|
|
Зошто Бугарија сака да ја присвои македонската историја? |
Свекрва „Македонија и дала на Бугарија 8 министри, 13 дипломати, повеќе од 54 пратеници, 11 митрополити, 12 универзитетски професори, 83 научници, писатели и публицисти, 32 уметници, скулптори, музички уметници, повеќе од 24 високи службеници во одделот за образование, 96 судии и адвокати, повеќе од 70 виши аминистративни службеници , 70 лекари, 32 инженери и архитекти, 679 активни и резервни офицери, 568 наставници, 96 високи духовници и 1378 други службеници.“ – се наведува во студијата на д-р И. Танчев врз основа анкета од 1918 година. Бугарија нема да се откаже од ветото за членство на Македонија во ЕУ, се додека Македонците не ги прифатат бугарските корени, не се откажат од сопствена историја и јазик до 1945 година. Зошто тоа го прават Бугарите? Едноставно во недостаток на сопствени синови, сопствена историја Софија е принудени да присвојува туѓа, во овој случај македонската историја. Тоа го прави зошто при формирањето бугарската држава па до Балканските војни, како и потоа во изградбата на бугарската интелигенција е вклучена македонската компонента која е со европско образование. Имено, бегајќи од зулумите на турската власт и качаците, македонска младина и македонската интелигензија едуцирана во европа наоѓа засолниште и работа во бугарското кнежество. Според студијата на доц. д-р Иван Танчев за „Македонската компонента за формирање на бугарската интелигенција со европско образование (1878 - 1912)“ „за време на преродбата, од Македонија произлегуваат 501 лице (11,3%),..“. Авторот посочува дека македонска компонента има и „при формирање на интелигенција по воспоставување на бугарската државност во 1878 година. Тоа вклучува, како личност од македонските емигранти во Бугарија, така и млади луѓе во самата Македонија кои успеале да добијат современо образование.“ Исто така, во студијата се наведува дека „според анкетата од 1918 година, Македонија и дала на Бугарија 8 министри, 13 дипломати, повеќе од 54 пратеници, 11 митрополити, 12 универзитетски професори, 83 научници, писатели и публицисти, 32 уметници, скулптори, музички уметници, повеќе од 24 високи службеници во одделот за образование, 96 судии и сдвокати, повеќе од 70 виши сминистративни службеници, 70 лекари, 32 инженери и архитекти, 679 активни и резервни офицери, 568 наставници, 96 високи духовници и 1378 други службеници...“. Авторот воглавно се фокусира „само на фреквенциите на интелигенцијата со македонско потекло, која во горенаведениот период учи на европски универзитети, академии, конзерваториуми, училишта и школи.“ Надвор од неговото видно поле, како што наведува се „остануваат воспитаниците на Вишата школа (од 1904 година, универзитет) во Софија, кои се стекнаа со американско образование на Роберт колеџот во Цариград, на Американското медицинско училиште на сирискиот протестански колеџ во Бејрут..., како и оние кои се образуваат во турските установи.“ Исто така, во студијата се наведува дека од вкупниот број на заинтересирани дипломирани студенти на европски образовни институции само 26 се жени, што е 6,1%. Ова се објаснува како резултат на ориентално конзервативна традиција, која ја држи жената надвор од социјалниот живот и од културата. Интересна е анализата од каде овие студенти потекнуваат. Меѓу центрите „со најмногу воспитаници на европски образовни институции, прво место го завзема Велес, каде што се родени 52 лица. Понатаму, во рангирањето на градовите и паланкините го имаме следново: Прилеп - 47 лица, Охрид - 30, Битола - 25, Крушево - 19, Кукуш - 14, Ресен - 13. Во Скопје и Штип се родени по 10 лица, по 9 во Воден и Криворечка Паланка, по 7 во Солун и Банско, а од 1 од 5 во Џумаја, Тетово, Струмица, Кратово, Неврокоп, Куманово, Мехомија, Гумење, Струга, Дојран, Радовиш, Кочани, Кавала, Кавадарци, Лерин, Дебар, Гевгелија, Петрич, Костур, Белица, Мелник, Кичево, Јакоруда. Следните села се истакнуваат според истиот показател: селото Гајтаниново и селото Либјахово, Неврокопско - соодветно со 8 и 5 лица, селото Загоричане, Костурско - 4, а со по 3 лица се селото Подмочани, Ресенско, селото Владово, Воденско, селото Плевња, Драмско и селото Емборе, Кајларско. Љубопитно е патем, во некои од македонските кази (окрузи) селата се најмногу често родните места на европските дипломци. Додека, на пример, во Костур само еден таков дипломиран е роден, уште 21 се родени во костурските села: Загоричане (веќе споменавме порано), Б. Блаца, Смрдеа, Вишени, Косинец, Лабаница, Бобишта, Куманичево, Бабчор, Мокрени, Осничани, Јановени. Друг сличен случај е Неврокопската каза каде заинтересираната пропорција е 4:18 на штета на административниот центар и респективно во прилог на селата: Скребатно, Старчишта, Кара-Ќои, Обидим, Гајтаниново и Либјахово.... Еден општ преглед на местата на раѓање, а имено, според кази, ја става во преден план битолската каза, каде се родени 67 европски воспитаници, на второ место - Велешката (со 52 лица), третиот - Прилепската (со 47 лица), четвртиот - Охридската (со 34 лица). Значајно е што сите тие се наоѓаат во Западна Македонија и следствено на тоа од таму потекнува преовладувачкиот дел од заинтересираната интелигенција. Но, свој повеќе или помалку важен придонес во оваа смисла даваат скоро сите региони во други делови на погодената земја, како што се Костур, Неврокоп, Разлог итн. Единствен исклучок прават најјужните граници на Македонија. (без Солун), каде грчката асимилација ... дала резулта. “ Огромно мнозинство македонски студенти студирале на високообразовни институции. Според студијата на д-р И. Танчев „од специјалните студии се издвојуваат претежно правните науки кои ги претпочитаат 89 луѓе. Во продолжение следува: медицина - 77 лица, историско-филолошки науки и филозофија - 41, природни науки - 31, инженерство - 30, воени академии - 26, теолошки академии - 24, виша педагогија - 10, стоматологија - 9, државни и политичко-административни наука исто 9 и т.н.. Од средните училишта кои обезбедуваат средно специјално образование, најпосакувани се теолошките семинарии и воени училишта - соодветно 28 и 15 лица и до одреден степен педагошки училишта - 7 лица. “ Студијата се осврнува и на земјите во кои Македонците студирале? Во неа се вели дека „правните науки (право) ги следеле главно на Швајцарија (Женева, Лозана) и Белгија (Брисел). Медицината најчесто се изучувала во Франција (Монпелје, Нанси, Лион) и Русија (Москва, Киев). Теолошки академии и семинари, како и воени академии и училишта најмногу се посетувале во Русија, природни науки и високо образование - во Швајцарија, Женева, Париз, историски и филолошки училишта - во Германија (Лајпциг, Јена), инжинерство во Белгија (Ганд) и Германија (Минхен, Дрезден). Ако сакаме да бидеме исцрпни, мора да го споменеме следново: Санкт Петербург, Одеса, Кишињев, Харков, Казан, Елисаветград, Николаев, Екатеринослав, Чернигов, Кронштат, Полтава - во Русија; Берлин, Хале, Ерланген, Вирцбург, Хајделберг, Тибинген, Дармштат, Грајфсвалд, Гатинген, Карлсруе, Ајзенах, Митваида, Котен - во Германија; Париз, Екс-ан-Прованса, Бордо, Тулуз, Шалон-Марн, Брест - во Франција; Виена, Загреб, Прага, Линц, Черновци, Грац, Трст, Табор - во Австро-Унгарија; Торино, Рим, Неапол, Пинероло - во Италија; Фрибург, Берн, Нојхател - во Швајцарија; Лиеж - во Белгија; Балкански универзитетски центри Атина, Белград, Букурешт.“ Еден дел од младите Македонци кои потекнувале од претежно сиромашни средини, студирале со стипендии кои ги обезбедувале бугарските институции. Тука е спомнато дека „Бугарското добродателно друштво во Букурешт“, со кое раководна улога имал Евлогиј Георгиев - најголемиот претставник на бугарската буржоазија во 19 век. „Друштвото, уште од формирањето одлучило дека еден од поддржаните треба да биде Македонец ...“ Исто така се наведува дека „само до 1892 година обезбедувала стипендии и друга парична помош за повеќе од 50 млади луѓе од Македонија, кои студирале во европски образовни институции. До 1912 година, овој број се зголеми многу пати, за што сведочат стотици објави во Државниот весник со официјални наредби на Министерството за образование. Посебно треба да се спомене ставот на Бугарската егзархија во Константинопол, кој покрај обезбедувањето стипендии за млади луѓе од Македонија за студирање во европски образовни институции, го замоли рускиот амбасадор да дел од руските стипендии „да се даваат повеќе на македончињата“ . Стипендии со иста цел се доделуваат и од владата на Источна Румелија (до Унијата - со Кнежеството Бугарија во 1885 година), донаторскиот фонд на Петар Н. Керемекчиев „Народнообразование“ и др. “ Треба да се има во предвид дека бројот на дипломирани Македонци во европските образовни центри кои по Првата светска војна барале засолниште во Бугарија, многукратно се зголемил. Ако се има во предвид фактот дека еден дел од Македонците по дипломирањето нашле засолниште и работа во Бугарија, дека оваа интелигенција учествувала во изградбата на бугарското општество по формирањето на бугарската држава 1878, дека некои од нив декларативно се изјаснувале како Бугари за да не ги изгубат бенефициите. тогаш можеме тука да ја бараме заедничката историја, но никако не можеме да говориме за целосна заедничка историја и да ги прифатиме бугарските корени на македонскиот народ. Софија добро знае дека Македонците во Бугарија од секогаш само декларативно се изјаснувале како Бугари, како што денес тоа го прават многу Македонци за добивање бугарски пасош кои пак им обезбедува работа во ЕУ. Во тоа време, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, многу од Македонците за да го покажат своето потекло, покрај името и презимето го додавале Македонски. Всушност сите тие тежнееле да ја видат Македонија како независна држава со паролата „Македонија на Македонците“, за што сведочат повеќе македонски срудентски друштва во европските универзитетски центри од тоа време. Ако не е така тогаш Бугарија треба да објасни зошто по Првата балканска и Втората светска војна во окупираните Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија носеле службеници и војска од стара Бугарија. Имено, во текст под наслов „Бугарија и Македонија“ и поднаслов „Една одлука за службениците и војската“, белградска „Политика од 09.12.1912 година објавува дека „На претпоследната седница на министарескиот совет во Софија донесена е одлука за службениците и гарнизоните на освоените територии кои ќе и припаднат на Бугарија. По таа одлука, во новоослободените предели ќе се испратат како службеници само оние лица кои се родени во стара Бугарија. Исто така македонските гарнизони ќе се пополнуваат со војници кои се регрутирани во досегашна Бугарија. Регрутираните Македонци ќе служат во гарнизоните на стара Бугарија, исто така таму ќе бидат испратени на служба службеници Македонци.“. И за време на Втората светска војна Софија на територијата на Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија кои се под нивна окупација испраќаат лица родени во стара Бугарија за потребите на цивилната и воената власт, додека лицата од Македонија се испраќаат во Бугарија. Вакви одлуки се носат бидејќи Софија знае дека е окупатор и таа немала доверба во локалното македонско население. Од сето ова горе напишано произлегува дека ако Софија ги признае Македонците, особено оние што ја граделе Бугарија, тогаш нема да им останат бугарски синови ниту историја со која би се гордееле. (Извор: Танчев, Иван (2001). Македонският компонент при формирането на българската интелигенция с европейско образование (1878 – 1912). Македонски преглед. XXIV. стр. 53; https://drive.google.com/file/d/182EVZ3H8o8ZgvBGT2WRWY11e5uCP_hUI/view; file:///C:/Users/Intel/AppData/Local/Temp/03b_Tanchev_.pdf; Политика 09.12.1912) |