|
|
Бај Гањо и Итар Пејо во вселената |
Свекрва Нова македонска приказна: Бај Гањо и Итар Пејо во вселената Согледувајќи дека ни со сила не може да го натера македонскиот народ да прифати дека има бугарски корени, дека неговата историја е бугарска и дека говори западнобугарски дијалект, а со цел да го одоброволи за да ја прифати нивната „нучна верзија“, Софија одлучи да испрати „северномакедонски“ астронаут во вселената. Властите во Скопје, ја прифатиле понудата на соседот, но на инцијатива на ЗЗ, побарале и преставник на Албанците од Македонија да учествува во мисијата на Месецот и да може да ги користи неговите симболи албанското знаме и јазикот. На тоа се спротивставиле Американците. Со помош на САД било договорено да биде испратен по еден космонаут од Софија и Скопје, кои ќе летаат со нивни космонаут. Поради страв дека во вселената може да започне „Војна на звездите“, доколку бугарскиот и македонскиот астронаут почнат да се расправаат за потеклото, историјата и јазикот, Софија реши во вселената да го испрати својот национален херој Бај Гањо, кој во себе ги носи обележјата на бугарскиот патриотизам, но и простотилок. Според нив тој ќе ја почитувал вољата на бугарската влада и нивните инструкции, со кои ќе се оствари сонот за Сан Стефано. Од друга страна властите во Скопје, предводени од „големиот ЗЗ“, исто така, плашејќи да не избие конфликт со Бугарите, реши во мисијата да го испрати мариовскиот шегобиец и итроман Итар Пејо, олицетворение на македонската мудрост. Тие очекуваа од Пејо да ги одбегнува правокациите за време на патувањето, да се побратими со Бај Гањо и откако ќе се врати на земјата како национален херој, прв од Македонија кој бил на Месечината, да влијае врз народот да ги прифати барањата на Софија, а со тоа да ја спречи да постави вето при влез на земјата во ЕУ. По долги психофизички подготовки, со помош на американската Национална аеронаутичка – вселенска управа (НАСА), трочлен амариканско-македонски-бугарски екипаж тргна кон крајот на 2025 г. Тоа беше прва планирана човечка посета на Месечината по декември 1972 година. На вселенскиот брод „Бугарска желба“, му беа потребни четири дена за да стигне до своето одредиште. Додека бродот со тричлениот екипаж мирно пловеше кон Месечината, уште првиот ден, Бај Гањо се обиде да го придобије Итар Пејо. Тој му предложил да го научи да краде, бидејќи во неговата земја владата на ЗЗ тоа го третирала како национален спорт. Пејо немал ништо против да научи уште некој занает и првите два дена вежбале со опремата од бродот и лични предмети на екипажот. Пред крајот на патувањето, Бај Гањо му рекол на Итар Пејо како последен тест да го украде вселенскиот костим на Американецот, без тој да примети. Бај Гањо уште му ветил дека ако го надмине како крадец, да го украде костимот на американецот и да му овозможи на Бај Гањо прв да слезе на Месечината за да може да го постави бугарското знаме, ќе го награди со земја. Пејо се согласил и го украл не само американскиот, туку и бугарскиот вселенски костим. И додека американецот и Бај Гањо ги барале костимите во трката по времето кој побргу ќе слета на Месечината, за тоа време Итар Пејо го зел својот вселеснски костум, се вовлекол во модулот и слетал на дотогаш не освоен дел на Месечината. Наместо американското или бугарското тој го поставил македонското знаме на Месечината, со што таа област станала македонска територија. Кога Итар Пејо се вратил на вселенскиот брод, американецот и бугаринот го молеле да им дозволи и тие да ги постават своите знамиња на таа тариторија, за да им овозможат на своите влади нови територии. Македонскиот итромам и шегобиец Итар Пејо свесен дека македонските власти уште долго нема да можат да стапнат на таа територија и да ја користат, се сложил, но истовремено побарал на Македонија да му остане мало парче на Месечината, а за возврат побарал од Бај Гањо во замена да ја добие Пиринска Македонија, а од американецот неговата земја да помогнат да се врати Егејскиот дел на Македонија. Така Итар Пејо со едн удар ја завршил работата што неговиот народ неможел да го оставари повеќе од стотина години. |