|
|
Муцето сака втор мандат |
Во овие летни горештини кога живата на термометарот на отворено достигнува над 40-тиот Целзиусов степен на македонската политичка сцена започнаа на големо подготовките за предстојните локални избори кој и званично треба да се одржат на 17 Октомври оваа година. Актуелниот градоначалник во градот под Марковите Кули, ортопедот Илија Јованоски низ прилепските политички кулоари се подготвува за втор мандат номиниран од матичната партија или пак со собирање на потписи да оди како независен кандидат за градоначалник во градот херој Прилеп. Циничната личност Иле Јованоски секогаш настапува со благ и милостив глас од една и тапкање по рамо на политичкиот противник било да се работи од неговиот политички табор од една, или за противник од актуелната позиција од друга страна. Во овие 4 години кабинетскиот градоначалник Илија Јованоски успеа во своите намери да даде решение за засновање на работен однос на негови роднини од една и на деца на блиски пријателки од друга страна. Јованоски само ја направи главната сообраќајна артерија во тесното градско подрачје. Во оваа прилика само да се потсетиме дека претходниот градоначалник Марјан Ристески направи тротоарски паркиралишта за моторни возила каде можеа да опстојуваат со плата вработените во ЈП ПУП. Јованоски многу ветуваше во предизборната кампања, еве некои од неговите ветувања: изградба на детска градинка во ООУ Блаже Конески, изградба на затворен базен и изградба на спортска сала во ООУ Кире Гаврилоски. Јованоски постави пограшни личности на јавните претпријатија кои се под капата на локалната самоуправа. Имено во ЈП Водовод и канализација е поставен по вокација инспектор со дебело криминално досие. Во ЈП Комуналец поставена е личност која има направено потоп во прилепска фирма која по бројните "арамилаци" заврши под стечај и во ЈП Пазари е поставена личност со блиска роднинска врска со актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |