|
|
Огорчена борба околу поделба на територијата и грабање околу народностите во Турција |
Свекрва Македонија очекува дека по вонредните парламентарни избори во Бугарија ќе се формира функционален парламент и политичка влада за да продолжат разговорите за отстранување на ветото за почеток на преговорите со ЕУ. Меѓутоа бугарскиот претседател Румен Радев пред изборите порача дека резултатот од изборите нема да го смени односот на Бугарија и дека раководството во Македонија мора само да ја отстрани блокадата. Односно Македонија да ги прифатаи барањата на Софија за бугарските корени на Македонците и за непостоење на македонски јазик кој според нив бил западен дијалект на бугарскиот јазик. Софија сеуште го сонува Санстефанскиот мир од 3 март 1878 година потпишан по војната меѓу Русија и Турција, со кој делови од Македонија требало да припаднат на нововормираната бугарска држава. Иако овој договор не бил прифатен од големите сили и била извршена ревизија во јули 1878 година во Берлин, со која Македонија е вратена на Турција, Софија го празнува Санстефано како нацинален ден на ослободување на Бугарија, а Македонија ја смета за неослободена бугарска територија на која живеат Бугари. Во последните сто годин Бугарија повеќе пати влегува во војна (Прва и Втора балканска војна и Прва и Втора светска војна). Незадовална од исходот на Првата Балканска војна, од Софија почнаа да доаѓаат барања за нова распределба на тероторијата на Македонија. Тоа ќе предизвика остра рекција на Србија која револтирана поради повлекувањето од Албанија и губењето на излазот на Јонско Море, извршено под притисок на големите сили (Австро-Унгарија и Германија), нема да дозволи да го напушти Вардарска Македонија и излезот на Егејско Море преку Грција. Негирајќи го бугарскиот карактер на Македонија, Србија во тогашната штампа ќе изнесе аргументи од времето на српската пропаганда во Македонија и на Сан Стефано, за наводно српскиот карактер на земјата и нејзиното право да остане во неа. Под наслов „За Сан Стефано – едно сеќавање од 1878 година“, белградска „Политика“ од 12 февруари 1913 година пишува. „За време на склучувањето на Санстефанскиот мир, ние неколку Срби се наоѓавме во Сан Стефано. Тогаш како што е познато, не постоеше сегашна Бугарија, нити постоеше огорчена борба околу поделба на територијата и грабање околу народностите во Турција, како сега... Сан Стефано беше полн со новинари, дипломати, политичари, делегати од разни завземени покраини во Турција, од Србија, Црна Гора, Грчка и Бугарија. Секој од нас ги пречекуваше делегациите и политичарите од својата земја. Ние Србите ги пречекувавме делегациите од Србија, Стара Србија, Македонија и Црна Гора.... Цел на овие делегации беше да краевите од каде доаѓаат, да се ослободат од турското ропство и да се придружат некои кон Србија, некои на Црна Гора, а некои на новоослободената Бугарија. Сите овие делегации имаа молби од разни општини, манастири, цркви и видни граѓани; молбите беа адресирани до силите на конференцијата, или (од страна на Србите) на тогашниот Кнез Милан. Ние Србите, секоја таква молба ја земавме, ја читавме па ја препишувавме и потоа ја испраќавме преку наши преставници во Белград. Се сеќавам многу добро дека во сите молби, кои на конференцијата беа испратени од Стара Србија и Македонија, ... ниту во една не беше истакната бугарската народност...“ Во тие молби за кои пишува српската пропаганда во белградска „Политика“, меѓудругото се вели: „Пред неколку недели во молбата испратена до неговата светлост, нашиот премилостив господар и Крал Милн М. Обреновиќ IV заедно со нахијата кумановска, кочанска, кратовска и штипска и ние од нахијата криворечка ... се молевме да не прими под свое крило, а земјата... во која се раѓале, живееле и се погребани поранешните српски кралеви и цареви, да ја присоедини на сега наречената кнежевина Србија; и да не дозволи да останеме под Бугарите на кои ни јазикот не му го знаеме, ни обичаите, нити ние ни нашите претци некогаш сме живееле заедно, нити некогаш сме биле, нити сме сега, па и никогаш не можеме да бидеме со нив еден народ,.. За ова сведочи нашиот окружен град Скопје, некогашна престолнина на сите српски кралеви до Стеван Душан Силни; за ова сведочат урнатините на Качаник, град на Старина Новак и урнатините на тетовскиот град Дели Радивој. За ова сведочи нашиот јазик, обичаиите и навиките, кои многу се разликуваат од бугарските.... Дека никако не е можно да останеме под Бугарите ни под Турците, и дека сите, едните и другите одат целосно да не избришат од лицето на оваа света и напатена и многу измачена наша земја, најсилен доказ е што и сега сите жители на четириесет села на нашата криворечка нахија: голи, боси, гладни и смрзнати талкаат по туѓи краеви, не осудувајќи се да се вратат во својата татковина....“ Во продолжение на изнесените молби можеме да го прочитаме и следнното: „Така испраќајќи ти од страна на целата кичевска, велешка и прилепска нахија нашите ополномоштени Јован Хаџи Трајловииќ - Минцик, Ѓорѓе Наумовиќ и Атанас Димиќ, клечејќи ја молиме вашата светлост, нашиот Свет Крал, да не соедини со ... Србија, така да и ние еднаш се ослободиме од ропството и да станеме луѓе и корисни членови на евроските народи, а не да тешко и чемерно ропство го замениме со уште полошо и црно бугарско ропство, које ќе ни биде потешко, полошо и понеподносливо од досегашното турско и кое ќе не натера ... да ја напуштиме нашата света земја, да ги напуштиме нашите цркви и гробишта, да го напуштеме сето мило и драго што нема да биде корисно ни за Европа, ни за нашиот народ...“ Ваквите молби се резултат на желбата на Македонците по секоја цена да се ослободат од турскито ропство, но и на српската пропаганда која е активна во Македонија во втората половина на 19 век. Имено од 1968 до 1878 година во Стара Србија и Македонија се отворени 61 српско училиште. Дури по Српско-Турската војна во 1878 година, овие српски училишта се затворени, но пропагандата имала ефект кај населението во сите нахии. Во овој период имало и еден комитет од страна на емигранти од Стара Србија и Македонија, формиран во 1877 година, кој барал од Берлинскиот конгрес, Македонија и Стара Србија да и припаднат на српската држава поради наводниот српски карактер. Ваквите молби на сиромашното македонско население, кое подпаднало под влијание на српската пропаганда, подоцна Белград ќе го користи меѓу двете балкански војни за да го докаже српскиот карактер на Вардарскиот дел на Македонија. Сето тоа ќе доведе до Втората блканска војна која ќе се случи неколку месеци подоцна. Денешното негирање на Македонците и инсистирање на Софија за бугарскиот карактер на Македонија, само може да ги исправоцира и другите земји во регионот за да го оспорат македонски карактер во нашата земја. Односно да не вратат во времето на почетокот на 20 век. Токму тоа Европа мора да го спречи. Мора да се спречи огорчената борба на соседите околу Македонија и ЕУ мора да ја прими Македонија во своите редови доколку несека во иднина да се запали огнот на Балканот. |