Среда, 29 Септември 2021   
СИГУРНА ПОБЕДА НА ОРТОПЕДОТ ЈОВЧЕСКИ

1 rubin jovanoski

Се приближува тајмингот за локалните избори кои треба да се одржат за три недели, поточно на 17 октомври. Од понеделникот започна и изборната кампања.

Според содржините на јавното мислење во градот под Марковите Кули води опозициониот кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, ортопедот Борче Јовчески пред кандидатот од редовите на зајчето, Горан Сугарески.

Опозиционата партија веднаш без двоумење го надидира ортопедот Јовчески кој со својот пријатен пристап кон своите сограѓани има големи шанси да победи на изборните соочувања со позициониот кандидат Горан Сугарески.

Тој е неискомпромитирана личност и голем стручњак во својата бранша и баран од пациентите од неговиот роден град и населените места околу градот под Марковите Кули, да влезе во операционата сала и со своите вешти раце да направи успешен оперативен зафат на горните и долните екстремитети.

Се случувало за време на дежурставата да прегледува до раните утрински часови.

Со еден збор кажано тој е победнички кандидат на ВМРО ДПМНЕ во градот под Марковите Кули.

Јовчески во својот со спортски жаргон кажано тим, односно советничката листа на 4-та позиција го има неговиот колега Кире Јоноски кој во денешни услови со дефицитарен ортопедско - трауматолошки кадар во градот херој Прилеп по силата на нештата е началник на истото одделение каде катадневно е во операционата сала.

Па така, Јовчески и Јоноски и другите вмровски советници во прилепскиот совет ќе претставуваат алфа и омега во донесувањето на одлуки од сите сфери на општествениот живот во градот под Марковите Кули.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ во позицискиот СДСМ-ски табор до последен момент се кршеја копјата кој да биде противник на доктор Борче Јовчески.

Градоначалникот во заминување повторно ортопед Илија Јованоски по секоја цена инсистираше да ја проба шансата по втор пат да биде татко на градот херој Прилеп.

Против кандидат  му беше личноста која веднаш ги загуби шансите со скандалознот бегање на затвореник од прилепскиот затвор каде истиот моментално ја извршува директорската функција.

Па так, борбата остана да се води помеѓу Илија Јованоски и Горан Сугарески.

За Јованоски имам пишувано во неколку мои колумни и сега се одлучив да не пишувам за него од почит кон мојот упокоен татко, по вокација исто така, ортопед примариус Д-р Видое Јованоски од кого градоначалникот во заминување Јованоски научи многу од него во ортопедско трауматолошката бранша.

Аболицираниот лидер Зоран Заев алијас Бошко Буха мораше по секоја цена да го оствари ветеното, а тоа е Сугарески да биде противкандидат на ортопедот Јованоски.

Портфолиото на Сугарески е поранешен пратеник во законодавниот дом, поранешен министер за транспорт и врски и актуелно директор во оставка на царинската управа на Република Македонија.

Па се разбира дека дечкото Суггарески сака да си ја проба шанста за татко на градот Прилеп, од проста причина што не сака да се врати на старото место кое сега е во мирување а тоа е комунален испектор во Прилепската самоуправа.

Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски, новинар и довчерашен одбојкарски судија  од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.