|
|
Изминаа четири години од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов |
Свекрва Изминаа четири години од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов Пред локалните избори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој ќе се трка за нов мандат, во стилот на СДС, започна интензивна градежна кампања. Четири години мируваше за да на крајот на мандатот најави офанзива од градби на мостови и реконструкција на улици. Покрај мостот кој веќе се гради во Аеродром, кај хотел Русија, кој ќе ја спојува населбата со Керамидница, со медумска помпа започна изградба на нов мост помеѓу Карпош 4 и Злокуќани и Бардовци. Покрај овој мост, Шилегов во август најави реконструкцио на 20 улици Изминаа четири години релативен мир од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов. Неколку месеци пред кандидатирата за нов мандат, Шилегов ги размрда градските служби и започна со изградба и реконструкција на градските собраќајници. Тој мисли дека оваа шминка ќе му помогне да го освои мандат за уште четири години „пензионерски сон“ во градската фотеља. Со доаѓањето на пролетта градот ги најави своите активности. Уште во мај беше најавено дека наредниот месец градот ќе започне со проширување и пробивање на ул. Васко Карангелески, во населба Аеродром, кај воениот базен. Со проектот е предвидено улицата од салата „Јане Сандански“ да продолжува до Трета македонска бригада“, покрај воениот базен каде треба да се пробие. На оваа траса, покрај базенот има само еден објектет кој треба да се острани. Но, наместо во јуни, градежните работи наводно започнаа кон крајот на јули. На 27 јули медиумите ја пренесуваат прес конференцијата на Шилегов во која вели: „Градот Скопје денеска во општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на реконструкција во делот каде што е изведена. Станува збор за потегот што е крајно неопходен за жителите на овој дел на општина Аеродром имајќи во предвид дека во минатото интензивно се градеше на делот на воените бараки и кај касарната Гоце Делчев, а граѓаните коишто живеат овде ја немаат потребната комуникација“. Додека Шилегов ја држеше прес конференцијата позади имаше камион, багер и работници. Но набргу машините и работниците исчезнаа и до ден денешен нив ги нема на локацијата каде започнаа со работите. Набргу потоа Шилегов во август најави реконструкцио на 20 ули. Дали овие машини се шетаат од улица до улица, за градоначалникот да ја промовира својата градежна офанзива и грижа за градот? Некој треба да даде отчет! Исто така некој треба да објасни дали се планира да се продолжи со пробивањето на улицата или тоа беше само маркетоншки трик на Шилегов во стилот на СДС!? Имаку познато е дека СДС уште во 1993 година вети дека ќе ја изгради пругата за Бугарија. Потоа ветија дека ќе изградат пат за Битола преку Бабуна. Се сликаа пред избори, глумеа дека градат, нешто изградија, но никогаш ништо не завршија. Дури неможат ни да го завршат патот за Охрид, кој го започна претходната власт на ВМРО ДПМНЕ. Иако има време да се заврши она што е започнато, по се изгледа дека пробивањето на улицата покрај базенот во Аеродром ќе заврши наславно, како што завршува се што започнал СДС. Затоа на овие локани избори народот треба да внимава на кого му дава мандат. Скопје заслужва градски татко кој цело време ќе се грижи за градот во кој живее речиси една третина од населението на земјата. Кандидатот на СДС не ги исполни очекувањата и сега е време наместо татко да избереме мајка на градот која ќе се грижи многу повеќе за сите свои сограѓани. Поради тоа ВМРО ДПМНЕ и ја даде довербата на Данела Арсовска која ја смета за компететна да ја извршува оваа улога. Лидерот на партијата Проф. Др. Христијан Мицковски ќе нагласи дека таа е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.
Фотографија на канал 5 – 27.07.2021 г. Фотографија снимена на ден 29.08.2021 г. |