Среда, 21 Јули 2021   
Мартин Треневски : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 128

1martin1

ЗАРАДИ МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР: ЗЕМЈА - ДОМАЌИН СМЕНИ ЗАКОН!

1. Двајца македонски професори, едниот од Правниот факулктет, а вториот од оние петпарачки приватни универзитети, се многу активни во спорот и блокадите со кои се соочуваме од соседна Бугарија. А што им е заедничко на обајцата? 

Со својот антимакедонски, или посоодветно речено пробугарски став, својски работат во прилог на штета на сопствениот народ и земја како алиби за гревовите што и ги нанеле.

Едниот професор: осуден на ефективна казна затвор за прекумерно трошење на народни пари за непотребна набавка резервни делови за воени машини, а другиот за недозволени и криминални дејанија како Македонски амбасадор во меѓународна организација каде помина на служба цели пет години!

Првиот професор, демек оној од Правниот факултет, именуван од актуелнава влада на Зоран Заев, како нејзин "специјален пратеник", за надминување на блокадата од бугарска страна за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, иако солидно награден со наши - народни пари, до сега практично одработи само за Бугарија. Конкретно, професоров ни наметна да следиме во Мaкeдoнија некој си бугарски ТВ канал (без да води сметка за реципроцитетот како врвен принцип во дипломатијата), а ни донесе и некаков бугарски универзитет сс Кирил и Методиј од Велико Трново, иако најстариот и најугледен македонски универзитет се вика токму Св. Кирил и Методиј!

Дали ангажманот на професорот од Правниот е само негов алиби да се отчести за неделата што ги правел кога бил на власт и за кои е осуден? Најверојатно!? 

Зошто не ја одлежа затворската казна на која беше осуден, а со разноразни правни маневри во меѓувреме таа (казната затвор) застаре? 

Тоа треба да го утврди некое независно тело бидејки неговиот грев е премногу голем за да може да се забошоти. Но не е само гревот со прекумерната набавка на делови за воени машини.  Речиси истовремено, кога почна судското рочиште за тој предмет, изби пожар во архивата на министерство во кое дотичниот професор работел и каде го сторил престапот за којшто и беше осуден.

Случајно или не, не знам, но да се палат документи од периодот кога дотичниот професор министерувал, само по себе е сомнително. За технички проблем (електричен спој или нешто слично), како причина за пожарот во архивот, во којшто не можат да пријдат ни бубашваби, истрагата покажа дека не станува збор.

И не е само тоа. странски дипломати тврдеа дека во периодот кога професорот од Правниот беше на врвот на власта се офајдил од приватизацијата на повеќе државни претпријатија, наводно, повеќе десетици милиони евра!?

Ваков податок македонските медиуми, а ни надлежните институции за борба против корупција и криминал не обелоденија. Белким некоја независна комисија ќе го потврди, или отфрли и овој податок во иднина? Ќе видиме.

Вториов професор е исто така приказна за себе. 

Од специјалист за социјална политика и слични теми, во меѓувреме стана експерт за меѓународна политика. Дотичниот, сега разбирам, бил еден од најангажираните во лобирањето против (!) усвојувањето на Резолуцијата за воспоставување на македонските црвени линии за преговорите со Бугарија што ја подготвија МАНУ и УКИМ, а ја предложи на усвојување опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. 

Професоров многу често е на ТВ екраните каде авторитетно (?) настојува да објаснува определени меѓународни случувања. Кутрите ТВ водители очигледно не се свесни кого канат во нивните студија и кому отстапуваат драгоцен термин за да се обрати пред граѓаните!!!

Имено, професорот од приватниот универзитет, како амбасадор во меѓународна организација, покрај редовните обврски, се занимавал и со бизнис со автомобилски гуми, шверц на скапи парфеми, но ќе остане забележан во аналите на дипломатијата дека, токму заради него, земјата домаќин била приморана дури да смени закон. Токму така: заради постапките на македонски амбасадор (во случајов професорот од приватниот универзитет) земјата домаќин била приморана да промени постоечки закон и да донесе нов!

Еве за што се работи: многу земји  ширум светот дозволуваат странските дипломати да можат да купат автоимобил со специјален "дипломатски" попуст што не е за занемарување и што, зависно од земјата-домаќин, се движи од 10% па дури до 40% од цената на чинење на автомобилот. 

Нашиов професор/дипломат го искористил тоа право (според некои извори) дури осум (8) пати, т.е. купил со дипломатски попуст (повторно наводно), осум коли!?

Колите се конзервираат во некоја гаража, не се возат, а после една година може слободно да се продадат на пазар со нула поминати киломерти. Печалбата не помала од најмалку 20% до 30% од продажната цена на аутото. Заради тоа што нашиот професор/амбасадор ова, наводно, го правел дури осум пати, тоа било повод владата на земјата каде амбасадорувал да го промени законот (бидејки била нанесувана штета на буџетрот) и да дозволи странски дипломати во иднина да можат да купуваат аута со дипломатски попуст најмногу два пати во текот на четиригодишен мандат!

Ваквите и слични примери се бројни во македонската дипломатија (а се разбира не само во нашата), но добро е јавноста да ги знае, особено медиумите бидејки такви типови не заслужуваат да бидат прикажувани на малите екрани, што би рекол Јордан Плевнеш: "Од хигиенски причини".

2. Со неверување неодамна прочитав дека Саудиска Арабија донесла закон со којшто се забранува прегласна употреба на звучниците на минарињата и гласноста на звучниците мора да се сведе максимум на една третина од инсталираната моќ. Специјализирани тимови луѓе со инструменти за мерење колку децибели се звуците од минарињата ќе ја контролираат нивната јачина. Слични закони донеле и Малезија, Индонезија, Пакистан и многу други муслимански земји.

Си велам, ако една Саудиска Арабија, колевката на исламот, донесла ваков закон, зошто, на пример таквата постапка не би ја следела и нашата Исламска заедница!? 

Да се разбереме, не сум против ниту една религија но во мешани - повеќерелигиски заедници како нашава во Македонија, сметам дека е неопходно да се почитуваат чувствата и на друтите религиозни заедници, а не со јачината на звучниците да се надгласуваат другите. Ваков потег од исламската заедница на Македонија тврдам дека би бил поздравен од пошироката јавност во земјата!

Во седмиот век, кога Мохамед го промовирал исламот, немало ниту појачала, ниту звучници и тој факт не бил пречка исламот да стане една од трите водечки религии во светот.

   Во името на соживотот и меѓурелигиската толеранција сметам дека и кај нас, во Македонија, вреди да размислуваме и да го следиме конкретниот пример за контролирање на звукот од минарињата по урнекот на Саудиска Арабија.

3. Во ноќта на 12 спроти 13ти јули, пред големиот христијански празник Петровден, искршени се надгробните плочи во православните гробишта во едно скопско село.

Ваквата појава очигледно мотивирано од расистички и шовинистички побуди и нетрпеливост, не е единствена и повеќе пати се руинирани православни гробишта во минатото. Секако најекстремен пример и скрнавењето на 62 православни гробови пред две години пред Велигден на православните гробишта во скопското село Камник. Сторителите никогаш на се пронајдени. Вината за ваквото дивеење и насилство ја гледам пред се во политичките партии на Албанците во Македонија кои со своите екстремистички политики го антагонизираа народот против нивните сожители Македонци.

Во меѓувреме нашите стратегиски сојузници, Американците, ни испорачаа четири борци на исламската држава, со нивните жени и 14 деца. Борциве на ИСИС веднаш се префрлени во затвор и ќе им се суди, но ќе биле превоспитувани (?) за да се вклопат во македонското општество. Се претпоставува дека најмалку 150 граѓани на РМ се бореле во редовите на ИСИС во Ирак и Сирија.

НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕСТ! КУРБАН БАЈРАМ МУБАРЕК ОЛСУН

4. На први јули годинава, во паркот "Жена борец" се одржа традиционалното собирање на Македонците од Беломорска Македонија. Беше одадена почит на жртвите од прогонот од страна на Грчките монархофашисти врз невиното македонско население во Егејскиот дел 1948-1949 година. Повеќемина говорници се заложија и за обнова на споменикот на децата бегалци среде Скопје бидејки потполно е оскрнавен, а сите плочи со пригодни натписи се откорнати! Говорниците побараа и за откривање на сторитетиле на тој вандалски чин и нивно казнување.

Јавна тајна е дека сторители на вандализмот се токму од актуелкната власт, која сака и на тој бесрамен и понижен начин да се додвори на Грција на која и пречело традиционалното собирање на Македонците од Беломорието.

Градската власт дури ангажирала луѓе од скопското комунално претпријатие да ја откорнат бронзената композиција Мајка со зембил преку рано и води три малолетни дечиња, но биле фатени на дело во доцните ноќни часови при извршувањето на нечесниот акт! А кога биле запрашани: "Што правите и кој сте вие", злосторниците одговориле дека се од комуналното претпријатие на градот, набрзина ја собрале опремата и исчезнале во ноќта!

Е па драги мои сграѓани од Беломорието - повелете, повторно гласајте за оваа ненародна власт!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.