|
|
Злоупотреба на европското знаме |
Злоупотреба на европското знаме Со употребата на Европски знаменца во цобраниските комисии од една страна се злоупотребува и правото на искажување на пратениците кои не се согласуваат со некои закони кои се донесуваат по итна постапка, или во конкретниот случај во рок од 3 (три) работни собраниски дена да се расправа за законот за државјанство. Најеклатантен пример е злоупотребата на Европското знаменце во донесувањето на горенаведениот закон. Во оваа прилика само да нагласам дека од стручната правна фела, политички аналитичари и особено гласот на обичниот граѓанин е дека во донесувањето по брза постапка на законот за државјанство се отвора едно сензитивно прашање кое можи да предизвика далекусежни последици по правниот поредок на нашата мила и сакана татковина Република Македонија. Во сплет на околности кога опозицијата најавува голем број на амандмани, владејачката партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев и нивниот коалициски партнер ДУИ (на кого му одговара донесувањето на законот за државјанство), го злоупотребува употребата на Европското знаменце. Во оваа прилика се прашуваме зошто актуелниот парламентарен спикер Талат Џафери дозволува една ваква хаотична состојба кога може едноставно во една парламентарна расправа да се донесе долго најавуваниот од една и оспорениот закон за државјанство од друга страна. Само да се потсетиме од минатото кога токму парламентарниот спикер Талат Џафери за да ја закочи работата на парламентарниот дом ја искористи собраниската говорница со читање на поезија, и во буквална смисла на зборот „со молчење“, го одолговлечи во тоа време на донесување за според негово мислење спорен закон во тоа време. Во оваа прилика обичниот се прашува зошто секогаш се употребува европското знаменце за закон кој истиот ако оди во редовна постапка може со одредени амандмани да се одолговлекува на истиот начин тој закон во повеќе работни дена во законодавниот дом. Во конкретниот случај ветеното кон коалициониот партнер ДУИ на претставникот на македонската политичка сцена Зоран Заев, алијас Бошко Буха мора по секоја цена да се донесе по брза постапка законот за државјанство. Во оваа постапка видливо е дека Зоки е во зајчина стапица каде мора да попушти и да ги задоволи апетитите на коалициониот партнер ДУИ од причини што во половината на месец октомври македонскиот политички електорат ќе гласа на редовни локални избори. Ако не се постигне добар резултат Зоки ќе падне во „дупка“ каде ќе биде приморан дасвика вонредни парламентарни избори. Тоа него ќе му одговара од проста причина што истиот има многу ветено кај албанскиот политички кампус од една и европските челници од друга страна. На крајот со спортски жаргон кажано според Зоки мора натпреварот да се одигра и добие по секоја цена. Во спротивно следува директен црвен картон на оние на кои му има кажзано дека натпреварот ќе се добие само треба да се истрча на терен. Но, Зоки народот гледа, молчи и слуша твоите губитнички постапки и се очекува на следните октомвриски локални избори твојата партија и ти лично да добиете директен црвен картон од оние кои ве гласаат и очекуваат парламентарна дебата од една, а невраѓање на едноумието од друга страна. Дипл. Екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија |