|
|
Иван ТРПОСКИ : ОД ДЕДО НОЕ ДО БРАНСОН И БЕЗОС |
Денес, најактуелна тема во светот е што побрзо излегување од кризата со корона вирусот Ковид – 19. Навистина никој од нас пред неколку години не веруваше дека има таква сила која може светот да го закочи, да го застане! Е сега сите сме паталци на тој застој, кои бараме што побрзо да го победиме овој невидлив светски непријател. Но како да го направиме тоа освен преку вакцинација на целокупното население во светот. Ама не е лесно практично да се оствари таквиот проект, се појавуваат пречки, најпрво при нејзината набавка, која се произведува во повеќе земји на светот, а се шпекулираат гласини дека од продажба на вакцините, моќни држави, бизнисмени и политичари се офајдуваат со огромно парично богатство. А има луѓе кои цврсто веруваат дека во овие вакцини постои хемиска супстанца која го отежнува правилниот развој на човечкото тело. Поради тие причини народот е поделен: за вакцинација и против вакцинација. Ваквата поделеност на луѓето во светот владее од памтивек, а кај Македонците започнува по пропаста на Александровото царство и окупацијата под Римското царство. Римјаните, пак, за да ги задржат во покорност Македонците, од страв на повторно воскреснување, инсталирале проект кој ќе биде многу едноставен, но со долговременска намена: кодошлак и љубомора. Ете овие се работите кои нашиот народ ги применува низ сите епохи на неговата национална историја. Зарем некогаш покажавме љубов и слога за да создадеме слободна и суверена држава. Никогаш! Ниту со Самоиловото, ниту со Византиското царство, ниту со Балканските војни, во кои брат против брат се бореше за туѓи интереси. Истото ни се случуваше со Илинденското, Крестенското и другите востанија. Ами оние „Предавства и политички убиства“ за кои пишува Верољуб Андоновски, така тој нив од умот си ги измисли. Кој ги предаваше војводите и комитите и кој ги убиваше? Исто така оние борци, партизаните, од поновата историја: Кочо Рацин, Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Струмичките студенти... па покушај за атентат врз Глигоров и убиството на Трајковски и ред други личности, кој ги сценира нивните сценарија и кои се извршителите на нивните дела? Сигурно никој не дојде од Тунгузија за да ги извршит нивните злосторства. Исто така се прашува народот што прават политичарите и дел од интелектуалците во нашата земја, дали се слепи и не гледаат како криминалот и корупцијата цветаат, а економијата и стандардот на луѓето тоне се подлабоко и подлабоко. Доста со мафтање на Европското знаменце и прокламации за „добрососедски односи“ на кои се носат брзи и неквалитетни проекти кои се штетни за Македонската држава и народ. Кодошлукот владееше меѓу нашиот народ и во поранешната Југо - федерација кога се осниваа задруги, и тогаш народот се подели, некои се определија за во колективите, а другите не ги сакаа нив, едните ги нарекуваа „задругари“, а другите „кулаци“ . На кулаците им беше одземен имотот и стоката и беа удавени во даноци. Па едно време нели беше воведена забрана за да се чуваат Кози, кои беа осудени како уништувачи на шумите. А сиромасите со нивното млеко и сирење ги хранеја децата и ги плаќаа даноците. А свесни сме и за поделбата на населенито кое беше на сила врбувано да се попишува дека се комунисти, наспроти оние кои беа верници и веруваа во Господ. А дали знаете првите електрични – шок пендреци дека беа употребени против населението во Вевчани. Да, вевчанци ги испробаа пендреците но не им ја дадоја водата на некои владини чиновници кои поседуваа викендици над Струга, а господата сакаа со изворска вода да се капат, а не со езерската која им беше под нивните стапала. А во најновавата денешна историја кодошлакот ги подели Македонците и по партиски определби, во кои вогалавно доминираат СДСМ „комунисти“ и ВМРО – ДПМНЕ „националисти“. Еве еден цитат за тоа како ги оценува македонските политичари, академик Љубомир Коцарев: „Односот на нашите политичари кон граѓаните на Македонија се карактетризира со: кукавичлук, недостоинственост, арогантност, неразумност, безобзирност, алчност...!“ На крај да донесеме и званична оцена на животот на Планетава земја, за која, спрема мислењето на властите во светот населението ќе мора насилно и целосно да се вакцинира за да ја прежвее пандемијата, а за дел од противниците на вакцинацијата кои мислат дека вакцината содржи частички со метална прашина, која дополнително ќе го засили зрачењето, загревањето и ќе ги убива нивните клетки со што доаѓа до предизвикување на задушување, срцев или мозочен удар, згручување на крвта и оксигинација во белите дробови. Така ќе почне да се намалува човечанството на земјината топка, на која, за жал, ќе завладее неподнослива жешкотија и стравотен потоп. Но, спрема Библијата, Дедо Ное со неговата Барка за да заштити дел од живиот свет, пренесол мноштво луѓе, стока и растенија, со кои по потопот го отпочнал новиот земјин живот. А денес сме сведоци дека милијардерите Ричард Брансон и Џеф Бизос се спремаат со своите ракетни летала да пренесат дел од високата боржуазија на населението во вселената за да го спасат од моменталната Апокалипса, која поради негрижа на луѓето и се заканува да ја уништи земјината топка. Кој сака да верува нека верува, а кој не сака нека не верува – тоа е нивно лично право! |