Среда, 08 Септември 2021   
АКАДЕМИК И ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА!

1Djordji Ilievski

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ ВИШ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОР

Процесите во високото образование во нашата жална Македонија го допреа дното! Подолу од ова нема, а немало ниту во времето на социјализмот, а уште повеќе нема во ниту една европска држава. Зошто? Затоа што Државниот просветен инспекторат чека да добие претставка и да оди да изврши надзор, наместо обратно да изготви Протокол за сите законски услови кои треба да ги има еден универзитет и да провери во практика што недостасува на секој факултет одделно. Затоа што Одборот за евалуација на високото образование на чело со проф. д-р Марина Митревска преку пропуштање односно несторување овозможува да постојат толку незаконитости на денешните факултети како никогаш досега!

Да, драги граѓани, драги амбасадори (отсега секое мое писмо ќе иде преведено и доставено до релевантни амбасади!), во оваа држава изгледа во право е оној доцент од Славјанскиот универзитет кој вели: Кучињата лаат, караванот си врвит! Но, ниту еден караван не оди вечно. Како што нема доживотни Ректори, проректори, декани...Само КРАЛЕВИТЕ СЕ ДОЖИВОТНИ И ВЕЧНИ!

Но, да се вратам на насловот од денешната колумна.

На веб сајтот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на пример спротивно на Законот за високото образование може да ја видите следната информација: КАДАР СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ. Сеуште не можам да пронајдам одредба од Законот за високото образование која пропишува скратено работно време во високото образование. Овој закон е lex specialis и многу јасно определува како се станува доцент, вонреден професор, редовен професор, професор емеритус или насловен доцент, насловен вонреден професор. Дали тоа го знаат професорите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, а посебно професорот од казнената област, кој воедно е и Академик незнам. Дали, ова го гледаат инспекторите во Државниот просветен инспекторат исто така не сум сигурен. Но, тие инспектори исто така имаат поголема одговорност затоа што еден од предметите на нивниот надзор се и веб страниците на универзитетите, што тие објавуваат, дали информациите се точни или невистинити. Зошто молчите мои поранешни колеги? Знам дека знаете дека насловните професори може да се ангажирани и тоа со посебен договор, но никако со договор за скратено работно време. Знам дека знаете дека големиот академик Камбовски е пензионер и оттука, посебно е важно да испитате како е можно пензионер да биде и ангажиран со скратено работно време? И плус истиот цица од Македонската академија на науките и уметностите, од бројни комисии и од каде ли уште не. Некои министри од времето на поранешна Југославија едносавно не знаат за доста, немаат усул што се вели кај нас. Тоа покажува колку алчноста нема крај. Нели е срамота за Правниот факултет на УКИМ каде овој академик регуларно на веб сајтот е ставен во групата на пензионирани професори. Таму нема професори со скратено работно време и тоа пензионери. Оваа скандалозна информација покажува реално сомневање за акредитацијата на програмите на овој универзитет имајќи предвид дека децениски овој академик команда со Одборот за акредитација на високото образование. И од таму верувам дека добива хонорари. Нема џебе ни код .... што би рекле некои. Толку несреќно е ставено рака на високото образование, што верувам дека ќе треба многу време истите да се поправат.

Покрај академикот на листата на кадар со скратено работно време е и полицискиот службеник од СВР Тетово – Муазам Халили. Овој професор е вработен со полно работно време во МВР, што значи дека може да биде ангажиран единствено како насловен доцент, но никако со скратено работно време. Точно е пропишано во ЗВО колку проценти од наставата може да спроведува еден насловен професор. Ништо повеќе, ништо помалку. Го повикувам Државниот просветен инспекторат да изврши надзор за овие две јавно објавени незаконитости и донесе конкретно решение во управна постапка.

1vis1Еве ги пензионираните професори на Правен Факултет на УКИМ?

1ra123Ете драги мои, зошто состојбите во високото образование се дно. Ги советувам моите поранешни колеги да изготват Протокол со табела во која ќе биде опфатен секој член од ЗВО и да истражат на секој факултет во државата што му фали и превентивно да ги задолжат во еден нормален рок да ги остранат неправилностите. Репресијата не дава резултат. Посебно, каде се 10 професори на секој факултет кои што ги бара ЗВО од 2018 година. Да, од пред три години, а некој со несторување ги овозможува овие незаконитости. Со тоа се овозможува корупцијата во високото образование да биде на високо ниво. И честитки до моите колеги и нивните блиски кои дипломираа, или пак магистрираа во време кога наместо да го спроведуваат Законот за високото образование си ги злоупотребуваа овластувањата. Одговорност ќе има. Точно се знае кој и каде се унапредил во своето образование. На крајот оштетени ќе бидат универзитетите кои не сфаќаат дека инспекторите ќе мораат да понштуваат многу избори, одлуки и дипломи!

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.