|
|
Ламбе Арнаудов: ИГРОТЕКА МЕЧКИН КАМЕН С О О П Ш Т Е Н И Е! |
Ламбе Арнаудов: ИГРОТЕКА МЕЧКИН КАМЕН С О О П Ш Т Е Н И Е! од стечајниот управник на фирмата МАКАТЛАНТИДА, пред ликвидација. Заради подобрување на општата материјално финансиска и техничко безбедносна состојба, а во чест на големиот празник отвораме нова детска игротека во познатото историско место МЕЧКИН КАМЕН. Свеченостите и уметничките изведби како и спомен сеќавањата ќе бидат насловени со заедничко име што доликува на настанот и тоа е БЕЗИМЕНИ. Критериумите за присуство се следните: -да немаш Име и Презиме-да не поседуваш наследство-да не го спомнуваш потеклото-идентитетот да ти е претставен со бројки или цртички -и најважно, да немаш мајка и татко туку А и Б родител. Останатите, вистинските чесни посетители и чествувачи на големиот ден со име, татково име, презиме, со припадност, потекло, идентитет, со наследни тапии и поседовни документи, не сте пожелни, бидејќи по правило сте “расипувачи на забава“ за, на нас и нашите шефови. Организаторот се погрижи понудата да биде со бројни содржини учество на познати културни и уметнички имиња како С(т)ЕВЕ, Северина со познатото видео, Зорица Брусилица на шахти и други повеќе или помалку реномирани и познати имиња. Организаторот искрено жали што во програмата не може од оправдани причинида присуствува Боки Геријатрија иако можеби тој е главниот финансиер на овој настан.Организаторот е убеден дека на јубилејното десетгодишно празнување на радост на празноверците ќе биде присутен, но за жал тогаш без Севе и Зорица, кои зад своите имиња ќе прикачат бројка поголема од 13 и ќе се најдат таму каде сега го сместија својот компањон. Содржините во игротеката ќе бидат со особени вредности бидејќи вакви настани се одржуваат еднаш годишно односно АНАЛЕ и сликовито ќе бидат прикажани сите анални активности во текот на изминатата годината што им ги приредиле на својот народ. Заради навремено, правилно и непристрасно известување од настанот за селектор на медиумски претставници организаторот го назначи објективниот и стручен Боцки од Гази Баба. Во знак на благодарност за ова високо признание тој најревносно ја изврши својата задача и за единствен известувач демократски го одбра Три(пи)чкоски кој пак заради оваа единствена прилика го напушти својот досегашен ангажман во реноминираната медиумска установа во Близина на Скопје и премина во стадото каде што и вистински припаѓа и се чувствува свој меѓу своите, во зградата на ул.Бихачка. Свеченоста ќе биде затворена со настапот на познатиот скопски рок бенд од педесеттите години БЕЗИМЕНИ кои нема ни да свират ни да пеат, сé во согласност и да се совпаѓаат со глобалното име сега додадено за крај со додавка БЕЗУМИЕ. На крај, Една порака до Организаторот Пет години мечката ја шетате по тавани врзана со тешки пранги и дебели синџири со катинар на устата, за денес да ја донесете таму каде што вистински припаѓа на нејзиното светилиште МЕЧКИН КАМЕН. Е, денес, МЕЧКАТА ќе ги искине синџирите, ќе го отфрли катинарот, ќе го среди дајраџијата, ќе му го исфрли дајрето, и така слободна ќе тргне по својот единствен, омилен и вистински пат, ќе ви ги растури кошниците со мед украдени и приграбени, ќе го собере медот и правилно ќе го распореди на сите гладни и страдни мечиња. МЕЧКА Е ТОА ! ТЕШКО ВАС ! |