|
|
Немој да се опнуваш за наплата на камата |
Вторник претлпадне, последен ден од месец август 2021-во лето господово. Седам и ја читам колунмата од почитуваниот Венко Андоновски и интригантските односи во некои случувања на личности кои само на хартија фигурираат дека се интелектуалци одлучив да напишам неколку реченици во најчитаниот дневен весник Нова Македонија. Утрото со мојата почитувана мајка бевме пред експозитурата на НЛБ Банка - Прилеп да ја подигнеме нејзината семејна пензија наследена од мојот татко кој за жал не е меѓу живите, а по вокација беше лекар ортопед, од причини што нејзината заслужена пензија каде работниот век во едноумието го помина во тогаш подрачниот сојузен секретаријат за народна одбрана како технички секретар, а потоа во времето на плурализмот исто така, како технички секретар, но сега на трудовиот инспектор. Пензијата скромна за денешни услови каде со водење на целосна контрола за трошоците за основните животни намирници и режиски трошоци може да преживееме со тие финансиски средства. Но, за жал, јас со 50 години старост и 25 години стаж како хонорарен новинар кој пишував критички текстови за сегашната актуелна власт бев избркан од ЈП кое е под капата на локалната самоуправа Прилеп. Во меѓувреме го загубив видот на левото око и морав да обезбедам час поскоро финансиски средства за лекување во странство. Во прв момент на моја голема радост до експозитурата на НЛБ Тутунска Банка прочитав продавница за пари МК Кеш и веднаш со мајка ми подигнавме 20.000 денари. Од службеничката ратите беа кажани колку ќе изнесуваат и истите треба да бидат платени во предвидениот рок. Ако задоцнам еден ден ѕвонат по телефон со закана за додатни камати - пенали. се разбира пред потпишувањето на договорот мајка ми не беше запозната за таа новина. Па така, за 25 дена доцнење на првата рата плативме од каматата (7297 денари) плус околу 1500 денари додатни трошоци. Се разбира ние не бевме запознати со тој начин на работа на финансиско друштво Мк Кеш. Службеничката која по вокација не е банкарски службеник по име и презиме Теодора Петреска го употреби зборот “немој да се опнуваш“ и ми ја наплати ратата и додатните трошоци. Во оваа прилика се прашувам какво е ова финансиско друштво што наплатува пенали за задоцната уплата на рата за земен кредит. Не се потребни финансиски друштва со ударни реклами во електронски и пишани медиуми кои нивните вработени бараат од клиентите да не опнуваат при наплата на камата за задоцнета уплата на рата од кредит. Авторот е Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |