Среда, 28 Јули 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 129

1martin1

ПОВАМПИРЕНИОТ СТАЛИНИЗАМ -  ГРДА РЕАЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

1. Кој можеше да поверува дека во нашата Македонија за последниве години ќе се повампири едно од најголемите политички и општествени зла за последниве 100 години - сталинизмот!? За жал, тоа е нашата грда реалност од која можеме и мораме да се отерасиме (а тоа е наша должност) на следните локални, а се надевам во блиска иднина и парламентарни избори!

   Системот во којшто живееме, т.е. грдата реалност што ни ja наметнаа наследниците на едноумието, имам впечаток дека ги вчудоневиди дури и сценаристите од длабоката држава кои зацртаа смена на легално избраната и патриотска влада на Никола Груевски и нејзина замена со лесно податлива и за западот секогаш исполнителна номенклатура на власт која е спремна на се, ама буквално се што ќе се побара од неа, да исполнат при тоа најчесто нанесувајки непоправлива штета на сопствениот народ и држава. Скоро секојдневните извештаи за пад на Македонија на листата земји во кои владее корупцијата, пад и на списокот земји со се помалку човекови слободи и демократија... и се во тој стил, се непосредна потврда за длабокото тонење на земјата во калта на беззаконието, корупцијата и партизираното судство.

   Длабоката држава што ја интронизира оваа номенклатура на власт преку "шарената револуција", илегално снимените телефонски разговири (злоупотребени како доказен материјал (?) во монтираните судски процеси) и дирекното мешање во нашите внатрешни работи, претпоставувам им даде потполна слобода на властодршците само да ја исполнат нејзината таргетирана цел: промена на името на земјата и нејзиниот Устав, а како награда за стореното недело од инсталираната номенклатура на власт нив ги награди со давање одврзани раце и толеранција на грабежот на државен капитал и се друго што потенцијално беа во можност да си присвојат!

   Стејт департментот деновиве упати до сега најостра критина на состојбите во македонското општество, во кое царува корупцијата, но прашање е дали тие критики воопшто допираат до владеачката врхушка на власт која освем декларативно, не видовме дека превзема нешто сериозно за да застане на патот на ова зло!? Иако власта глуми дека институционмално се бори против корупцијата (формира демек и комисија за борба против корупцијата, именува потпретседател на владата за борба против корупцијата и сл.) факт е дека ниту еден тендер на државно, градско и општинско ниво не поминува а во него да не е вграден некој процент за приватни џепови или за фондот за поткуп на гласачи!!!

   Два суштествени сектора на власта - полицијата и судството. актуелната власт ги претвори во партински инструменти на владеењето со сеење на страв, типично за режимите во времето на сталинизмот. А нејзината цел не е владеењето на правото и правната држава, туку јасна порака до опозиционерите на власта да не креваат глава, бидејки ќе се соочат со долги и над се  м о н и т р а н и  судски процеси и драконски затворски казни!

   Најактуелен политички монтиран случај секако е четиримесечниот притвор на познатиот бизнисмен Јордан Камчев кого го гонат за купување на некаков плац на Водно. Се обидувам да разберам во што е "гревот" на Камчев, ако воопшто има некаков грев, но едноставно не можам да сватам, иако е очигледно дека се работи за лична освета на Зоран Заев кон Камчев кој во затворот Шутка е изложен на невидена бруталност и физичко малтретирање во инквизициски стил, што предизвика нарушување на неговото здравје за кое и доктори кардиолози констатираа дека е серозно загрозено! Случајот со Јордан Камчев е до тој степен апсурден и очигледно е дека се работи за политичка и лична вендета (освета) на Зоран Заев кон Камчев, поради што за тој случај интерес пројави и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје која им најави на неговите адвокати дека непосредно ќе го набљудува тој судски процес, што ќе биде поместено и во годишниот извештај на организацијата за /не/владеењето на правото во РМ за 2021 година.

   И додека го пишувам овој прилог, беше објавена пресудата за поранешниот спикер на Собранието Трајко Вењаноски, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и високиот полициски службеник Владимир Атанасовски на вкупно 25 години затвор, без  докази и базирана само на изјавата на сомнителен тип од скопското подземје дека наводно биле организатори на настаните од 27ми април 2017 со упадот во Собранието на РМ. Со други зборови, сталинизмот во македонски стил продолжува, судовите како алатка на власта не бираат средства за да се стигматизира и казнува опозицијата, особено поранешни високи функционери на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Или како што констатира коментаторот Бранко Геровски:"Класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувана во судска пресуда".  Небаре ќе владеат вечно!?

   Не смееме а да не ги споменеме политички монтираните случаи на уставобранителите кои добија драконски казни за тоа што го бранеа Уставот, а кренаа глава всушност против неговото кршење и незаконскиот избор на претседател на Собранието!!! Ќе потсетам дека на 6 јануари годинава и во Вашингтон влезе народот во Конгресот како револт за изборните нерегуларности во САД, а во судирите со полицијата имаше шест жртви! Само неколкумина беа осудени на шест до осум месеци затвор (а не како во Македонија по порачаната оптужба од власта за некаков тероризам вкупна пресуда добија уставобранителите од над 200 години робија!). Би ги споменал и политичките процеси и затворски казни за тотално безвезен случај(!) против екс-премиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за набавката на службеното возило мерцедес "Мајбах". Ете така владеат актуелниве властодршци - во сталинистички стил, со бруталност и бескрупулозност само за да останат на власт по секоја цена. Но, се чини, нивните брутални сталинистички методи веќе се проблем и за нивните ментори кои, сосема очигледно, веќе очигледно се дистанцираат од нив, засега внимателно - преку соопштенија и осуди, но се надеваме наскоро и конкретно со прекин на подршката.

2. Пописот на населението, иако одложен за септември годинава, повторно ја бранува македонската јавност по изјавата на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски дека попишувачите, според него, "не морале да бидат вакцинирани против ковид 19".

    Не знам што мисли човеков, но бројни беа реакциите на граѓани дека нема да дозволат попишувач да го пречекори прагот од нивното живеалиште доколку не покажат доказ дека се вакцинирани! Сосема логична реакција на луѓето: зошто некој би ризикувал да биде заразен од опасниот вирус на корона, заради некаков ќеф на власта!?

    Се придружувам на оние кои нема да дозволат невакцинирани попишувачи да внесат немир во вашиот дом!

    Впрочем, апелирам до опозицијата да размисли и за бојкот на пописот бидејки се сомневам дека истиот е проектиран за манипулации на власта (по директива на длабоката држава) со бројноста на малцинствата и прекројување на етничката карта на Македонија!!!

3. Изминатиов викенд бомбасто е најавен мега-проект со изградба на 142 вили на излезот од Скопје во насока на Тетово, наспроти некогашното рекреационо езеро Треска.  Езерото, или она што остана од него, скопскиот градоначалник Шилегов го отстапи (се прашувам со кое право) на општината Сарај која очигледно има намера да го пренамени во гринфилд, односно бетон-филд локација за градежни зафати.

   Рекреационото езерото Треска е градено со донации од скопјани кои одвојувавме по една цела плата за финансирање на неговата изградба и тоа постана едно од најпопуларните места за спас од летните скопски горештини. Граѓаните воопшто не се прашани за неговата судбина и опстанок и ова самоволие на Шилегов, Заев и дружината им треба по секоја цена да се спречи!

   По оние грдосии од згради што никнуваат на поранешното скопско сајмиште на влезот од градот и најавите за нова елитна населба на спротивната страна на градот, имам впечаток како да се прави прстен околу Скопје од повеке страни!? Или можеби грешам?

4. Бугарите посегнаа и по македонскиот Устав како претпоставка за нормализирање на меѓусебните релации. Техничкиот МНР на Бугаријс Светлан Стоев имено побара Бугарите како малицинство да бидат вметнати во Уставот на РМ.

   Најдобар одговор на Стоев стигна од претседателот на ОМО Илинден - Пирин Стојко Стојков кој се заложи и Македонците како малцинство да бидат вметнати во бугарскиот устав.

   Токму така, реципроцитетот е основен принцип за решавање на проблеми, особено меѓу соседите.

5. Македонија со Зоран Заев продолжува да го гаи реномето на "Земја на чудата". Најново чудо од кујната на ЗЗ секако е Предлог-законот за државјанство во Собрание во кој се поместени предлози, испазарени со коалициониот партнер "Беса", што се единствени-уникатни и тоа во светски рамки.

  Законот предвидува стекнување на државјанство на Република Македонија, доколку барателите приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар.

-извод од матичната книга на  родени;

-доказ за завршено учебна година  (свидетелство, уверение или диплома);

-доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;

-работничка книшка;

-доказ  за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период  важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:

 данок од личен доход на работниците;

  данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;

  данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;

  данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;

  данок на приходи од имот и имотни права;

  данок на имот и

  данок на наследство и подарок;

- одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

- доказ за платена сметка за следниве услуги:

  електрична енергија,

  греење,

  вода,

  телефонски услуги;

 -патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 -лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 -лична карта за странци;

- здравствена книшка;

- извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ за лекување  во здравствени установи во Република Македонија;

 -поседовен или имотен лист на име на барателот;

 -штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од  Република Македонија согласно закон;

- други докази издадени од надлежни државни органи  со кои ќе се потврди  постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

   Предлог-законот се предвидува годините на престој во државата да се намалат од осум на седум и елементарно познавање македонскиот јазик.

   Иселеници од Македонија и нивните деца ќе може да се стекнат со македонско државјанство и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

   Главна цел на овој закон е практично да се реши статусот на повеќе илјади Косовари кои живеат во Македонија со нерешен статус, и со манипулациите со пописот на населението етничкиот состав на населението дефинитивно да биде променет - на штета на Македонците!

   М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.