Среда, 07 Јули 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 126

1martin1

ШТО ИМ Е ЗАЕДНИЧКО НА СКОПЈЕ И ЧИКАГО?

1.    Што им е заедничко на Скопје и Чикаго? Рекетот! Деновиве разбрав дека, наводно (!?)(не тврдам бидејки информацијата ми е од втора рака), во скопско Дебар-маало десетици кафеани (со исклучок на една, до две) биле  п р и м о р а н и  да плаќаат по две илјади (2.000) евра месечно на актуелната власт!? Дали е точна информацијата, или не, треба да се  утврди, но доколку е - тогај работата е многу загрожувачка!

       Не доразбрав дали овој класичен рекет наводно го прави општинската, градската, или републичката власт, но воопшто тоа не ме изненадува бидејки ноторна вистина е дека нема тендер (особено на ниво на град Скопје) а некоја од споменатите три нивоа на власт не зацрта процент за себе! Или, друг пример: на спортски тренер градот му дава седум (7000) илјади евра месечна плата, но под услов: четири (4.000) илјади евра за него, како плата, а  три илјади (3000) евра во нечиј приватен џеб!?  А каде одат парите од рекетот? Во приватни џебови (градоначалникот Шилегов јавно се пофали дека веќе е милионер, но ај да провериме каква беше неговата имотна состојба пред да дојде на позицијата градоначалник на Скопје), или за предизборни поткупи на гласачи?

      Сепак има голема, би рекол огромна, разлика меѓу рекетот во Чикаго и Скопскиот, т.е. во случајов Дебар-маалскиот рекет, што не се сомневам дека е општо раширена појава во целата земја! Разликата е што рекетот во Чикаго го правеше мафијата на Ал Капоне, а споменатиот рекет во Дебар-маало го прави актуелната власт!

      Каде има чад - има и оган, вели народната мудрост!? Но, работата треба да се утврди со факти, што го препуштам на македонското истражувачко новинарство.

2.   "Она што Бугарија не успеа да го оствари како окупатор на Македонија во Втората светска војна (1941-1945), сега се обидува да го оствари како членка на ЕУ"! Оваа мисла ја искажа поранешниот премиер и претседател на РМ и основач на партијата СДСМ Бранко Црвенковски на конференција во Сараево!

     Бугарија за сите блокади и уцени кон Македонија и Македонците секогаш повикува на резолуцијата донесена во Бугарското Собрание за споровите со Македонија во која се содржани сите бугарски побарувања кон нас. На бугарската грамзивост водечката опозициона ВМРО-ДПМНЕ предложи да се одговори со резолуција во Македонското собрание во којашто ќе бидат зацртани македонските црвени линии! Првичните реакции на партиите од владеачката коалиција СДСМ-ДУИ беа одбивни, оценувајки ја како "популизам" и "предизборен маркетинг", но во меѓувреме идејата сепак ја прифатија со забелешка за интервенции за подобровање на текстот и барање да се користи уставното име на земјата, т.е "Северна Македонија"!?

      Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот со Бугарија! Меѓу другото, се предлага: преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи го меѓународното право и достоинството на македонскиот народ. Со резолуцијата се дефинираат македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позиции по однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно  на европските вредности!

      Според Антонио Милошоски, кој је претстави предлог-резолуцијата пред македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕсе залага да се отвори расправа и да се изгради широк консензус за предлог-резолуцијата за македонските црвени линии којашто доколку се усвои од Собранието на Македонија ќе биде од помош на македонската дипломатија и општество туку ќе им помогне и на нашите пријатели во рамките на ЕУ. Бидејќи оваа предлог-резолуција се заснова на повелбата на Обединетите Нации и на Конвенцијата за човекови права на Советот на Европа од Стразбур – смета Милошоски.

     Идејата за резолуција за македонските црвени линии ја подржа, меѓу останатите и аналитичарот Сашо Клековски кој упати апел до политичарите да го следат примерот на Бугарија и да подвлечат црвените линии во Собрание, обединети за националните интереси.

    За сега, оваа идеја за резолуција во македонскиот парламент ја отфрла албанскиоит партнер во владата ДУИ. Според нив, таа идеја наводно служела за политички поени на опозицијата во пресрет на локалните избори закажани за наесен!?

3. Минатата недела во Охрид се одржа меѓународна конференција  "Преспа форум за дијалог", со до сега невидено присуство на главно поранешни, и понекој актуелен висок политичар од ЕУ и САД. Форумот главно се сведе на славопојки на лицето Зоран Заев за неговиот личен придонес за, според оценките на присутните, "успешниот Преспански договор".

  

    Предолга е листата на присутни гости на форумот (се прашувам само кој ќе ги покрие трошоците на нивното присуство), но од македонска страна освем Заев, во Охрид беше и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети и неговата десна рака Артан Груби кој дури им се обрати на присутните. Опозицијата во Македонскиот Парламент не беше поканета на настанот.

    Бројни се забелешките и критиките на Форумот во Охрид кој ги исфрли на виделина европското лицемерие и непочитување на дадените ветувања, а во прв план асиметричноста на Преспанскиот договор (според мене: капитулацијата од Нивице) на штета на македонската страна.

    Cилен впечаток мене ми остави "дуелот" меѓу Едвард Џозеф, поранешен претставник на Меѓународната кризна група и Холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп кој на критиките од Џозеф кон ЕУ за неисполнување на ветувањата кон Македонија, реплицираше дека до тоа дошло заради блокадата од една членка, која сите други 27 членки на Унијата морале да го почитуваат заради консензусот (!), што според него било "доказ за владеењето на правото во ЕУ"(!?)

   Нешто слично изрече и Словенечкиот премиер Јанез Јанша по превземањето на претседателството со ЕУ, во кого нашиве властодршци полагаа толку многу надеж за конечен старт на преговорите. Јанша во спорот Македонија-Бугарија даде предност на Бугарските ставови "бидејки Бугарија била членка на фамилијата", во однос на ставовите на Македонија, која е кнандидатка за членство.

   Своевидна ѕвезда на форумот беше поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас кој му приреди ладен туш на неговиот колега Зоран Заев најавувајќи нови вета од грчка страна доколку договорот не се почитува во целост.

4. Во прилогот "Цртички и отровни стрелички Бр. 125" информирав за тешката сообраќајка кога неодговорно 26-годишно момче тешко повреди на пешачки премин 33-годишна мајка на петмесечно бебе, сопруга на мој близок роднина. Младата жена од повредите на главата една недела беше во кома, приклучена на апарати, но никогаш не се освести и почина.

   Сопругот и таткото на починатата ги даруваа нејзините бубрези кои беа пресадени на две лица на дијализа.

   Почината жена не можеме да ја вратиме и нејзиниот син, за жал, ќе расте без мајка! Но многу сум љубопитен како сообраќајната полиција ќе го претстави ова убиство во записникот за настанот - бидејки се работи за прекршок со смртни последици, и дали против починителот (син на сопственик на хотел во Скопје) ќе добие соодветна казна за злосторот што го стори!?

5. Бугарите не кодошат ширум Европа, па и пошироко, дека ние сме им ја краделе историјата, личности од преродбата и средновековието и сл. Ме фаќа бес од самата помисла деко бугарскиот  "културен паразитизам", како што го нарекуваше ова нивно однесување пок. историчар Драган Ташковски, во последно време се нафрли и на нашата духовна баштина - македонскиот фолклор! Тие (Бугарите) си ја регистрирале како  н и в н а  нашата прекрасна песна "Јовано, Јованке" (види Wikipedia), a на Бугарскиот ТВ канал што "преговарачот" Бучковски ни го накалеми да го гледаме и ние во Македонија, деновиве беше прикажано шопско оро на музика на оваа - една од најпопуларните македонски народни песни! Какво понижување и срамота!!!

6. Некои електронски портали во Македонија објавија резултати од пописот на населениуето во Бугарија спроведен 1976 година. Нема да го коментирам пописот бидејки бројките доволно јасно говорат сами за себе.

   Сугерирам секој Македонец, каде и да е на планетава земја, да го сподели со други овој прилог за да свати меѓународната јавност како стојат работите.

martin

М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.