Среда, 29 Септември 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 138

1martin1

КОГА МЕЧКАТА ИГРА ВО СОСЕДНИОТ ДВОР

1. Kон крајот на деведесетите години од минатиот век бев именуван за генерален конзул на РМ во Торонто, Канада. Бројни беа активностите со огромната македонска заедници во седуммилионскиот Торонто, но и во Хамилтон, Виндзор и речиси без исклучок во секое населено место во провинцијата Онтарио каде имаше Македонци со свои цркви и етнички културни и спортски здруженија. Се разбира, многубројни беа и средбите со нашите луѓе (бизнисмени, печалбари, понекој културен работник...) од поделена Македонија кои од разни причини се одлучиле животот да го продолжат зад големата бара, далеку од родната грутка. 

   Еден ден ми се јави млад бизнисмен и замоли за средба  во Генералниот конзулат на РМ сместен на раскрсницата на авениите "Јанг" и "Еглинтон" во поширокото централно подрачје на мегаполисот Торонто. Се разбира дека прифатив и го поканив да повели во конзулатот следниот ден. "А може ли да дојде со мене еден мој колега - бизнисмен", запраша нашинецот. "Се разбира, нека повели", енергично одговорив.

   Утредента во договореното време се појавија двајцата бизнисмени, костумосани како што доликува и нашинецот ги претстави своите планови за евентуални инвестиции во татковината на неговите родители и се интересираше за условите што ги нуди Македонија за привлекување странски инвестиции.

   По размената на информации меѓу нас двајцата, го прашав придружникот од каде е и со што се бави. "Од Авганистан сум и добив политички азил во Канадa", одговори тој. "A имаш ли роднини-фамилија таму", повторно прашав. "Па сите ми се таму - татко, мајка, браќата...сите! Сам сум овде во Канада", рече Авганистанецот и додаде:" Се слушаме речиси секој ден - преку сателитски телефон".

   Разговорот со гостинот постануваше сепоинтересен бидејки семејството на гостинот, како што рече, живеело во провинцијата Кандахар, на југот од земјата, каде се воделе најжестоките борби помеѓу Талибанците и трупите на НАТО. Но соговорникот рече и нешто што навистина длабоко ме замисли, па дури и ме запрепасти. Според него, еднаш неделно огромен американски транспортен авион слетувал на импровизирана писта во таа област каде се задржувал два часа, нешто растоварал, па потоа нешто друго товарел и спокојно - без вознемирување на "домаќините" (талибанците), полетувал во непознат правец.

   Често пати се навраќав на оваа средба и се прашував: Што би можел да носи и растовара американски транспортен авион во зона на најжестоките борби во провинцијата Кандахар? Чоколади, пијалоци, лубриканти...? Не верувам. А пак што би можел да товари и транспортира во правец од каде што дошол, беше исто така дилемата што ме мачеше. Единствен логичен одговор на двете дилеми ми се наметнуваше беше дека се растоварале вреќи со кеш, а за возврат си товарал хашиш од висококвалитетниот опиум чие производство по интервенцијата на НАТО во Авганистан во  2001 се зголемил повеќекратно, во однос на производството пред интервенцијата на Алијансата.

   Впрочем, вакви операции имало многу и во минатото. Некако магловито ми се навраќаат сеќавањата на операцијата "Иран-Контра" што ја раководеше пред неколку децении потполковникот Оливер Норт од "воената соба" во Белата куќа кога се тргуваше илегално со дрога, а од профитот се набавуваше оружје за контрашите на тогашната власт во Никарагва.

   Навистина чудни совпаѓања, или невидлива пракса во меѓународните односи!?

2. Една народна мудрост вели: "Кога мечката игра во дворот на соседот, варди се таа да не прејде во твојот двор"! Оваа мудрост е особено актуелна деновиве кога на нашата северна граница со Косово врие. Србија допреми огромни количини на војска и воена техника и опрема, а со борбени авиони и хеликоптери ја надлетуваат некогашна јужна покраина. Претседателот Вучиќ од друга страна го предупреди ген-секот на НАТО Јенс Столтенберг доколку бидат загрозени Србите на северот на Косово, а НАТО (КФОР) не ги заштити, дека со војска на Србија ќе навлезе за тие самите да ги заштитат.

    Сегашнава криза не може да не остави нас рамнодушни бидејките (според погоре цитираната народна мудрост), кризата може многу лесно да се прелее кај нас. Впрочем, тоа еднаш веќе го искусивме кога под притисокот на Милошевиќ на македонска територија преминаа над 350.000 Косовари кои ги угостивме(!?), најповеќе на наша сопствена сметка, неколку месеци.

   Повод за најновиот излив на непријателства е незадоволството на Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на старите регистарски таблички за автомобили, со нови - со назнака "Република Косово"!

   И додека граничните премини меѓу двата соседа ги чуваат специјалните сили на косовската полиција, претседателот Александар Вучиќ му укажал на Столтенберг дека Србија апсолутно со ниту еден потег не го прекршила Бриселскиот договор или Резолуцијата 1244, ниту пак на каков било начин го загрозила зачувувањето на мирот и ја оптужува меѓународната заедница дека за новонастанатата криза упорно молчи!

   Каков ќе биде расплетот од новонастанатата криза меѓу двата наши соседа кои се на работ на нова војна засега е неизвесно, но загрижува фактот дека македонските безбедносни структури (војската и полицијата) како пет пари да не даваат за тоа што се случува на северот и ниту се подготвени да реагираат за мечката да не заигра и во нашиот двор, што вообичаено се случува со наплив на бегалци во соседство, во потрага за спас од страшилото на војната. Чудно, навистина чудно!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.