Среда, 07 Јули 2021   
Оваа власт мора да си замине уште веднаш!

1ab Свекрва

На 27 јуни 1992 во Лисабон беше донесена Декларацијата на Европскиот совет на ЕЗ за поранешна Југославија во која се изразува подготвеност да ја признае Поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во рамките на постојаните граници под името што не го содржи поимот Македонија. По речиси три децении, пред крај на португалското претседателство со Советот на ЕУ,  португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш македонскиот јазик го нарече „северномакедонски“ и изјави дека тој некогаш бил дел од бугарскиот.

Иако шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва изрази жалење за изјавата на Захаријаш, правдајќи дека таа направила грешка, изјавата на Закаријаш покажува дека ЕУ тивко ја поддржуваат Грција и Бугарија, сојузниците кои ја распарчаа Македонија во 1913 година и кои сакаат да исчезне единствениот дел каде Македонците успеале да формираат своја држава. Исто така, тоа значи дека тие ќе продолжат да ги малтретираат Македонците се додека не се откажат од својата историја, јазикот и идентитет, за да можат потоа да му го одземат и овој простор на кое што вирее единствената македонска држава.

Во Македонија има одродени кои ја поддржуваат ваквата идеја. Уште за време на воениот конфликт во 2001 година беше најавена можноста поделба и исчезнувањето на македонската држава. Тогаш беше изнесена идејата на неколку академици за размена на територии, во кој Македонија ќе се откаже од Тетово, Гостивар и Дебар, за делови од Преспа.

Тогашниот премиер Љ. Георгиевски, кој потоа се стекнал со бугарско државјанство, сам открил дека разговарал и со Зоран Ѓинѓиќ за размена со територии меѓу Македонија, Албанија и Косово. Како што пренесуваат медиумите, тој имал за цел дел од териториите од гостиварско-тетовскиот и дебарскиот рагион да им бидат остапени на Албанија, „а остатокот да биде однесен во наша Бугарија“.  Во тоа време на Македонците им беше најавено и дека ако не го прифати предлогот, ќе дојде време кога ќе треба да остапат многу повеќе!!!?

Денес, благодарение на СДСМ, изгледа како да се ближи тоа време. По воведувањето на двојазичност и неформалната федерализација на државата, потоа по менувањето на уставното име под притисок на Грците во Северна Македонија (име кое кога ќе го слушне Македонец му делува како некој да му опцул мајка), денес СДСМ по се изгледа се подготвува да ги прифати и предлозите на Софија за заедничката историјата, за македонскиот јазик како западен дијалект на бугарскиот и бугарските корени на македонскиот народ. Ако тоа го направи, тогаш македонската држава ќе остане без „сопственик“, а како таква беспредметно ќе биде да постои.

Всушност, ако остане СДСМ на власт, поради сето горе наведено, како и поради однесувањето на ЕУ, која под притисок на нашите соседи упорно продолжува да не држи надвор од унијата, неминовно ќе дојде до зголемување на барањата со Албанците и разиденување со нив. Тогаш Заевистите и Љубчовистите веројатно ќе се обидат да го однесат остатокот кон источниот сосед.

Не случајно, Македонија под власта на СДС и ДУИ се подготвува да го избрише лошото минато на источниот сосед од учебниците и спомениците, особено минатото од периодот од Втората светска војна, кога нашите родители, дедовци и баби, нашите роднини беа убивани ако беа против окупаторот или беа тепани на училиште ако не го знаеја или несакаа да говорат бугарски јазик, оној ист јазик од кој кобајаги потекнувал македонскиот јазик.

Меѓутоа во тој случај ЕУ, САД, НАТО мора да знаат дека можат да се јават и други баратели на македонската територија, кои според нив имаат основа во историското минато. Тогаш може повторно да се запали Балканот и да ја изгори Европа. ЕУ како да ги заборави пораките од минатото, Балканските и Првата светска војна која однесе околу 40 милиони животи.

Лошо му се пишува на земјата, Балканот и ЕУ, ако оваа власт продолжи да владее. Исто така лошо му се пишува на земјата ако македонските партии, македонските здруженија, македонската интелигенција не се обединат зад националните интереси и не ги дефинираат црвените линии од кои нема остапки, како во однос кон ЕУ, така кон соседите, како и кон било кој друг кој во иднина би барал остапки од македонскиот народ и македонската држава.

Отука секој чесен Македонец, граѓанин кој живее во Македонија, треба да го поддржи ВМРО ДПМНЕ во неговите барања во Собранието да се донесе Розолуција која ќе се дефинираат македонските државни позиции за евроинтеграциите, како и позициите во однос на било какви негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, што е пак спротивно на еврепските вредности.

Наводно СДС прифати да ја поддржи Резолуцијата. Но ако го имаме фактот дека во 2017 година Зоран Заев, по потпишувањето на Тиранската платформа, за да го добие мандатот за да состави влада од тогашниот претседател Ѓорги Иванов му достави гаранции за „заштита на унитарноста, независноста, заштита на Уставниот поредок и територијалната целина и заштита на државните интереси“, а потоа да го прекрши даденото ветување, тогаш не треба да имаме и целосна доверба доколку се изгласа оваа Разолуција. Едноставно тој може повторно ќе се колне за потоа да им даде на властите во Софија се што ќе побараат.

Состојбата е премногу сериозна и оваа власт мора да си замине уште веднаш. Се е подобро отколку ако остане оваа чума во земјата!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.