Петок, 16 Јули 2021   
МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ

1Djordji Ilievski

Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор

На големиот христијански празник Петровден, ми се отпечати книгата МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН  КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ,  се поместени мои трудови, колумни, анализи, преставки, пишувани во 2020/2021 година( до мај оваа година).

2173

Во книгата се поместени она што го покажува практиката Перцепцијата за криминалот и корупцијата која е во секоја пора од делувањето и работењето на оваа влада. Поставените извршни институции од владата кои се нефункционални. Партизирани институции. Царува криминалот и корупцијата од сите институции и тоа од здравствените тендери до некакви провизии во ова време невреме, од доживувањето на пандемијата и големиот број на жртви...Образовен криминал и познатите соучесници во образованието во сите степени и оние од т.н. Концепти за базичното образование  и „Царовското“ арогантно туркање на дигиталните учебници и она што е важно и остава простор на надлежните органи за криминал и корупција за тоа како ќе се трошат парите кои ќе се поделат или се доделени од Светска банка?!. Секојдневни скандали од рекети не еден туку повеќе, наркомафијаштво, злоупотреба на тендери во институциите. Скандалите во МВР, со издавање на пасоши, лични карти, изводи на родени на криминалци на балканот и пошироко. Скандал кој го откри опозицијата во Македонија. Меѓународниот скандал во високото образование и молкот на Агенцијата за квалитет на високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација. Потфрлање и селективно правосудство поставување сомнителни и партиски луѓе во организирани криминали и слично. Со еден збор хибриден криминален режим, за жал, тоа се случува во моја Македонија.

Само за неколку дена по објавувањето на книгата МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН  КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ, моите пишувања, анализи ги потврди и Меѓународниот републички институт (ИРИ) кој истакнува, дека: „ дури 76 проценти  од граѓаните немаат доверба во судството“, а според, како што изјавува Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, меѓу другото истакнува: „…според резултатите од истражувањето на Балканскиот Барометар  за 2021 година спроведен  од Регионалниот совет за соработка е утврдено дека 81,1 посто од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано...“.

Трагикомичниот претседател на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев, смета според него:„…вината за корупцијата не треба да се бара само кај функционерите, туку и кај граѓаните. Џолев јавно откри дека и нему му нуделе мито...“. Ако е така, Иване, проговори јавно, кои се тие личности, во спротивно си соучесник во криминалот и корупцијата. Во нормална и правна држава веднаш треба да си поднесиш оставка. И да се најдеш таму каде што ти е местото.

Веднаш после Иван се јавува министерот за правда Маричиќ, кој го „прочисти судството“, а тој сам се прочистил со „ЛИНЕКС“  и ја убедува правната фела дека: „ Владата активно работи да се спречат сите обиди за изигрување на правдата“. Не му забележувајте, детево е во некој невладин сон. Трагикомично.

После ова се јавува Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, објавува дека:„...собрал документација за можен криминал во Боречката и Скијачката федерација на Македонија и ја доставил до ЈО“. Ова е отворен притисок кон спортските федерации на Македонија да ги променат своите имиња. После „путерот ова е големо откритие“???.

За ваквите, таргикомичности, со право, се чудеа и се чудат,како што укажуваа и укажуваат поранешниот француски амбасадор Кристијан Тимоние, како и сегашниот холански амбасадор во Македонија  Дирк Јан Коп за коруптивноста и криминалот во високите ешалони на извршната, законодавната и судската власт.

Почитувани читатели, за мене Вие сте најголемите критичари и вашата оценка е најмеродавна, а не оние што владеат и само декларативно се залагаат за правата на граѓаните и правната сигурност во Македонија.

Тие, реално се загрижени само за своите интереси, тендери, рекети, марихуани, криминал, корупција и непотизам. Нив не ги интересира Македонија и интересот на народот во Македонија.

Заедно во борба против криминалот и корупцијата!!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.