|
|
Александар Џеповски : Мал Шенген како Илинденска шлаканица за Бугарија |
Александар Џеповски Многу арно не е на арно, но и многу лошо од кое нема полошо само на подобро е релноста што се случуваше овие денови. Сведоци сме дека до пред некој ден се одеше арно за Бугарија преку Бојковата корупција кај Црпе и бандата. Толку им беше арно што сите се прашуваа има ли крај на сето тоа и Бугарите се мислеа големи победници на тој начин што ќе не притегнат се да им потпишеме. Но некаде пукна тиквата, можеби Бојко не исплатил се како што ветил и Црпе во свој стил одма со Рама и Вучиќ реши со еден удар да отепа неколку муви - Бојко и дружината во офсајд и жолт картон на ЕУ. Од многу лошо за Македонија ете колку толку некаков си мал Шенген за народот да не трпи толку и бар отворен простор за некоја поголема среќа и заработувачка која рака на срце не би ја имале во било каков сојуз со Бугарија, напротив. Ако некој ме прашува мене лично, најдобар сојуз или Шенген би било со Грција затоа што јазикот Коине е Македонски јазик измислен од Александар Македонски кој останал како аристократски јазик низ целиот Македонски Полуостров кај сите благородници и црквените лица до создавањето на новата земја Грција во 1831, после неуспешниот обид на " старогрчкиот " јазик кој се покажал многу непрактичен. Како и да е, на цела мака наша семакедонска, ете барем дочекавме Бугарите да пиштат и да вриштат од мака, плачат и кукаат дека сега се создава нова форма на Југославија од која тие имаа(т) комплекси и голем проблем - нема да можат да уценуваат и да им проаѓаат финтите кои никогаш не им поминале, да не убедат дека сме Бугари и на тој начин да ја дрпнат Македонија за исполнување на Санстефанскиот им сон. ЦЕЛО ВРЕМЕ СЕ ЧУДЕВ КАДЕ Е ГОСПОД, ГЛЕДА ЛИ, ШТО ПРАВИ .... АМА СЕГА ГЛЕДАМ ДЕКА Е СЕМОЌЕН И ИМА УШТЕ МНОГУ ДА КАЖЕ ЗА СИТЕ СИТЕ НАШИ МАКИ МАКЕДОНСКИ, ОВА Е САМО ПОЧЕТОК. НАЈЛОШОТО ПОМИНА, ПОЛОШО НЕ МОЖЕЛО ДА БИДЕ И САМО ГОРЕ ИМА ДА ОДИМЕ ПА КОЛКУ И ДА Е ЛОШО. ЧУВАЈ НЕ ГОСПОДЕ И ДАЈ НИ УШТЕ ПАМЕТ, СИЛА И ЉУБОВ ДА ИЗДРЖИМЕ. АМИН !!! |