Среда, 18 Август 2021   
Авганистанска лекција

1ab Свекрва

Неколку месеци по завршувањето на воениот конфликт во Македонија и терористичките напади на Ал Каеда извршени на 11 септември 2001 година врз кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон, САД и нејзините сојузници го нападнаа Авганистан. Две децении потоа тие го напуштија Авганистан, што го искористија талибанските бунтовници за да го освојат Кабул и да ја преземат власта во земјата.

Како што го напуштија Авганистан, така САД и сојузниците можат еден ден во иднина да ги напуштат своите сојузници на Балканот. Едноставно мисиите на НАТО да си заминат од БиХ и Косово. Ако со нивното заминување од Авганистан се овозможи на власт да се вратат Талибанците, тогаш со повлекување на НАТО од Балканот ќе се отвори простор Србија да бара да го поврати изгубеното.

Денес власта во Македонија предводена од Зоран Заев е со полна уста за Рамковниот договор, Преспанскиот и Договорот за мир со Бугарија. Но македонскиот народ не е задоволен, зошто по 2001 година наместо создавање на граѓанско општество во кои се сите равноправни, се создаде општество во кое Македонците станаа граѓани од втор ред. Македонците се незадоволни бидејќи Уставот му стана алваџиски тефтер, бидејќи државата е неформално поделена, бидејќи гледа како му се распродаваат името и историјата. 

Промените настанаа по 1999 година, по нападот на НАТО врз Југославија, кога Македонија прими над 360 илјади бегалци од Косово. Во 2001 година, Македонија наместо награда беше нападната од територијата на Косово. Иако македонските безбедносни сили беа понадмоќни и лесно можеа да се справат со околу 400 влезени албански терористи, кои се селеа од едно место на друго за да се престават пред јавноста како да се многубројни, македонските политичари под притисок на меѓународната заедница прифатија нешто што никој нормален Македонец не би прифатил. Тие го потпишаа Рамковниот договор на 13 август 2001 г.

По овој договор, секогаш кога СДСМ беше на власт, се редеа остапки за албанската заедница во земјата. Така со Законот за територијалната распределба од 2004 година, одредени македонски општини, станаа албански. Со низа закони донесени по конфликтот од 2001 година, го направија македонскиот народ граѓанин од втор ред.

Додека на малцинствата со помалку знаење му беше гарантирано запишување на Универзитетот со квоти, Македонците мораа да одат во странство да студираат, притоа често пати уценувани да го сменат својот идентитет. Додека со рамковниот договор припадниците на албанската заедница се запослуваше во институции, примаа плата и не одеа на работа, другите во потрага по егзистенција мораа да ја напуштат земјата и да бараат работа во странство. Во меѓувреме, многу стручњаци во институции, под притисок на директори од ДУИ, беа остранети од своите позиции или мораа да си заминат од работа. На нивно место беа доведувани нивни кадри, кои поради неспособност или намерно во најголем дел ја доведуваа во прашање функционалноста на институциите.

Доброосмислената неможност за равноправен натпревар при студирање и запослување беше уште еден фактор за заминување во странство на Македонците и намалување на нивниот број, во земјата.

Челниците на СДСМ никако не ја научија Косовската лекција. Тие под маската на граѓанско општество, отворено му кумуваат на албанизација на земјата. Сето ова СДСМ го прави за да ја зачуваат власта. Тие се волни и продолжуваат да им ги исполнуваат желбите на челниците на ДУИ, кои му се смеат во лице на македонскиот народ и отворено му велат дека исполнувањето на Рамковниот уште не е целосно завршен. Притоа велат дека тие се во земјата автохтон народ, а не Македонците кои се Славјани дојдени во 6 и 7 век, како што милуваат да кажат од СДСМ.

Во Македонија сеуште има внатрешно раселени лица по конфликтот од 2001 година. Македонските власти сеуште не успееја да ги врати овие лица во нивните домови, ниту успееја да најде трајно решение за нивниот проблем.

Оваа влада на СДС и ДУИ одби и да издвои пари за да се купат противпожарни возила, и не најде пари за да ги сервисира авионите за гаснење пожари, но најде пари за прославата на Рамковниот договор. Премиерот и претседателот на земјата дури беа на „приватната журка“ на ДУИ, прослава на дваесетгошнината од потпишувањето на Рамковниот договор, иако за време на конфликтот загинаа 75 припадници на безбедносните сили на Република Македонија. Сега нивните роднини, како и борците кои останаа живи се прашуваат за кого се бореа, за кого ги дадоа или беа спремни да ги дадат своите животи, ако оваа власт гази, плука и ги испогани споменот на се она што борците го имаа направено.

Очигледно е дека оваа власт прави се што ќе им каже меѓународната заедница. Но Авганистанската лекција укажува дека една земја вечно неможе да биде во жижата на нивниот интерес и дека еден ден како што го напуштија, Виетнам, Авганистан, така ќе го напуштат и Балканот.

Едноставно Авганистан преставува лекција за македонските власти дека ќе дојде време кога и одовде еден ден ќе замине подржката на поранешните припадници на УЧК, време кога ќе се вратат голем дел од македонските „талибанци“ кои беа приморани да заминат од земјата.

За да не гледаме слики од аеродромот во Кабул, за да го сочуваме мирот, дајте зачувајте го македонскиот народ и воспотавете навистина граѓанско општество во кое Македонците нема да бидат повеќе граѓани од втор ред.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.