|
|
Македонскиот народ следниот месец на локалните избори треба на оваа ненародна власт да им даде шут карта |
Свекрва
Нон пејпер за спас на СДСМ и ДУИ
Во предвечерието на локалните избори во Македонија и претседателските и парламентарните избори во Бугарија, во медиумите се појави нон пејпер за решавање на македонско бугарскиот спор. Овој документ се појавува кога актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ ја тресат скандали. Иако власта во земјата го оценува документот како аматерски предлог и балканска ујдурма, по се изгледа дека тоа е политичка игра на СДСМ за да се сврти вниманието на јавноста која по настаните во Тетово бара оставки, но и да се опипа пулсот на јавноста. Македонија е прва земја во Европа, а четврта во светот по смртност од Ковид 19. Од почетокот на пандемијата до денес починаа над 6000 македонски граѓани како последица на болеста. Истовремено, на денот на независноста на земјата, во пожар во модуларната болница во Тетово во кој се лечеа болните од Ковид 19, загинаа 14 лица. Поради неспособност и очигледното присуство на висока корупција во власта, јавноста се погласно бара пред се од морални причини оставки на министерот за здраство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Протестите во Тетово, во кои граѓаните се судрија со полицијата, покажуваат колку е сериозна ситуацијата. Но, наместо оставки, во јавноста се појави нон пејпер за решавање на македонско бугарскиот спор. Очогледно власта сака пред локалните избори со овој документ да го сврти вниманието на јавноста од проблемите, но и да се испита пулсот на народот, пред оваа власт да го изврши последното предавство. Истовремено со овој чин власта како да сака да ја купи од меѓународната заедница својата безбедност, бидејќи во секоја нормална земја таа не само што треба да си даде оставка, туку поединци треба и кривично да одговараат. Инаку, меѓународната заедница сака што побргу да се затвори спорот меѓу Македонија и Бугарија. Нив не им е важно што чуствуваат Македонците, па затоа од осамостојувањето до денес можат да се видат секакви предлози спротивни на македонските национални интереси. Отука доаѓа и послениот предлог кој содржи неколку точки. Меѓудругото во овој нон пејпер стои дека Македонците кои сметаат на посебноста на македонскиот народ да ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на заедничката историја, потоа предлог Бугарите да влезат во Уставот, како и дуален аспект за дефинирање на национален контекст и значење за двата национални идентитети и дуален систем во образованието со двојно објаснување на контекстот на историските настани, вклучувајчи го македонскиот и бугарскиот наратив. Властите во Македонија и Бугарија тврдат дека не учествувале во подготовките на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Меѓутоа историјата покажува дека овој неофицијален дикумент кој не обврзува, откако ќе ја тестира јавноста, може да биде почетна точка за изработка на друг сличен и кој може набрзо да биде изгласан од актуелната власт. Прашање е на кого ваков нон пејпер му одговара? На македонскиот народ ваквиот документ не му одговара, но му одговара на меѓународната заедница која сака мирољубиво да ја затвори југословенската криза. Во решевањето на Босанското и Косовското прашање, Македонија треба да послужи како монета за поткусурување. Но, овој документ сигурно е прифатлив и за самите македонски власти кои сакаат да се додворат на меѓународната заедница и да побараат заштита за да не одговараат дома заради распродажба на националните интереси. Еден ваков нон пејпер треба да биде спас на СДСМ и ДУИ, за да останат на власт. Но, овие трговци на души веќе немаат морално право да ја водат државата. Македонскиот народ следниот месец на локалните избори треба на оваа ненародна власт да им даде шут карта. |