невистини за тоа кои се оснивачите на партијата. Како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кое е вашето мислење?

На основачкото  сообрание на 17.06 1990 година му претходеа  средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен. Многу пати во интервјуа сум го кажал своето мислење, друго нема и никој не го демантирал.

Темелите на ВМРО-ДПМНЕ ги удривме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година, а ги осветивме на 17 јуни 1990 година (недела), на Основачкото собрание што го одржавме во тогашниот Дом на младите “25 мај“. На демократски пат ги избравме  органите и телата на Партијата. Категоричен сум таа е вистината, друга нема!

          Какво е Вашето мислење за Христијан Мицкоски,  актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

          Партијата одлично ја води, ако се има во предвид дека со преземањето се случуваа многу турбеленции. Против поранешни министри и членови на Извршниот комитет за криминал се водат судски постапки, некои се завршени со пресуди, многу тешко е да се консолидира партијата. Тој во тоа успеа . На демократски начин беа извршени замени на раководствата на општинските комитети, на Централниот и Извршниот комитет.

          Преетседателот Др.Професор Христијан Мицковски е демократ од светски ранг, интелегентен, високо образован, македонски патриот, чесен, трудољубив, со членовите на раководството и со членството, подржуван од македонскиот народ, води беспоштедна борба против домашните предавници  во  одбраната на македонскиот идентитет , македонскиот јазик, како и на поништување на двата страмни договори кои актуелната власт, спротивно на Уставот ги потпиша со Грција и Бугарија.

          Целосно го подржувам претседателот Мицковски и му посакувам успех во заложбите и што побрзо да застане на чело на новата македонска Влада.

Среќен 31 роденден ВМРО-ДПМНЕ!

Дани е вечна Македонија!

АМИН!

Разговорот го водеше Киро Кипроски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.